ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја составил техничката спецификација за модуларната без соодветен елаборат - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја составил техничката спецификација за модуларната без соодветен елаборат

Филипче ја составил техничката спецификација без соодветен елаборат за електрична енергија - каде завршиле средствата од Светска банка и зошто не се почитувале безбедносните стандарди?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ја составил техничката спецификација за модуларната без соодветен елаборат

Сведоштвата на поранешната обвинителка Кадриу ја отвораат вистината за модуларната болница во Тетово.

Според Кадриу, сериозни наводи укажуваат на низа пропусти при изградбата на модуларната болница во Тетово.

Филипче ја составил техничката спецификација без да има елаборат за електрична енергија и без целосно почитување на безбедносните стандарди, со што била загрозена безбедноста на пациентите и персоналот, а причинско-последичната врска за настанување на пожарот е токму поради лошо инсталирана електрична енергија.

Дополнително, проектот за изградба на модуларните болници бил финансиран со средства обезбедени преку Светска банка. Според Кадриу, модуларните болници кои Филипче ги изградил чинеле околу 300.000 евра, а за оваа намена биле обезбедени 30 милиони евра.

Каде завршиле останатите пари?

Зошто Филипче ја составил техничката спецификација без соодветен елаборат за електрична енергија?

Зошто не се почитувале безбедносните стандарди?

Што би покажало градежното вештачење доколку, по барање на поранешната обвинителка Кадриу, било извршено тогаш?

Потребна е темелна истрага и целосно расчистување на сите сомнежи поврзани со овој случај.

Одговорност мора да има за пропустите што резултираа со 14 жртви.

Законите мора подеднакво да важат за сите.

Време е правдата да излезе од фиока, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Франција, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум којшто годинава се одржува под наслов „Здружување на силите за она што е најважно“.

Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум

Сиљановска-Давкова ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, а ќе биде дел и од свечената вечера, којашто во чест на шефовите на држави и влади, ќе ја приреди претседателот Емануел Макрон.

Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 14 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До сабота времето ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела поради продор на постудена воздушна маса од север ќе има заладување и стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 10. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за вторник, 10. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 10. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некој би можел да ви понуди љубовна размена или соработка што ветува. Се ќе изгледа премногу деловно.

Кариера

Ќе договарате работи без проблеми , а другите ќе ви помагаат. Во сите работи до израз ќе дојде вашиот шарм.

Здравје и совет

Соработувајте со другите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашите лични односи добро се развиваат , а денеска во нив настојувате да внесете повеќе фантазија и флексибилност.

Кариера

Ќе успеете да ги вклучите новите соработници во работата , но финансиите ќе ви задаваат грижи.Повторно мислите дека може повеќе и подобро.

Здравје и совет

Не може ништо да ве одмине.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Во вториот дел од денот ќе се чувствувате многу среќни и исполнети . Оние кои уште се сами , нека ја следат својата интуиција.

Кариера

Пред вас се нови големи задачи на кои вреди да им се посветите со целосно внимание.Денеска ќе ги анализирате.

Здравје и совет

Се чувствувате одлично.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Некои ќе се откажат од добра забава или излегување без оглед на обврските што ги иамте. саканата личност ќе ве следи.

Кариера

Веќе не сте сигурни колку се очекува од вас, па ќе ја дозирате својата работа или ќе ги проверувате работните задачи.

Здравје и совет

Не се измачувајте со ситни работи.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни можности , па потрудете се да бидете меѓу луѓе или со саканата личност.

Кариера

Ќе дојде до мала преодна проверка , што ќе ви одземе време , а се друго е под контрола.

Здравје и совет

Работите ви одат се подобро и подобро.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Можно е излегување во поголемо друштво. Оние кои се уште сами , нека не зборуваат премногу , туку да ги остават другите тоа да го прават.

Кариера

Се што денеска ќе работите од зас ќе бара поголем праг на толеранција и поголема способност за соработка.

Здравје и совет

Мали нервози и грижи.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Среќата во личниот живот ќе ја барате меѓу повлеченоста и отвореноста кон другите. На моменти ќе бидете сами , а на моменти среде толпа.

Кариера

Оние кои истражувале , денеска ќе дојдат до големо откритие. Тоа ќе биде вистински златен рудник.

Здравје и совет

Добро влијание на алтернативните терапии.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Оние кои се уште сами денеска ги имаат сите шанси за да воспостават близок контакт со личност со која работат или која ја познаваат преку работата.

Кариера

Ќе ви биде пријатно и убаво на работното место и покрај тоа што ќе ви биде напорно.

Здравје и совет

Денеска ќе ви биде полесно.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Пред вас е исклучително добар ден во кој ќе може да си ги остварите љубовните сништа. Затоа отворете се и уживајте.

Кариера

што и да работите , денеска ќе ви биде уживање. работите ќе се одвиваат подобро и полесно отколку што сте се надевале.

Здравје и совет

Полни сте со позитивна енергија што ја ширите околу себе.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Чувствителноста на саканата личност дфенеска ќе ви создава дополнителни фрустрации. Обидете се да бидете трпеливи и нежни.

Кариера

Многумина ќе се насмеат на можноста за некаква соработка , зашто ќе им изгледа дека не е реална.Сепак , размислете.

Здравје и совет

Побарајте хумористични содржини.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Веројатно ќе бидете обземени од сентименталност , со која тешко ќе излезете на крај. Малку има во љубовта што денеска би можело да ве задоволи.

Кариера

Вашето знаење и стручноста се неприкосновени , па ќе ви се чини дека не ви обрнуваатдоволно внимание и дека заслужувате повеќе.

Здравје и совет

Настинка и главоболка.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе се обидете да споите неврзано излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со старите познаници или старите навики.

Кариера

Една пријатна порака ќе ви го осветли денот и малку ќе ве оддалечи од секојдневнието. Сепак , набргу ќе мора да се вратите на работата.

Здравје и совет

Чувствителност на синусите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер