Отворено првенство во шах: Панчевски со нова победа, Лазов ремизираше во дербито на врвот - Канал 5

Отворено првенство во шах: Панчевски со нова победа, Лазов ремизираше во дербито на врвот

ИМ Филип Панчевски (2432) со бели фигури го надигра Георги Петров (2088) на втората табла, додека, пак, најголемо изненадување направи ФМ Андреј Велјаноски (2290) со победата над ИМ Никола Николовски (2381). 

Отворено првенство во шах: Панчевски со нова победа, Лазов ремизираше во дербито на врвот

Во 6. коло на Отвореното првенство на Македонија во шах на првата табла, ИМ Тони Лазов (2358) ги имаше црните фигури во дуелот со водечкиот ИМ Емил Ристески (2365), но оваа партија заврши со поделба на поенот, за разлика од другите четири дуели на следните неколку табли, во кои настапуваа оние кои се на врвот на табелата.

ИМ Филип Панчевски (2432) со бели фигури го надигра Георги Петров (2088) на втората табла, додека, пак, најголемо изненадување направи ФМ Андреј Велјаноски (2290) со победата над ИМ Никола Николовски (2381).

Неизвесноста во борбата за титулата останува бидејќи сега на врвот се четворица шахисти кои имаат по 5 бода (Ристески, Панчевски, Велјаноски и Златков), додека, пак, зад нив со 4,5 бода има тројца играчи (Лазов, Велески и Главинац).

На турнирот кај шахистките, исто така, се играше 6. коло, но според Бергеровиот систем, а во него се случи и дуелот на двете шахистки кои имаа највисок стартен рејтинг: Драгана Николовска (1905) и ЖИМ Габриела Коскоска (1993). Партијата заврши со реми по четири часа игра.

Леа Ефтовска (1797) со нова победа над Кајла Бурнс (1446) стигна до 5,5 поени, додека, пак, Коскоска сега има 5 и го дели второто место со Жежовска (1868).

Во седмото коло од овој турнир ќе се игра и дерби-мечот за титулата, во кој ЖИМ Коскоска ќе ги има белите фигури против Ефтовска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џесика Алба сподели интимни моменти со 12 години помладото момче

Холивудската убавица Џесика Алба со објава од Италија ги вжешти социјалните мрежи.

Фото: Џесика Алба сподели интимни моменти со 12 години помладото момче

Холивудската актерка Џесика Алба ужива во ново поглавје од својот живот, а го привлече вниманието на јавноста со романтични фотографии од одморот во Италија, кои ги сподели со својот партнер, актерот Дени Рамирез.

Филмската ѕвезда и основачка на компанијата „The Honest Company“ престојува на луксузниот италијански брег, каде што минува опуштени летни денови, подалеку од деловните обврски и градската врева.

На својот профил на Инстаграм, Џесика Алба објави серија фотографии и видеа со едноставен опис:

– „Чао, Италија“ – означувајќи го луксузниот хотел „Il Pellicano“, едно од најпознатите одморалишта на брегот на Тиренското Море.

Објавите брзо го привлекоа вниманието на обожавателите, бидејќи актерката ретко споделува вакви интимни моменти од својот приватен живот.

Џесика Алба исто така сподели мисли на Марк Ентони за љубовта и заедничките патувања, во кои се вели дека вистинската среќа не е во самата дестинација, туку во личноста со која го споделувате секој чекор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јапонија тројно го зголемил увозот на руска нафта изземена од западните санкции

Во јуни, Јапонија увезе речиси 1,2 милиони барели руска нафта, која е изземена од западните санкции – што е трипати повеќе во споредба со претходниот месец .

Јапонија тројно го зголемил увозот на руска нафта изземена од западните санкции

Во јуни, Јапонија увезе речиси 1,2 милиони барели руска нафта, која е изземена од западните санкции – што е трипати повеќе во споредба со претходниот месец – покажуваат податоците на јапонското Министерство за финансии, што укажува на обиди да се надомести намаленото снабдување од Блискиот Исток.

Според табелите на јапонското министерство, во јуни Јапонија увезла 184.000 кубни метри нафта од Русија, што одговара на приближно 1,157 милиони барели од „црното злато“.

Вредноста на увозот изнесувала 19,69 милијарди јени (120,75 милиони долари), според податоците на министерството. Тоа значи дека јапонските увозници во јуни плаќале во просек нешто повеќе од 104 долари за барел руска нафта.

Според официјалните јапонски податоци, обемот на увоз во јуни бил трипати поголем отколку во мај, кога биле увезени нешто помалку од 365.000 барели руска нафта – во вредност од шест милијарди јени (36,85 милиони долари).

Ова укажува на тоа дека јапонските увозници во мај плаќале приближно 101 долар по барел за руската нафта. Сепак, податоците за април покажуваат дека Јапонија воопшто не увезла нафта од Русија.

Нафтата купена во мај и јуни била дел од договорите за снабдување со гас од проектот „Сахалин-2“ на рускиот Далечен Исток, кој не подлежи на западните санкции, наведува руската новинска агенција ТАСС. „Сахалин-2“ е еден од најголемите руски проекти за извоз на гас; негови сосопственици се рускиот „Гаспром“ и јапонските компании „Мицуи“ и „Мицубиши“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдено – Путин испратил луѓе на средба со Берлин

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, изјави дека поранешни високи германски и руски функционери одржале тајна средба во Баку во средината на јули за да разговараат за можни начини за ставање крај на војната на Русија против Украина.

Потврдено – Путин испратил луѓе на средба со Берлин

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, изјави дека поранешни високи германски и руски функционери одржале тајна средба во Баку во средината на јули за да разговараат за можни начини за ставање крај на војната на Русија против Украина, пренесува „Блумберг“.

„Нашата територија беше искористена за таква средба без наше знаење. Не можам да ги коментирам деталите бидејќи не присуствувавме на средбата. Сепак, податоците за летовите ми овозможуваат да тврдам дека тајната средба навистина се одржа во Баку“, изјави Алијев за време на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц во Берлин.

Алијев рече дека средбата се одржала од 12 до 14 јули.

Тој додаде дека ако целта на состанокот била да се истражат начини за завршување на војната меѓу Русија и Украина, Азербејџан би можел „само да ги поздрави“ таквите напори. Мерц негираше дека неговата влада била вклучена во ангажманите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер