ВМРО-ДПМНЕ: Eвтина, провидна и договорена драма на Левица со ДУИ и СДС

ВМРО-ДПМНЕ на исценираните инциденти на Левица гледа како евтина провидна и договорена драма меѓу Апасиев и Левица со ДУИ и СДС.

Дотолку повеќе што присутната коалиција СДС, Левица и ДУИ во градот Скопје од денес започна да функционира и во Собранието.

Навистина е чудно бурното реагирање на Левица за Деловникот, наспроти молчењето во Собранието за францускиот предлог или за скандалот на онкологија.

Всушност Апасиев кога не беше за филибастеринг и беше коалициски партнер на СДС и советник на СЈО заговараше минатиот претседател на Собрание Велјановски да биде избркан на (цитираме) "шамари, клоци и тупаници".

Евтиниот театар на Левица, ДУИ и СДС за тема која никако не е приоритет на граѓаните само го покажува лудилото на власта и нивните слуги до каде може да одат во ловот по евтини поени, се наведува во партиската реакција.

Вечерва во Само Вистина дебатираа пратениците Миле Лефков и Мартин Костовски

Костовски: Техничка влада може да се укине за следните избори. Лефков: Не само што изгубивте во Куманово, туку ви се формира и трета партија.

Лефков: Вие сте од Куманово, лидерот ви е од Куманово, не само што изгубивте во Куманово, туку ви се формира и трета партија, вие да се кандидирате за претседател во било која зграда за претседател на куќен совет, ќе изгубите. Вие сте избрани од граѓаните, но за жал никој не ги почитува граѓаните. Кога зборуваме за Премиер Албанец, зборуваме за Премиер на препорака од ДУИ, најкриминалната партија, нема ден да нема скандал поврзан со нив. До кога ќе мафтате со европското знаменце за ваша корист и носите закони што се далеку од европски?

Костовски: Факт е дека конзистентноста и договорите меѓу коалиционите партнери се почитувале и ќе се почитуваат и во иднина. Ние не ретерираме од тоа да има Премиер Албанец, не е важно што е по нациоанлност, важен е квалитетот на личноста и тоа нема да се рефлектира врз рејтингот на СДСМ. Имаме лидер на партијата посветен и ве уверувам дека ќе излеземе како победници на изборите во 2024 година. Техничка влада може да се укине за следните избори, не постои заглавување по лифтови и влечеа луѓе за да гласаат, јас сум задоволен што може да зборувам да нема техничка влада.

Бојан Јовановски е пуштен на слобода

Осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 е пуштен на слобода, дознава Канал 5 од судски извори. 

Неофицијално,причината била лошата здравствена состојба, за што Кривичен суд добил лекарски извештаи од повеќе доктори, како и цели лекарски козилиуми.

Ова значи дека Боки 13 ќе се лекува од слобода, а откако му беше извршена операција и му беше отстранет желудникот.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ вели дека ја добиле одлуката, за која вели дека иако е задоцнета, е праведна.

Штрајк на илјадници вработени во образованието во Германија, бараат повисоки плати

Во Германија денеска штрајкуваа над 20.000 просветни работници од јавниот сектор, соопшти Синдикатот за образование и наука (ГЕВ).

„Доколку работодавачот конечно не реагира и не почне правично да ги плаќа вработените во јавниот сектор, кризата со недостиг на професионална работна сила дополнително ќе се продлабочи“, рече претседателката на GEW, Дорин Зиберник на централниот состанок во Лајпциг, каде се собраа околу 7.000 наставници.

Освен во Лајпциг, најголеми собири се одржаа и во Берлин, Хамбург и Карлсруе, каде на улиците излегоа илјадници вработени во училиштата, факултетите, градинките и канцелариите за млади.

Зиберник објасни дека просветните работници и работниците во образовните институции се особено погодени од недостигот на работна сила, поради што многу работни места во секторот остануваат непополнети.

Според студијата објавена денеска од фондацијата Бертелсман, ситуацијата е критична, особено во градинките, каде недостигаат над 430.000 места во градинки поради недостиг на воспитувачи.

Синдикатите бараат од работодавачот, односно градовите и општините, зголемување на платата за 10,5 отсто или најмалку 500 евра месечно. Дополнително, бараат и договор на неопределено време за студентите кои работат во образованието пред да ги завршат студиите.

Следната недела ќе има нова рунда преговори меѓу синдикатите и работодавачите.

притисни ентер