ВМРО-ДПМНЕ избра нов портпарол и нови претседатели на општински комитети - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ избра нов портпарол и нови претседатели на општински комитети

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница донесе повеќе кадровски решенија, со кои се назначија нови претседатели на општинските комитети на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ избра нов портпарол и нови претседатели на општински комитети

„Дел се нови лица кои ќе внесат свежина во местата од каде што доаѓаат, а другиот дел се актуелни и докажани претседатели кои донесоа големи победи на изминатите изборни циклуси, но и големи позитивни промени во локалните самоуправи“,се вели во партиското соопштение.

Меѓу назначените се Тони Јаревски за Карпош, Иван Живковски за општински комитет Кисела Вода, Дејан Митески за Аеродром, Сергеј Попов за Центар, Дарко Костовски за Бутел, Бојан Стојаноски за Ѓорче Петров, и други.

Со овие кадровски решенија, како што се додава во партиското соопштение, се зајакнува партиската структура и се гради иднината на државата на локално и централно ниво.На истата седница за нов портпарол на партијата е избран Валентин Манасиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зидан се поблиску до клупата на Франција

Светската фудбалска легенда, Зинедин Зидан ќе го преземе кормилото на француската репрезентација од Дидие Дешан. 

Зидан се поблиску до клупата на Франција

За ова веќе неколку месеци се шпекулира и зборува во спортските медиуми ширум светот.

По слабото издание и пораз на триколорите во мундијалското полуфинале против Шпанија, се поблиску е денот од се приближуваме кога, и формално, легендарниот ас ќе седне на клупата на Франција.

Познатиот италијански фудбалски инсајдер Фабрицио Романо вели дека Зидан ќе ја преземе тренерската функција со потпишување на договорот овој месец и ќе го замени својот поранешен соиграч од славните денови, Дешан.

- Зинедин Зидан ќе биде новиот селектор на Франција, за тоа немаше сомнеж уште од ноември, кога беше донесена јасна одлука. Зидан веќе го состави својот стручен штаб, а официјалното потпишување на документите ќе следи овој месец. Тој ќе ја предводи Франција во Лигата на нации, на Европското првенство во 2028 година и на Светското првенство во 2030 година - вели Романо.

Со Зидан како играч започна ерата на доминација на француската репрезентација.

Тимот беше светски првак во 1998 година, две години подоцна и европски првак, а „триколорите“, со Зидан во составот, играа и во финалето во 2006 година, во славниот дуел против Италија.

Од 1998 година наваму, Франција четири пати играла во финалето на Светското првенство.

Во меѓувреме, популарниот Зизу се докажа и на клупско ниво за време на годините на доминација со Реал, со кој освои речиси сè што може да се освои, и тоа во повеќе наврати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Канада е одговорна за пожарите кои им нанесуваат штета на САД, ќе им наплатиме преку царини

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ја сметаат Канада за одговорна за пожарите што ги загадуваат американските градови и најави дека по тој повод ќе го повика канадскиот премиер Марк Карни.

Трамп: Канада е одговорна за пожарите кои им нанесуваат штета на САД, ќе им наплатиме преку царини

Тој исто така додаде дека „трошоците од тоа загадување без одложување мора да бидат вклучени во царините“ кои Канада моментално ги плаќа во трговијата со САД.

„Ја сметаме Канада за одговорна за неадекватно одржување на нејзините шуми и грмушки, поради што загадениот и нездрав воздух, чиј квалитет е опасен и целосно неприфатлив, струи во сад без никаква потреба!“, напиша Трамп на социјалната мрежа трут соушл.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рекорден награден фонд: Колку ќе заработи светскиот фудбалски шампион

Колку ќе заработи шампионот на 23 -тотоСветското првенство во Северна Америка?

Рекорден награден фонд: Колку ќе заработи светскиот фудбалски шампион

Наградниот фонд на ФИФА за 2026 година е без преседан во историјата на турнирот.

Оној што ќе го крене трофејот на стадионот „Метлајф“ на 19 јули во Њи Џерси, не само што ќе ја освои најголемата награда во фудбалот, туку и ќе ја обезбеди најголемата поединечна исплата во историјата на Светското првенство.

Наградниот фонд на ФИФА за 2026 година е без преседан во историјата на турнирот, што е директна последица на проширувањето на 48 екипи и на рекордни 104 натпревари, како и на приходите од преноси и спонзорства што произлегуваат од тоа.

За колкава сума станува збор и како се распределуваат средствата, пишува „Спортинг њуз“ (Sporting News).

Шампионот ќе добие 50 милиони долари само врз основа на наградите за постигнатиот успех. Во оваа сума не се вклучени другите приходи, па така вкупната исплата за шампионот надминува 60 милиони долари, пред да се земат предвид евентуалните дополнителни бонуси што би можел да ги исплати нивниот сојуз.

Тие 50 милиони долари претставуваат 8 милиони долари повеќе од сумата што ја заработи Аргентина со освојувањето на титулата во Катар во 2022 година.

За ова Светско првенство, ФИФА ќе распредели вкупен награден фонд од 871 милион долари – во споредба со 440 милиони долари на турнирот во 2022 година – што претставува зголемување од приближно 65%.

На секоја од 48-те квалификувани екипи ѝ е загарантиран минимален износ од 12,5 милиони долари, без оглед на резултатите; овој износ се состои од 10 милиони долари како надомест за квалификување и 2,5 милиони долари наменети за подготовки. Покрај тоа, сите дополнителни приходи целосно зависат од тоа колку далеку ќе стигне екипата на турнирот.

Тимовите елиминирани во групната фаза заработуваат приближно 9 милиони долари врз основа на постигнатите резултати, покрај загарантираните средства.

Пласманот во фазата со 32 екипи носи 12 милиони долари за тимовите што ќе бидат елиминирани во таа фаза.

Пласманот во осминафиналето носи околу 14 милиони долари, четвртфиналето околу 19–20 милиони, четвртото место носи околу 28 милиони, а третото место приближно 30 милиони долари.

Вицешампионот заработува 33–34 милиони долари, додека шампионот освојува 50 милиони долари, со што се наоѓа на врвот на листата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер