ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ги истражи наводите за мафијашките притисоци, уцени и злоупотребата на системот од Филипче и Заев - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ги истражи наводите за мафијашките притисоци, уцени и злоупотребата на системот од Филипче и Заев

ЈО да ги истражи наводите за мафијашките притисоци, уцени и злоупотребата на системот од Филипче и Заев за остварување на клановските цели.

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ги истражи наводите за мафијашките притисоци, уцени и злоупотребата на системот од Филипче и Заев

Нема пора во општеството каде што СДС под менторство на Зоран Заев и Венко Филипче со мафијашки методи не владееле.

Кризните ситуации и состојби во државата ги претворале во можност и шанса за нивно богатење, наместо да работат за да им помогнат и олеснат на граѓаните.

Така и во ек на вонредна состојба за време на ковид пандемијата, Филипче и Заев наместо да се грижат за здравјето на граѓаните, политичката моќ ја користеле за да ја преземат приватната болница Жан Митрев.

Ова го потврди самиот др. Жан Митрев, кој во своето јавно сведоштво ја разоткри вистината за начинот на кој со притисоци, уцени и злоупотребата институциите Заев и Филипче ја водеа државата за свои лични интереси.

Тандемот Филипче-Заев сакале сами да ја одредат вредноста на болницата, а за возврат нуделе „помош“ во судска постапка на докторот Жан Митрев, што е класична уцена и злоупотреба на власта.

Овие обвинувања за кланот Заеви и чуварот на фотелјата на СДС, се надоврзуваат на долгата низа сомнежи за злоупотреби на системот за бенефиции и придобивки, како и афери поврзани со Заев и Филипче, златни визи, имот и бизниси во Дубаи, фирми во странство и сомнителни финансиски трансакции и што ли уште не.

Ова не е политика наменета за граѓаните и државата, туку е мафијашки модел на дејствување за лични клановски придобивки.

И денес Филипче се обидува да се претстави како ново лице на политичката сцена, но всушност е човек обременет со своето минато кој само седи на партиското столче на Заев и ги спроведува истите политики, со истите луѓе, истите шеми и истата злоупотреба.

Оттука се поставува едноставно прашање, на кое и Филипче и СДС треба да дадат јасен одговор. Дали човек со ваков сериозен багаж на скандали, сомнежи и тврдења за злоупотреба на власта може да има кредибилитет да води партија?

Но, наместо одговорност и повлекување, сведоци сме на уште поголема ароганција и молк од Филипче, затоа сега правдата е таа која треба да зборува.

Јавното обвинителство веднаш да постапи и да ги истражи сите наводи за мафијашките притисоци, уцени и користењето државата и институциите од страна на Филипче и Заев за приватни, односно, за остварување на клановските цели.

Не треба да има недопирливи, законот треба да важи подеднакво за сите, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски: Што ќе добијат пациентите со дигиталното здравство - податоците го следат пациентот

Што ќе добијат пациентите со дигиталното здравство - податоците го следат пациентот, а пациентот одлучува кој ги гледа.

Клековски: Што ќе добијат пациентите со дигиталното здравство - податоците го следат пациентот

Во организација на Министерството за здравство денес во Свечената сала на Владата беше претставена Стратегијата за дигитално здравство 2026–2030 на лекари, пациентски организации, комори, институции и ИТ експерти. Во центарот на стратегијата е пациентот. Целта е до 2030 година секој граѓанин да има пристап до своите здравствени податоци, а секој лекар да ја има целосната информација во моментот кога го лекува пациентот.

Денес пациентот ја носи својата историја од шалтер до шалтер. Наодот од приватната лабораторија, снимката направена во друга болница и терапијата препишана надвор од упатниот ланец често не се пред лекарот кога тој одлучува. Анализата на која се заснова стратегијата го опишува системот како „функционално оперативен, но структурно фрагментиран“. „Мој термин“, Фондот и регистрите на Институтот за јавно здравје работат, но не разменуваат податоци меѓу себе, истакна министерот за здравство, Сашо Клековски.

Што ќе значи тоа за пациентите и кои се бенефитите:

Податоците го следат пациентот. Податоците ќе одат со пациентот од матичниот лекар до специјалистот, болницата, лабораторијата и аптеката. Пациентот нема да ја раскажува историјата одново, а истите анализи нема да се прават двапати.

Своето досие на интернет. Преку надградениот портал „Мое здравје“ граѓаните ќе имаат пристап до своето здравствено досие, покрај термините и е-рецептите што се достапни денес. Потоа ќе следат и консултации на далечина.

Пациентот одлучува за своите податоци. Здравствените податоци се сметаат за дел од личноста. Секој ќе може да види кој ги отворил неговите податоци, да побара исправка на грешка, да овласти претставник и да даде или повлече согласност. Овие права ќе бидат уредени со закон.

Еднаков пристап за сите. Телемедицината ќе добие правна основа, а хроничните пациенти ќе можат да се следат на далечина, особено во руралните средини без редовен пристап до специјалист. Услугите ќе бидат прилагодени за лица со попреченост, а за постарите лица и за граѓаните што не користат дигитални услуги ќе останат достапни и класичните канали.

Превенција навреме. Благовремените податоци за опфатот со скрининзи и за ризиците ќе овозможат болестите да се откриваат порано, а превенцијата да се насочи таму каде што е најпотребна.

„Стандардите и системите ги правиме ние. Разликата ја чувствува пациентот — или не ја чувствува. Тоа е мерката“, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. „Ова не е проект за нови компјутери. Сакаме системите што веќе ги имаме да почнат да работат заедно, за пациентот и за лекарот.“

Стратегијата содржи 5 приоритети, 38 мерки и 152 активности. Во 2026–2027 година се поставуваат основите: законите, институциите и стандардите. Главната имплементација, вклучувајќи го „Мое здравје“, е предвидена за 2028–2029 година. Стратегијата е усогласена со Европскиот простор за здравствени податоци, што ќе им овозможи на граѓаните по пристапувањето во ЕУ нивните податоци да бидат достапни и кога се лекуваат во друга држава-членка.

Стратегијата е изработена во рамки на проектот „Надградба на системот за е-здравство“, финансиран од Европската Унија преку ИПА III. Проектот го спроведуваат консултантските компании Гномон и АСЕЕ. Коментарите од денешната консултација ќе бидат вградени во ревидираната верзија, која ќе биде доставена до Владата на усвојување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

66 годишен кумановец почина на Клиниката за инфективни болести во Скопје од западнонилска треска

На Клиниката за инфективни болести во Скопје почина 66- годишен од западнонилска треска, објави директорот Фадил Цана. 

66 годишен кумановец почина на Клиниката за инфективни болести во Скопје од западнонилска треска

Пациентот бил со коморбидитети, односно имал и други болести. Директорот Цана изјави дека 66-годишниот пациент бил 28 дена хоспитализиран на оваа клиника и бил со потешка клиничка слика.

Цана информираше дека досега биле хоспитализирани 66 пациенти, сега во моментов 11 се на Инфективна, од кои едно лице е во потешка состојба. Последен прием на лице со западнонилска треска на Инфективна е од 19 септември, односно овој викенд.

Последниот е деветти смртен случај на западнонилска треска во државава, а сите починати досега се мажи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Мексиканец осомничен за напад врз полицаец во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против мексикански државјанин поради сомнение дека сторил кривично дело – кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

ЈО: Мексиканец осомничен за напад врз полицаец во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против мексикански државјанин поради сомнение дека сторил кривично дело – кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 1 од Кривичниот законик.

На 19 септември, за време на манифестацијата „Октобер Фест – звуците на културата“, во паркот „Ѓорче Петров“, осомничениот телесно повредил полициски службеник кој се обидел да го легитимира. Го удрил полицаецот со лименка пиво во главата, а потоа повторно физички го нападнал и го удирал по рацете кога полицаецот сакал да го приведе.

Имајќи предвид дека се работи за лице без пријавен престој во државава, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од бегство и до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за 31-годишниот осомничен, соопштија од Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер