МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче слепо го следи Заев и неговите интересиНе нуди решенија и напредок, туку СДС избира блокади и конфронтации и ги кочи клучните закони поврзани со европската агенда.Венко Филипче додека глуми патриот и формален лидер на СДС, Зоран Заев ја контролира СДС и е главниот газда, а доказ за тоа е појавувањето на роденденот на партијата. СДС на чело со Венко Филипче нема стратегија и план за делување како во сопствената партија, така и со државата. Филипче делува исклучиво по насоки и инструкции од Зоран Заев и за негови лични интереси и цели. СДС на чело со Филипче е без визија, нема визија за внатрепартиско консолидирање, ниту за управување со важни државни процеси и делување како конструктивна опозиција. Тоа се гледа и со делувањето во Собранието каде раководството на СДС, под влијание на Заев, ги кочи клучните закони поврзани со европската агенда. Раководството на СДС избрано од Заев ги кочи законите поврзани со ЕУ агендата само поради една цел, а тоа е да течат бизнисите на кланот Заеви. Филипче негодува со закони и законски измени, како оној за укинување на техничка влада, поставува услови за измените на законот со кој пратениците мора да имаат само македонско и слично. Ова се само мал дел на реформски закони иницирани од владејачкото мнозинство и Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Наместо конструктивност и поддршка на реформите, СДС и Филипче избира блокада како средство за политички притисок, со што директно се загрозуваат интеграциските процеси на државата. Венко Филипче е исплашен и нервозен политичар, кој секојдневно се демантира сам себеси во зависност од насоките на Заев. Филипче е без план и до толку исплашен што се обидува да уценува, да дава ултиматуми и да повлекува незрели политички потези, доколку работите не се како што тој сака. Начинот на поставување на ултиматуми е незрел политички потег и штетен за демократските процеси на државата. Сè додека Филипче слепо го следи Заев и неговите интереси покажува само дека не нуди решенија и напредок, туку СДС избира блокади и конфронтации. Сè додека Филипче продолжува да делува во сенката на Заев и да применува вакви методи, СДС ќе се соочува со уште подлабок пад, а штетата ќе ја чувствуваат граѓаните и државата. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСловенија доби нова влада, по четврти пат Јанша е премиер Словенечкиот парламент на вонредна седница го потврди министерскиот тим на премиерот Јанез Јанша, со што ја избра новата словенечка влада.Дебатата, која започна во 9 часот наутро, требаше да трае осум часа. Сепак, на самиот почеток на седницата се случи пресврт: движењето Свобода побара претседателот на Парламентот Зоран Стевановиќ да се извини, што тој го одби. После тоа, седницата беше накратко прекината, објавува 24ur.com. Од присутните 79 пратеници, 49 гласаа „за“, а 30 „против“, објавува Дело. Новиот владин тим, предложен од лидерот на Словенечката демократска партија (СДС) Јанез Јанша, вклучува 15 министри. Меѓу коалициските партнери, најмногу министерски позиции, седум, доби СДС, четири Нова Словенија (НСи), три Демократите, една Фокус, додека Словенечката народна партија (СЛС) остана без својот министерски кандидат. На првата седница на владата се очекуваат и првите потези на новата извршна власт. Судејќи според практиката од претходните години, може да се очекува дека на седницата ќе се случат и одредени кадровски промени, на пример на позицијата директор на Словенечката разузнавачка и безбедносна агенција (СОВА), на владината служба за комуникации, а можеби и на директорот на полицијата. Се очекува Јанез Стушек да се врати на чело на СОВА, додека Себастјан Јеретич ќе ја преземе владината комуникација. Според медиумските извештаи, Дамир Иванчиќ се споменува како наследник на Дамјан Петрич на врвот на полицијата.Тагови: Јанез Јанша Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДКСК отвори предмет за ревизорските наоди за злоупотреби на државни пари во ИЈЗ Државната комисија за спречување на корупцијата по сопствена иницијатива отвори предмет во врска со наодите содржани во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, а кои се однесуваат на Институтот за јавно здравје.Државната комисија за спречување на корупцијата денес, на колегиум, постапувајќи согласно своите надлежности утврдени со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, по сопствена иницијатива отвори предмет во врска со наодите содржани во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, а кои се однесуваат на Институтот за јавно здравје. Предметот е отворен поради потребата од проверка на наводите изнесени во јавноста и медиумите, како и согледување на евентуални ризици од корупција, судир на интереси, злоупотреба на службена положба или други неправилности во работењето, во рамките на надлежностите на ДКСК. ДКСК ќе ги преземе сите потребни дејствија за прибирање и анализа на релевантната документација и информации од надлежните институции, со цел утврдување на фактичката состојба. За понатамошниот тек на постапувањето, јавноста ќе биде навремено информирана. Државна комисија за спречување на корупцијатаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРазбиена шема за нелегално посвојување - мајка го продала бебето за 500 евра, кривична за шест лица15:00Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20
Разбиена шема за нелегално посвојување - мајка го продала бебето за 500 евра, кривична за шест лица15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
АвтомобилизамМалото градско Рено чини 4.900 евра- електричното Твизи го собира секаде(ФОТО)Гужвите, скапото гориво и вечната потрага по паркинг ги тераат многу возачи да размислуваат за алтернативи на класичните автомобили.Ако барате возило кое е направено за градско возење, тешко ќе најдете нешто помало и попрактично од Renault Twizy. Овој електричен двосед привлекува внимание со својот необичен изглед, но неговата најголема предност е во секојдневната употреба. Поради своите компактни димензии, може да се паркира речиси насекаде, дури и на места каде што повеќето автомобили би имале потешкотии да најдат простор. Идеален за град и пократки растојанија Рено Твизи достигнува максимална брзина од 85 км/ч, што го прави погоден не само за градско возење, туку и за пократки приградски рути. Може да помине до 70 километри со едно полнење, а батеријата е заменета пред три години. Полнењето е едноставно и не бара посебна инфраструктура. Батеријата може да се полни за приближно два и пол часа со помош на домашен Schuko приклучок, а може да се полни и на градски станици за полнење од тип 2. Опремен за секојдневно возење Копијата што се продава е правилно сервисирана и е во многу добра состојба. Опремена е со греење на седиштето и шофершајбната, дополнителни зимски стакла за дожд и Bluetooth звучници. Со почетна цена од 4.900 евра, нуди сè што ви е потребно за практично и економично возење во град. Возилото доаѓа и со дополнително купени зимски стакла за дожд, како и Bluetooth звучници. Twizy има и мал простор за багаж, а дополнителното задно седиште овозможува превоз на уште едно лице. Голема предност - бесплатен паркинг Една од најголемите предности на ова електрично возило е ниската цена на користење. Благодарение на категоријата мопед, можно е бесплатно да се паркира во градот, што може да донесе значителни заштеди за возачите кои го користат автомобилот секој ден. Додадете на тоа минимални трошоци за електрична енергија и лесно паркирање, и јасно е зошто Twizy е интересен избор за оние кои го поминуваат поголемиот дел од времето во урбани средини.Тагови: Рено Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook