ВМРО-ДПМНЕ: Економијата е на дното, а граѓаните се повеќе сиромашни

СДСМ се обидува преку лажни бројки да го прикрие катастрофалниот пад на македонската економија.

СДСМ и Заев откако се на власт, економијата е на дното, а граѓаните се повеќе сиромашни. А, власта буџетот го троши на популистички мерки со краток ефект наместо на развојни проекти како што се капиталните инвестиции.

Владата на Зоран Заев за првите 7 месеци од 2019 година има реализирано мизерни 24,5 капитални инвестиции. Дури кога земјите од регионот имаат рекорден раст, Македонија со СДСМ има рекорден пад од дури 84,2% за периодот јануари – јуни во однос на ланската година.

Економијата секојдневно се повеќе тоне. Околу 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата. Со оваа влада единствено расте корупцијата и јавниот долг кој надмина дури неверојатни 5 милијарди.

Дури не зачудува што министрите не знаат да набројат колку инвестиции има во Македонија, бројките говорат дека за оваа година има само три. Комисијата за заштита на конкуренцијата до сега објави за само три владини известувања за помош на странски инвестиции во првата половина од 2019, што потврдува дека ланското темпо кое беше наметнато на ова поле оваа година опаднува.

Протокот на странски директни инвестиции во првата година во Македонија е 55,6 милиони евра според податоците на Народна банка. А, само во јуни изнесуваат 5,7 милиони евра.

Со СДСМ граѓаните не добија економска година како што ветуваа, СДСМ и Заев. Граѓаните веќе трета година добива економско фијаско. Се повеќе граѓани и бизниси се доведени до питачки стап.

Час поскоро неопходни се предвремени парламентарни избори за да оваа криминална власт си замине и македонската економија започне да напредува.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Италијанската партија Лига ќе бара промена на законот за да се отстранат знамињата на ЕУ

Италијанската партија Лига ќе бара промена на законот за да се отстранат знамињата на ЕУ од државните институции.

Италијанската крајнодесничарска партија Лига денеска најави дека ќе бара промена на законот за да се отстранат знамињата на Европската унија од зградите на државните институции.

Претседателот на Лигата, Матео Салвини, кој е дел од коалицијата на премиерката Џорџа Мелони, има за цел да собере евроскептични гласови пред европските избори во јуни, јавија западни медиуми.

Сенаторот Клаудио Борги, кој е кандидат на претстојните избори за ЕУ, рече дека пред канцелариите треба да има италијанска тробојка заедно со знамињата на одделни региони.

Маричиќ средба со Маида Горчевиќ

Соработката на регионот и реализацијата на Планот за раст за Западен Балкан е можност за забрзување на процесот на евроинтеграција.

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ се состана со Министерката за европски прашања на Црна Гора Маида Горчевиќ на маргините на Лидерскиот самит за Планот за раст на Западен Балкан во Котор.

На средбата се говореше за значењето на соработката на регионот и успешна имплементација на Планот за раст за Западен Балкан од Европската Комисија.

Планот за раст е конкретна стратегија за социоекономски развој на регионот, соработка и доближување на земјите од Западен Балкан.

Исполнувањето на обврските усогласени со Европската Унија ќе значи значителен развој, прогрес и просперитет на државата и регионот.

Маричиќ се заблагодари за успешната и плодна соработка за спроведување на регионалната соработка и одличните релации помеѓу нашите две држави.

Со цел успешно имплементирање на Планот за раст, потребно е државите упорно да продолжат да работат во соработка со Европската Комисија со цел постигнување на стратешката цел за пристапување во ЕУ на Северна Македонија и земјите од регионот.

Зеленски: Ситуацијата во североисточниот регион Харков е „исклучително тешка“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека воената ситуација во североисточниот регион Харков е „исклучително тешка“, но сепак „под контрола“. 

Изјавата тој ја даде по состанокот со неговите воени началници во близина на линијата на фронтот.

„Ситуацијата во регионот Харков е генерално под контрола, а нашите војници му нанесуваат значителни загуби на окупаторот. Сепак, ситуацијата во областа останува исклучително тешка“, рече тој во објавата на Телеграм, откако ги слушна извештаите од неговите команданти во Харков, регионален главен град на 30 километри од руската граница.

притисни ентер