МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче со едното око намигнува на Европа, а со другото на блиските проруски соработници Онишченко, Дака, Борче МарковскиДвојните стандарди на СДС и Филипче и контрадикторности во политичкото дејствување на СДС и Филипче не можат да се покријат со декларативни заложби за европска иднина.Дека СДС и Филипче немаат план, стратегија и визија ниту за сопствената партија, ниту за државата, а единствена цел им е Филипче да ја зачува фотелјата на Бихачка, говори и фактот дека од една страна СДС се продава како европска опција, а од друга страна соработува со луѓе кои имаат проруска ориентација. СДС на чело со Венко Филипче очајно се обидува да се претстават како проевропска опција додека нивните дела, постапки и изјави постојано ја доведуваат во прашање таа определба. СДС на чело со Филипче само декларативно се залага за Европа додека шири лаги, конструкции и свесно погрешно интерпретира ставови од европски претставници како случајот со Томас Вајц обидувајќи се да креира хаос, недоверба и да шири паника. СДС е партија на криминал и криминалци во своите редови и додека се продаваат како европска опција најблиски соработници им се Онишченко, Борче Марковски, Миодраг Дивидовиќ Дака и останати проруски бизнисмени. Реториката на Филипче се коси со европските вредности особено кога нивните ставови се во спротивност со пораките и позициите на европските институции и претставници, па веднаш се демантирани. Филипче нема кредибилитет, тој само слепо го следи неговиот ментор Заев со кој е поврзан и преку бизнис шеми со лица кои имаат проруски интереси. Релациите на Филипче и СДС со лица кои имаат проруски интереси ги доведуваат во прашање вистинските приоритети на СДС и насоката каде се движи партијата. Граѓаните заслужуваат јасна, доследна и кредибилна европска политика основана на јасни резултати, а не политички пораки на СДС кои се менуваат во зависност од личните интереси на Филипче и кланот Заеви. Само со реформи, конзистентност и владеење на правото и правната држава се гради доверба и реален напредок кон Европската Унија, СДС и Филипче тоа не го нудат. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп изјави дека во американски напад е убиен лидерот на нарко-картелот „Трен де Арагва“Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во напад на САД е убиен лидерот на транснационалната криминална група „Трен де Арагва“.„По моја наредба, јужната команда на САД изврши брз и смртоносен напад за успешно елиминирање на Нињо Гереро, озлогласениот лидер на ’Трен де Арагва‘, една од најкрволочните терористички организации на планетата земја“, соопшти Трамп во објава на својата платформа Truth social, која содржеше и видео на кое наводно е прикажан нападот. Трамп додаде дека „оваа акција беше координирана во блиска соработка со нашите пријатели во Венецуела, со кои работиме многу добро“. Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоговор САД–Иран на повидок, но тензиите не стивнуваат15:00Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37Пожар и панична евакуација на станарите, изгореле електрични кабли пред зграда во Кисела Вода 15:00Пожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02
Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
БалканБрисел ѝ се заканува на Бугарија со санкцииЕвропската комисија ќе предложи покренување постапка за прекумерен дефицит против Бугарија откако ќе се утврди дека земјата не ги исполнува фискалните критериуми на Европската Унија, потврди европскиот комесар за економија, Валдис Домбровскис.Зборувајќи по состанокот на советот за економски и финансиски прашања во Луксембург, Домбровскис изјави дека комисијата ја проценила буџетската состојба на неколку земји-членки и заклучила дека Бугарија не ги исполнува пропишаните барања во врска со буџетскиот дефицит. Според правилата на ЕУ, постапката за прекумерен дефицит може да се покрене кога буџетскиот дефицит на државата надминува три проценти од бруто домашниот производ, додека јавниот долг надминува 60 проценти. Како дел од постапката, на земјата ѝ се дава рок за спроведување мерки што би го вратиле дефицитот во дозволените граници. доколку државата не ги почитува препораките, може да се воведат финансиски санкции.Тагови: Брисел Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈакимовски ќе бара одложување на затворската казна од здравствени причини Осуден за поставување на времен објект кој како што рече служел 13 години, тој се уште ја нема дабиено пресудата, и затоа не може да поднесе жалба до Врховниот суд.Јакимовски реагира дека ова е прв случај во кој е донесена одлука за ефективна затворска казна за дивоградба, а особено нагласува дека овде станува збор за времен објект кој како што напоменува е граден по стандардите пропишани за времени објекти, и 13 години им служел на граѓаните на Карпош. Поранешниот градоначалникт ја нарече одлуката на судот „политичка“ и тврдеше дека е донесена за да не се кандидира за градоначалник на општината на новите избори кои ги прогнозира тој откако Сотир Лукровски замина на боледување. Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на Гром, Стевче Јакимовски на втори јули треба да се јави во затворот во Шуто Оризари на отслужување на затворската казна. Ова следува откако Апелација му ја потврди едногодишната затворска казна за делото бесправно градење поврзано со општинската зграда. Во казната, како што појаснуваат од судот, му е пресметано и времето поминато во куќен притвор во периодот од 10 ти март до 15ти август 2019 година – што значи дека Јакимовски ќе треба да одлежи затворска казна од уште 7 месеци. Според Законот за извршување на санкции, упатниот акт на Јакимовски треба да му се достави лично. Тој потоа има право на жалба до кривичниот совет, но жалбата не го одложува извршувањето на решението. Покрај потврдата на едногодишната затворска казна, Апелација уважи една од жалбите на Јакимовски, и тоа во делот што се однесува на обивнението за злоупотреба на службената положба и овластување и во тој дел предметот се враќа на повторно судење. Како што посочија пред два дена од судот во однос на ова кривично дело, со оглед дека истото е сторено во период од 2011 година до 2017 – та година, предвидената казна е од три до пет години, па согласно одредбите за застарување истото би застарело во 2027 – ма година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДоговор САД–Иран на повидок, но тензиите не стивнуваат15:00Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37Пожар и панична евакуација на станарите, изгореле електрични кабли пред зграда во Кисела Вода 15:00Пожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02
Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37