МакедонијаВМРО-ДПМНЕ и СДСМ анализираат колку пратеници би добиле ако утре се одржат парламентарни избориПо поразот во првиот круг во кои добија три градоначалнички места, опозициската СДСМ ја продолжува изборната битка во уште 17 општини во вториот круг од локалните. Од партијата повикуваат на масовна излезност на гласачките места на 2-ри ноември и ја бараат поддршката и гласовите од кандидатите кои отпаднаа во првиот круг. Меѓу општините во кои СДСМ ќе се бори за градоначалничко место плус се Центар, Аеродорм, Крушево, Лозово, Росоман. Од СДСМ и покрај освоениот резултат, сметаат дека докажале оти на овие избори понудиле одлични и чесни кандидати, кои освоиле над 155 илјади гласови во неделата. - СДСМ ги повикува сите граѓани кои гласаа за другите кандидати што не влегоа во вториот круг, да дадат поддршка на нашите кандидати. Тоа се луѓе кои ќе работат во интерес на сите граѓани, кои им служат пред сè на граѓаните, нивните интереси и барања. Нашите кандидати имаат реални програми и план за реализација на ветеното, наспроти кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ кои докажано не реализираат ништо од ветеното, се наведува во прартиското соопштение на СДСМ. Од ВМРО-ДПМНЕ пак и денеска оценуваат дека тие се апсолутни победници во првиот круг со освоени 33 општини, но и пресметки дека согласно ваквите резултати доколку утре би се одржале парламентарни избори партијата би освоила две пратенички места повеќе од сегашните. „ВМРО-ДПМНЕ како апсолутен победник на локалните избори со освоени 33 општини во првиот круг и водство во 19, плус градот Скопје би освоило над 60 пратеника доколку утре има парламентарни избори, додека пак СДС и Филипче би биле трета партија во некои изборни единици. ВМРО-ДПМНЕ во однос на минатите локални избори има скок од 12.000 гласа, додека пак СДС е во дебел минус од 111.000 гласа“ - Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ, пак, со поинаква пресметка. Спроед нивните математики изборните резултати од првиот круг од локалните јасно покажувале дека доколку утре би се избирал нов парламентарен состав тие би освоиле најмалку 21 пратеник, а ВМРО-ДПМНЕ 52 пратеници. Обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ манипулира со бројките и дека попусто се обидувале да го сокријат падот од над 140 илајди гласови на овие избори. Тагови: ВМРО - ДПМНЕ СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЕвропаПрогласена е вонредна состојба: Над 8.000 мигранти пристигнаа на шпански островСоветот на шпанскиот остров Ел Иеро соопшти дека прогласил вонредна состојба за справување со миграциската криза, откако повеќе од 8.000 мигранти пристигнале на островот во Канарскиот архипелаг во последните пет недели.Со декретот се бара и од владата на Канарските Острови и од шпанската држава да обезбедат дополнителен персонал и да спроведат систем на ротација за да им овозможат на членовите на Поморската служба за спасување, Здравствената служба на Канарските Острови, Државните безбедносни сили и Црвениот крст да бидат соодветно одморени, објави RTVE. Претседателот на островскиот совет, Кабилдо, Алпидио Армас, рече дека вонредната состојба е прогласена за да „гарантира рамка за соработка со институциите за обезбедување на основните права“ и за пристап до буџетските ресурси потребни „за справување со овие непредвидени ситуации“. Армас рече дека практично сите мигранти на островот доаѓаат од Сенегал. Претседателот на Канарските Острови, Фернандо Клавихо, рече дека шпанскиот премиер Педро Санчез се обврзал итно да свика Комисија за имиграција и да ги зајакне ресурсите за здравствена заштита преку Државниот секретаријат за миграција. Декларацијата, исто така, предвидува воспоставување протоколи за координиран трансфер на мигранти на други острови со поголем капацитет и зајакнување на објектите за првичен прием на мигранти на островот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: 130 години постоење на храмот ,,Свети Великомаченик Димитриј”, благодарам на честа!Вчеравечер беше одбележана 130 годишнината од постоењето на црквата Свети Великомаченик Димитриј во Скопје. „Вечерва одбележуваме 130 години од изградбата на некогашниот Соборен храм. Дом на верата во кој скопјани наоѓале утеха во тешките мигови, благодареле за радоста и се молеле за здравјето и мирот на своите најблиски. Свето место што ја чува православната традиција и сведочи за духовната истрајност на нашиот народ. Признанието кое вечерва го примив, како благодарност за помошта во реконструкцијата на придружните објекти на храмот, има посебно место во моето срце. Ќе стои на почесно место на мојата полица, како едно од најдрагите признанија и како потсетник на обврската да го чуваме она што ни го оставиле нашите предци. За мене, да се помогне е чест, но и одговорност пред генерациите што допрва ќе го пречекорат прагот на овој храм. Им благодарам од срце на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на отец Жарко и на свештенството на Македонската православна црква, за укажаната чест и за нивната посветеност во зачувувањето на верата, духовноста и заедништвото меѓу нашиот народ. Нека уште многу векови овој храм биде полн со верници, со детски гласови и со искрени молитви. Нека неговите камбани повикуваат на мир, љубов и добрина, а секој што ќе влезе во него нека пронајде утеха, надеж и сила. Нека ни е вековит храмот „Свети великомаченик Димитриј“! За многу години!“, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„На кавга со Иван“ - Слаѓана ТасеваУтре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана ТасеваКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28