МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Кадарот на триото Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре постапката за криминал вреден 167 милиони евраКадрите на СДС и ДУИ во македонскиот правосуден систем, бирани во штабовите на Бихаќка и Мала Речица, во акција за спас на криминалците од нивните редови.Ислам Абази, шеф на ОЈО ГОКК, донесе скандалозна наредба за запирање на истрагата во предметот за набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, вреден 167 милиони евра. Кадарот на Венко Филипче и Зоран Заев, комшија на Али Ахмети од Зајас си ја одработува добиената функција и ги брани од одговорност криминалците од СДС и ДУИ за милионскиот криминал со кој, освен што се богатеа на сметка на државата, ги труеа и граѓаните. По насока на триото Филипче, Заев и Ахмети, Абази ја запре постапката во која, меѓу другите, главни осомничени беа и членот на СДС и бегалец од правдата Васко Ковачевски, синот на пратеник од ДУИ, Асмир Јахоски и Ратко Капушевски. Кога обвинителството на Абази вели дека не нашло докази за противправно постапување, зарем им треба поголем доказ и посилна индиција за сторен криминал од бегството од правдата на осомничениот Васко Ковачевски? Ковачевски од Македонија побегна кон крајот на 2024 година и оттогаш е недостапен за органите на прогонот и тоа наместо да биде дополнителен мотив и индиција обвинителството да го води овој случај, за обвинителот Абази тоа стана решение да го затвори случајот. Кога се работи за спонзорите и поддржувачите на Абази, нема истрага, нема случај, нема обвинети, нема обвинет, за нив не може да се најдат докази иако целата јавност го виде овој скандалозен случај за перење пари, криминал, загадување на животната средина и труење на граѓаните. Потсетуваме дека Антикорупциската комисија утврди дека на фирмата РКМ и биле платени повеќе пари за помалку доставен мазут, дури 18 илјади тони помалку мазут е скапо наплатен. Парите отишле во нечии џебови, а мазутот не стигнал до институциите. Кога вака постапува судството со 2% доверба од граѓаните, логички се поставува прашањето, дали дел од тие пари отишле кај менторите на Ислам Абази кои го поставија на челната позиција во обвинителството? Приказните кои ги раскажуваат од обвинителството дека нема штета од овој случај и дека во рамките на енергетската криза ваквите постапки биле законски исклучок, не држат вода. Зошто ниедна енергетска криза не оправдува анекси кои менуваат услови во корист на ист добавувач и плаќање за недоставени количини мазут. Јавноста очекува одговори, зошто Ислам Абази одлучи да ја запре оваа постапка сега кога Ковачевски е во бегство, дали некој воопшто побарал сведочењето на сите засегнати страни, врз основа на чија процена е стопирана и дали таа е правна или лукративни? Со вакви одлуки на штитење на криминалот наместо негово гонење и сузбивање, не е ни чудно што довербата на граѓаните во правосудството е само 2%. Со ваквите постапки и одлуки не се согласуваат ниту граѓаните ниту ВМРО-ДПМНЕ и затоа го повикуваме Абази, веднаш да поднесе оставка и да остави простор за професионалците во правосудството, кои поради таквите обвинители како него, не можат да дојдат до израз во правосудството, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизБен Афлек ги обожава сите свои поранешни партнерки, но не престанува да зборува за овие двеМегапопуларниот актер Бен Афлек, иако официјално е разведен, сè уште го привлекува вниманието на јавноста поради своите поранешни партнерки и пријателскиот однос што го одржува со Џенифер Лопез и Џенифер Гарнер. Афлек игра главна улога во филмот „Animals“, кој воедно и го режираше за „Нетфликс“, па деновиве е на голема промотивна турнеја. Во интервју за „Варајети“ (Variety), тој беше прашан што мисли за актерскиот талент на Џенифер Лопез. Тој беше продуцент на нејзиниот филм од 2025 година, „Kiss of the Spider Woman“, за кој многумина сметаа дека таа заслужила номинација за „Оскар“. Истото мислење преовладуваше и по нејзината улога во филмот „Hustlers“, пренесува „Hola“. Џенифер не доби номинација за ниту еден од тие филмови, а кога го прашаа зошто смета дека нејзиниот талент често се занемарува, Бен призна дека е „пристрасен“. „Имам голема почит и ценење за она што таа го прави. Она што го имам забележано кога станува збор за наградите е дека комерцијалниот успех на некое остварување не секогаш се совпаѓа со мојот вкус“, рече тој. Претходно во истото интервју, тој ја спомна не само Лопез, туку и својата прва поранешна сопруга, Џенифер Гарнер, па така нивните имиња ретко се спомнуваа заедно во истиот разговор. Кога го прашаа за ѕвездите, нивната моќ за градење бренд, како и за секторот за содржини и рекламирање на неговата компанија „Artists Equity“, Бен ги пофали двете поранешни сопруги. „Уметниците треба да заработуваат пари. Ова е особено очигледно во музичката индустрија. Од луѓето се очекува, било премолчено или сосема отворено, да заработуваат пари и на други начини“, рече актерот. „Денес имате и свој идентитет на социјалните мрежи. Работите на негово градење. Гледав како Џенифер Лопез и Џенифер Гарнер брилијантно го развиваат своето присуство во тие простори и создаваат вредност“, рече тој и призна дека не верувал оти и самиот некогаш би можел да го направи истото.Тагови: Бен Афлек Џенифер Гарнер Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook