Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче го демантира Венко, пред 1 година славеше со Заев за францускиот предлог сега предлага „црвени линии“Филипче го демантира Венко, пред 1 година славеше со Заев за францускиот предлог сега предлага „црвени линии“ за власт и спас на фотелјата во СДС .Филипче го демантира Венко, по стапките на неговиот ментор како што Зоран го демантираше Заев. Политичката недоследност и дволичност на Филипче оди до таму што предлага „црвени линии“ за заштита од францускиот предлог за кој пред една година самиот го прогласи за дипломатска победа. Самиот Филипче на 1 октомври 2024 година на прес конференција изјави дека францускиот предлог е победа и голем успех на нашата дипломатија, за денес само после 1 година да предлага наводно патриотски црвени линии против предлогот којшто го славеше. Кога лаже Венко? Кога славеше со Заев и тврдеше дека францускиот предлог е дипломатска победа или лаже денес кога нуди предлог резолуција со црвени линии која е всушност во интерес на источниот сосед? Што се смени во меѓувреме, освен интересите на Филипче и неговиот ментор Заев? Филипче и СДС не се водени од државниот интерес туку од политички калкулации, личен бенефит и обид да се задржи Филипче на врвот на СДС. Предлог резолуцијата со црвени линии на Филипче не е ништо друго освен дополнително поттчинување на Македонија со цел СДС да се испазари за да дојде на власт со надеж дека источниот сосед или некој од меѓународната заедница ќе им помогне. И обид во најмала рака Филипче да ја задржи фотелјата во СДС. Филипче ќе направи се, само да дојде на власт, а со предлогот со црвени линии, дополнително би ја потчинил Република Македонија на ист начин како што тоа го направи Бујар Османи со францускиот предлог и анексите коишто ги прифати во корист на соседна Софија. Граѓаните ја препознаваат шемата на СДС, шемата на Заев и Филипче со патриотизмот. Граѓаните знаат дека СДС во коалиција со ДУИ ја уназадија Македонија и ги подриваа позициите на земјата. Затоа наместо Филипче да нуди предлог резолуции со црвени линии, по катастрофалниот пораз на овие избори нека спреми предлог за сериозни реформи во СДС. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи Филипче да го заврши предавството што го започнаа Заев и Бујар Османи. ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на своите принципи, Македонија никогаш повеќе нема да биде понижена и уценувана. Затоа време е да се направи Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина! Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим БајрамиДенеска продолжува рочиштето за предметот „Државна Лотарија“. Меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, како и уште шест лица.Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања при набавка на видеолотариски терминали. Според обвинението, со незаконско постапување на државната компанија ѝ била нанесена штета од околу 596 милиони денари, односно 9,7 милиони евра. Сите обвинети досега се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.Бајрами на судењето се појави откако претходно беше во бегство, а притворот му беше заменет со гаранција во недвижен имот вредна над 1,1 милион евра. На Груби кој исто така беше во бегство пред судењето, му беше укинат домашниот притвор, но останува без пасош и со други мерки на претпазливост.Тагови: Државна лотарија Артан Груби Основен кривичен суд Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСо изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.Тагови: Основен суд Кочани Пулс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
МакедонијаСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавкиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки.Спорната одредба се однесуваше на мандатите на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.Со предложените измени се овозможуваше нивно повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати. Досегашното законско решение предвидуваше мандат од пет години, со право на уште еден избор.Тоа значи дека членовите можеа да ја извршуваат функцијата најмногу десет години. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за прогласување на законот токму поради оваа одредба.Таа оцени дека новата формулација е правно непрецизна и остава простор за неограничен број реизбори.Амандманот за бришење на членот го поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачкото мнозинство образложија дека со ова се прифаќаатзабелешките на претседателката. Од СДСМ реагираа дека и тие претходно предложиле исто решение.Опозицијата побара законот да биде повлечен и да се организира јавна расправа за новите измени.За законските измени беа поднесени вкупно 2.158 амандмани.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook