ВМРО-ДПМНЕ: Ја поздравуваме одлуката за определување на притвор на Асмир Јахоски, Пуцко Петрол - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Ја поздравуваме одлуката за определување на притвор на Асмир Јахоски, Пуцко Петрол

ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на Кривичниот суд за определување на притвор на Асмир Јахоски, Пуцко Петрол. Ова е победа на правдата.

ВМРО-ДПМНЕ:  Ја поздравуваме одлуката за определување на притвор на Асмир Јахоски, Пуцко Петрол

Само со одлуката за ставање во притвор на Јахоски е единствено исправна и очекувана за криминалот од 160 милиони евра, криминална шема во која еден од обвинетите е во бегство.

Само со исправни одлуки ќе го победиме системот кој мора да го смениме.

Оваа одлука немаше да се случи без народот жеден за правда.

П.С Порака до целата политичко бизнис бандитска исповрзана мрежа:

Заедно со народот жеден за правда ќе ве победиме сите вас кои ја злоупотребувавте државата, сите вас кои ја доведовте Македонија до ова дереџе. Правда ќе има. Ред ќе има. Македонија ќе победи, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Наоми Кембел застана зад ди-џеј пулт и ја отвори ски сезоната на Јахорина во БиХ

Познатата британска манекенка и модна икона Наоми Кембел настапи како диџеј на Јахорина во саботата навечер, отворајќи ја новата зимска туристичка сезона. 

Наоми Кембел застана зад ди-џеј пулт и ја отвори ски сезоната на Јахорина во БиХ

Нејзиниот сет беше централниот настан на отворањето на скијачкиот турнир.

Пристигнување и прес-конференција

Кембел слета на аеродромот во Сараево попладнето, по што се упати кон Јахорина, каде што се одржа прес-конференција пред настапот. Претседателот на Надзорниот одбор на Олимпискиот центар Јахорина, Недељко Елек, во таа пригода рече дека нејзиното пристигнување е голема чест и потврда дека Јахорина станала светска дестинација. Тој на шега додаде дека со неа пристигнал и снег на планината.

Елек, исто така, му подари на познатиот гостин посебен подарок - традиционална рачно изработена облека од регионот Сараево-Романија, која во минатото ја носеле жените од таа област. Кембел истакна дека тоа е нејзин прв пат на Јахорина и им се заблагодари за топлото добредојде.

„Многу сум среќна што сум тука. Ви посакувам на сите одличен почеток на скијачката сезона. Големо задоволство ми е и со нетрпение очекувам да ви пуштам музика вечерва. Се надевам дека сите ќе танцувате“, рече таа.

Музички сет и нова кариера

Таа застана на диџејската маса по настапот на Никола Роквиќ, кој ја отвори вечерта. За време на нејзиниот настап, публиката го слушна репертоарот што таа вообичаено го изведува, а листата на песни вклучуваше, меѓу другите, „Remembering“, „63 Mean Street“, „Empty Trainload of Sky“, „Naturally“, „Poncho Leftie“, „The Cottage“, „Tuesday's News“, „Your House“, како и преработка на класиката „Knockin' on Heaven's Door“.

Иако стекна светска слава на модните писти како дел од генерацијата супермодели што ја одбележаа историјата на модата, Кемпбел во последните години гради и музичка кариера. По години свирење музика приватно за пријатели, таа го имаше своето јавно деби како диџеј во март 2025 година со поддршка и менторство на диџејот Чарлс Принс. Оттогаш, таа редовно настапува на ексклузивни настани и модни недели во Дубаи, Париз, Минхен, Азербејџан и Милано.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем украински напад на Русија- биле соборени над 1.000 дронови, тврди Москва

Повеќе од десетина руски региони, вклучувајќи ја и Москва, беа цел на украински беспилотни летала во уште еден напад во текот на ноќта.

Голем украински напад на Русија- биле соборени над 1.000 дронови, тврди Москва

Русија денеска објави дека нејзините сили собориле повеќе од илјада авиони, пишува Euronews.

Новиот напад се случи само еден ден откако Русија објави дека уништила повеќе од 1.200 украински беспилотни летала. Стотици авиони во последниот бран го таргетираа московскиот регион, додека украинските сили нападнаа и десетина други области.

Двете земји ги засилија воздушните напади во последните месеци, бидејќи војната влегува во својата петта година.

Извештај од Москва

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека повеќе од 500 беспилотни летала летале во пошироката област на главниот град.

„Повеќето од нив беа неутрализирани од силите за противвоздушна одбрана на Министерството за одбрана на далечните пристапи. Вкупно 105 беспилотни летала беа уништени на самиот пристап кон Москва“, напиша Собјанин на државната платформа Max.

Иако редовно се спроведуваат размени на затвореници, дипломатските напори за завршување на најтешкиот европски конфликт од Втората светска војна сè уште не доведоа до конкретен договор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Владата подготвува студентска картичка со 20% попуст, студентите ќе можат да ја користат во текот на целата година

За Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, младите и понатаму остануваат приоритет. 

ВМРО-ДПМНЕ: Владата подготвува студентска картичка со 20% попуст, студентите ќе можат да ја користат во текот на целата година

Покрај можностите за вработување и самовработување преку Оперативниот план, реконструкција на студентски домови, младински додатоци и решавање на дигиталната нееднаквост, овој пат ВМРО-ДПМНЕ со нови можности за студентите.

Во соработка меѓу повеќе институции, Министерството за образование и наука, Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат, Кабинетот на претседателот на Владата и Министерството за финансии, се подготвува студентска картичка со 20% попуст преку апликацијата М-услуги, која студентите ќе можат да ја користат во текот на целата година.

Паралелно, Министерството за социјална политика, демографија и млади работи на развој на посебна апликација и дигитална картичка.

Паралелно со оваа иницијатива, Министерството за социјална политика, демографија и млади работи на развој на посебна апликација и дигитална картичка, со цел проширување на можностите за младите и унапредување на дигиталните услуги наменети за нив.

ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки продолжува да создава можности и подобри услови за студентите, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер