ВМРО - ДПМНЕ: Филипче наместо Клинички центар изгради полигон за семејни тендери, корупција... - Канал 5

ВМРО - ДПМНЕ: Филипче наместо Клинички центар изгради полигон за семејни тендери, корупција...

Филипче во улогата како министер за здравство под СДС, ја покажа неспособноста на една власт да ја разбере суштината на јавниот интерес и креираше модел на нефукционалност и системско игнорирање на реалните потреби на граѓаните. 

ВМРО - ДПМНЕ: Филипче наместо Клинички центар изгради полигон за семејни тендери, корупција...

Филипче ги третираше здравствените установи како амбиент погоден за распределба на милионски тендери.

Кога граѓаните очекуваа модернизација на здравството и подобрување на услугите во болниците, од Филипче добија тишина и свесно одбегнување на суштински реформи. Додека пациентите чекаа терапии, избрани поединци го третираа здравството како лична каса.

Најшокантиот и најболен случај, позади чие име стои Филипче, беше скандалот со Клиниката за онкологија. Онкологија е место каде пациентите секојдневно се соочуваат со животна борба, а одредени поединци под чадорот на СДС, ја искористија таа ранливост за да си обезбедат финансиски профит. Ампули од тогаш најновото фармацевстко достигнување завршуваа во приватни џебови, па на црн пазар.

Надоврзан на ова е скандалот со медицинската опрема која стоеше во магацините. Веќе набавена и платена медицинска опрема, која беше обезбедна од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ со месеци стоеше во магацините, поради неспособноста на СДС. Ова е уште една карактеристика на СДС, неспособноста да функционира синхронизирано, односно систем кој ја изгуби секоја морална и професионална вертикала.

Филипче водеше агенда на `привилегирани, блиски и свои`, како што е случајот со Ирина Пановска, која истиот тој ја стави директорка на Клиниката за хематологија и и го отвори патот за јавните тендери кон приватна фирма во сопственост на нејзиниот татко, ,,Д-р Пановски“. Само уште еден од многуте докази, дека Филипче и СДС ги претвараа државните институции во алатки за семејно богатење, односно организиран семеен тендер-механизам. А додека ,,Д-р Пановски“ добиваше милионски зделки, граѓаните беа оставени без термин и без терапија.

Филипче, за време на ковид-пандемијата, уште повеќе ја покажа својата неспособност и Македонија ја смести меѓу земјите со највисока стапка на смртност, а имаше и сериозно доцнење во процесот на вакцинација. Наместо да направи координирана стратегија, Филипче ги примора граѓаните да бараат алтернативи надвор од границите, затоа што тој ги остави без избор.

Наместо да биде транспарентен во време на здравствена криза, Филипче се подготвуваше да набави вакцини преку фирма за трговија со банани, по цена двојно повисока од светскиот просек тогаш, односно 62 долари, додека другите држави ги купуваа по најмногу 30 долари.

Фирмата ,,Старби“, регистрирана како фирма за трговија со банани, а формирана само три месеци откако Филипче стана министер. Набавката на 200.000 вакцини преку оваа фирма, значи дека би биле платени дополнителни 6 милиони долари. Филипче не понуди никаков одговор или објаснување за тоа како се одвивала ова наменско преливање на јавни средства и каде би завршиле тие 6 милиони долари.

Најироничното од сите ветувања на Филипче беше токму Клинчкиот центар, проект кој тој го најавуваше, иако неговите изјави не се надполнуваа со конкретни чекори, за да на крај сепак заврши како уште едно во низата нереализирани ветувања на СДС. Филипче наследи веќе изработен проект од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, во вредност од 128 милиони евра, кој исто така ги содржеше сите основни параметри и требаше да биде готов до 2021 година, тој одлучи да започне нов проект со нереално висока вредност од 500 милиони евра.

Клиничкиот центар се уште не постои. Не само што не е изградена ниту една градежна фаза, туку проектот не постои ниту како конкретен план. Овој неуспех на СДС не може да се објасни само со неспособноста на министерот, туку и со сериозен недостиг на волја и интегритет за да се доврши проектот кој е од особена важност за македонското здравство.

Филипче и СДС ќе останат запаметени како влада која не успеа да ги исполни своите предизборни ветувања, и која го обесмисли јавниот систем, а Филипче како министер кој наместо реформи остави трауми. Наместо да се насочи кон модернизација на болниците, набавка на опрема, унапредување на здравствените услуги и создавање на пристапни и ефикасни третмани, Филипче и неговата власт се фокусираа на краткорочни, финансиски мотивирани цели. Граѓаните ја изгубија довербата во СДС и Филипче и им дадоа црвен печат за нивната неспособност.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни дела веќе ја потврди својата посветеност на реализација на ветувањата, започнувајќи со покачувањето на платите на здравствените работници, кои претставуваат клучен столб на здравствениот систем.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со конкретна визија ќе го реализира проектот за новиот Клинички центар, и ќе им обезбеди на граѓаните современо и функционално здравство.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ким Кардашијан има пет дадилки за своите четири деца: „Една е секогаш на должност“

Ким Кардашијан, 45-годишната основачка на брендот „SKIMS“, во ново интервју откри детали за тоа како го организира животот со четирите деца што ги има со поранешниот сопруг, Канје Вест. 

Ким Кардашијан има пет дадилки за своите четири деца: „Една е секогаш на должност“

Заедно ги имаат ќерките Норт (13) и Чикаго (8) и синовите Сејнт (10) и Псалм (7), при што Кардашијан е нивниот примарен старател.

Кардашијан за „Тајмс“ откри дека има помош околу грижата за децата, ангажирајќи пет дадилки кои се менуваат. Таа објасни дека „една е секогаш на должност“, додека „останатите четири се менуваат во смени“.

Таа секој ден ги вози на училиште

И покрај тоа што има помош, Кардашијан вели дека е активно вклучена во секојдневниот живот на своите деца. Таа лично ги вози на училиште и ги зема оттаму секој ден, а секоја вечер заедно вечераат. „Мислам дека сум умерено строга мајка. Многу сум трпелива и им давам многу љубов. Децата сè уште можат да спијат во мојот кревет кога и да посакаат, а јас им читам секоја вечер пред спиење“, рече таа.

Таа се грижи за јавното експонирање на децата

Во интервјуто, таа се осврна и на прашањето за јавното експонирање на нејзините деца – особено на најстарата ќерка, Норт, која е популарна на „TikTok“ и сè повеќе се занимава со музика. Кардашијан призна дека се грижи за учеството на децата во семејното реално шоу „The Kardashians“. „Секое дете учествува онолку колку што се чувствува пријатно. Помалите деца се појавуваат додека снимам, но немаат некои големи улоги во серијата. Норт ужива во тоа малку повеќе од другите, па морам малку да ја ограничувам“, објасни таа. Таа додаде дека Норт е најмногу заинтересирана за проекти кои нудат јавно експонирање, поради што нејзините родители се обидуваат внимателно да ги избираат можностите што таа ги прифаќа, наместо да се согласуваат на сè што ѝ се нуди.

Кога станува збор за музиката, Кардашијан вели дека подобро комуницира со Канје Вест на таа тема. Тие се погрижуваат да бидат усогласени и се осигуруваат дека Норт учествува само во проекти што и двајцата ги одобриле.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во Франција: Се затвораат до 500 средни училишта, 24 се запалени или вандализирани

Училиштата се затвораат кога не се исполнети безбедносните услови – било поради оштетување на имотот или поради тоа што вработените биле директно загрозени.

Хаос во Франција: Се затвораат до 500 средни училишта, 24 се запалени или вандализирани

Францускиот министер за образование, Жан-Мишел Бланке, денес соопшти дека утре целосно или делумно ќе бидат затворени меѓу 400 и 500 средни училишта во Франција поради последиците од насилните студентски протести, додека најмалку 24 училишни објекти биле запалени или вандализирани.

„Наставата беше прекината во меѓу 400 и 500 образовни установи во петокот, а веројатно сличен број ќе бидат затворени и во понеделник, иако со делумно и постепено продолжување на наставата“, изјави Бланке, пренесува весникот „Ле Фигаро“.

Францускиот министер наведе дека 78 вработени во образовниот систем се повредени откако започнаа протестите.

Според него, училиштата се затвораат кога не се исполнети безбедносните услови – било поради оштетување на имотот или поради тоа што вработените биле директно загрозени.

Бланке рече дека одредени припадници на крајната левица се приклучиле на протестите, обвинувајќи ги дека го злоупотребиле студентското движење и прибегнале кон насилство.

„Ова претставува ризик и за нашиот персонал и за учениците. Повредени се 78 вработени во образованието – нешто што досега не сме го виделе. Тие беа намерно нападнати бидејќи работат во образованието“, изјави министерот.

Протести низ Франција

Протестите и блокадите на средните училишта започнаа на 17 септември во регионот на Париз, а потоа се проширија низ целата земја. Ситуацијата, како што забележува францускиот весник, ескалираше во четвртокот во неколку француски градови.

Петокот беше одбележан со тензии и повеќе од 1.700 приведени лица, со што вкупниот број на приведени од почетокот на неделата достигна околу 5.000.

Организаторите повикаа протестите да продолжат и во вторник, наведувајќи дека не добиле „конкретни мерки“ од властите.

Учениците што учествуваат во протестите, меѓу другото, бараат повеќе персонал и зголемени средства за образованието, а истовремено се жалат на притисокот од системот за упис на универзитетите, недостигот на наставници-заменици, лошата состојба на училишните згради и преоптоварените распореди на часовите.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пукање во близина на границата меѓу Норвешка и Шведска: Убиени татко и син

Татко и син загинаа, а трет маж беше тешко ранет во пукање во близина на Халден, во југоисточна Норвешка. Осомничениот, маж на возраст од околу 30 години, бил совладан од присутните на местото на настанот пред да пристигне полицијата.

Пукање во близина на границата меѓу Норвешка и Шведска: Убиени татко и син

Жртвите биле маж во седумдесеттите години и неговиот син, кој бил во четириесеттите години. Сите тројца биле дел од ловечка група собрана на имот во близина на езерото Ершеен, недалеку од шведската граница.

Напаѓачот совладан пред пристигнувањето на полицијата

Според норвешките медиуми, осомничениот не бил дел од ловечката група.

По пукањето, луѓето присутни на имотот успеале да го совладаат и да го задржат до доаѓањето на полицијата. Полицијата верува дека тој дејствувал сам и соопшти дека нема опасност за јавноста.

Според досегашните информации, во нападот била употребена ловечка пушка. Норвешките медиуми исто така известуваат дека осомничениот поседувал дозвола за две парчиња огнено оружје.

Адвокат: Тој ја признал кривичната одговорност

Адвокатот на осомничениот, Оле Ричард Холм-Олсен, изјави дека неговиот клиент ја признал кривичната одговорност за двете убиства и за ранувањето на третото лице.

Според адвокатот, осомничениот писмено ја признал кривичната одговорност и се согласил на притвор, но во моментов не сака да даде изјава пред полицијата.

Мотивот сè уште непознат

Полицијата сè уште истражува зошто осомничениот отворил оган и каква поврзаност имал со луѓето на имотот. Истражителите се сомневаат дека тој ја познавал групата или некои од нејзините членови, но според досега објавените информации, тој не бил во роднинска врска со загинатите или со ранетиот маж.

По пукањето, полицијата ја пребарала околината и блиските објекти за да провери дали има други напаѓачи или жртви. Не биле пронајдени други жртви ниту дополнителни напаѓачи.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер