МакедонијаВМРО - ДПМНЕ: Филипче е пиунот на Заев, заедно профитираа од КОВИД кризата додека луѓето умирааФилипче под покровителство на Заев, сакаше да стори криминал на грбот на граѓаните, со фирмата Стабри.Филипче кој е синоним за криминал и корупција, сакаше да се офајди преку набавка на вакцини за КОВИД, чиј тендер, граѓаните ќе ги чинеше 6 милиони долари поскапо. Кога сите држави плаќаа до 30 долари за вакцина, нашиот тогашен министер за здравство Филипче, со фантом фирмата Стабри сакаше да наплати по 62 долари за вакцина. Фирмата Стабри инаку, била регистрирана за тргување на јужни овошја. Истата фирма била формирана само 3 месеци откако СДС доаѓа на власт. Филипче треба да одговори, дали 6 милиони долари сакал да ги подели со Заев и дали фирмата Стабри има поврзаност со СДС? Доказ за тоа дека на Филипче здравството и не му беше голем приоритет е тоа дека бил спремен да наплати големи провизии на грбот на граѓаните, за да му удоволи на неговиот ментор Заев. Филипче ја сака власта за да договара тендери во четири очи. ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи тоа. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: Венко Филипче ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФилибек: Европската перспектива е јасна, потребна е политичка волја од властаФилибек укажа на фактот дека европската перспектива на Македонија и Западен Балкан е јасна, но дека за нејзина реализација е неопходна политичка волја од актуелната власт.Европската перспектива е јасна, потребна е политичка волја од власта, порача генералниот секретар на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), Џакомо Филибек, во рамки на меѓународната конференција на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Корчуланската висока политичка школа, на која беше промовирана „Скопската иницијатива“. Филибек укажа на фактот дека европската перспектива на Македонија и Западен Балкан е јасна, но дека за нејзина реализација е неопходна политичка волја од актуелната власт. „Тука сум и со една јасна порака во однос на заморот што се чувствува во јавната дебата за интеграцијата на земјата во Европската Унија. Тој замор е последица на недостигот од политичка волја и решителност кај актуелната власт. Националистичката реторика што ја поттикнуваат не помага во процесот, туку дополнително ја збунува јавната дебата за европската иднина на државата“, потенцираше Филибек. Филибек нагласи дека европската иднина на Македонија е неразделна од европската иднина на регионот, при што интеграцијата мора да се одвива паралелно и заеднички. „Пораката што сакам да ја пренесам е јасна: иднината на Европската Унија е поврзана со интеграцијата на Западен Балкан и со полноправното членство на Македонија во европското семејство. Истовремено, иднината на Македонија е во Европската Унија, заедно со останатите земји од регионот. Тоа се два процеса кои мора да се движат паралелно и заедно да придонесат за конечно обединување на европскиот континент“, рече Филибек. Филибек потсети и на улогата на СДСМ во реформските и европските процеси во државата. „Во изминатите години СДСМ покажа лидерство токму во овој процес и го трасираше патот на реформите. Денес постои реална можност за напредок и таа шанса мора да се искористи. Европската Унија покажува јасна подготвеност за проширување, а тоа го потврди и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за време на неговата посета на земјите од регионот“, рече генералниот секретар на Партијата на европските социјалисти (ПЕС), Џакомо Филибек. прес конференција на Џакомо Филибек – генерален секретар на ПЕС, Скопска иницијатива СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДенови за спорт на младите во општина ИлинденОпштина Илинден пулсираше во духот на спортот и заедништвото. На спортските терени изминатите два дена се одржа традиционалната спортска манифестација „Денови за спорт на младите во Општина Илинден“, на која учествуваа околу 400 ученици од основните училишта во општината, како и учениците од СОСУ „Илинден“. Согласно програмата, се одиграа финални општински натпревари во футсал, ракомет и одбојка во машка и женска конкуренција, турнир во баскет, атлетска трка, како и елементарни штафетни игри. На атлетската трка на 60 метри во женска конкуренција, првото место го освои Јована Костова, второто место Бојана Стојчевска, а третото место Ангела Богдановска. Во машка конкуренција првото место го освои Роберт Митев, второто место Борјан Миленковски, а третото место Горазд Спасиќ. На атлетската трка на 200 метри во женска конкуренција, првото место го освои Андреа Велковска, второто место Јана Миленковска, а третото место Јана Жарковиќ. Во машка конкуренција првото место го освои Горазд Димитриевски, второто место Дарко Трајановски, а третото место Филип Христовски. На натпреварите во футсал во машка конкуренција, првото место го освои екипата на ООУ „Гоце Делчев“, а второто место екипата на ООУ „Браќа Миладиновци“. Во женска конкуренција првото место го освои екипата на ООУ „Ристо Крле“, додека второто место ѝ припадна на екипата на ООУ „Браќа Миладиновци“. Во ракомет, во машка конкуренција првото место го освои екипата на ООУ „Гоце Делчев“, а второто место ООУ „Ристо Крле“. Во женска конкуренција првото место го освои ООУ „Гоце Делчев“, а второто место ООУ „Ристо Крле“. Во одбојка, во машка конкуренција првото место го освои ООУ „Гоце Делчев“, второто место ООУ „Ристо Крле“, а третото место ООУ „Браќа Миладиновци“. Во женска конкуренција првото место го освои ООУ „Браќа Миладиновци“, а второто место ООУ „Ристо Крле“. На турнирот во баскет за учениците од СОСУ „Илинден“, првото место го освои тимот на класот I-2, второто место го освои тимот од трета година, а трето место му припадна на тимот на класот IV-2. Сите натпревари беа проследени од страна на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој на најуспешните екипи и поединци им додели пехари и медали. Градоначалникот истакна дека Општина Илинден и понатаму ќе продолжи да вложува во спортот и младите, со цел создавање здрави генерации и поттикнување на спортските активности кај учениците.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЕУ ја гледа Црна Гора како 28-ма членкаЕвропските лидери ја потврдија својата посветеност на проширувањето на ЕУ на крајот од самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват,истакнувајќи ја Црна Гора како водечки кандидат за членство до 2028 година.Лидерите на ЕУ Тие уште еднаш ја истакнаа Црна Гора како водечки кандидат, која се стреми да стане 28-ма членка на унијата до 2028 година, и ја повикаа Србија да се реформира и да ја усогласи својата надворешна и безбедносна политика со онаа на Европската Унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook