ВМРО-ДПМНЕ: Деновите поминуваат, а од СДС молк и не кажуваат дали Филипче има златна виза - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Деновите поминуваат, а од СДС молк и не кажуваат дали Филипче има златна виза

​Деновите поминуваат но од СДС и Венко Филипче, молк.

ВМРО-ДПМНЕ: Деновите поминуваат, а од СДС молк и не кажуваат дали Филипче има златна виза

Иако изминатите неколку дена ги прашуваме да одговорат, дали по примерот на Зоран Заев и неговиот чувар на партиското претседателско столче, Венко Филипче поседува златна виза за Дубаи, одговор нема.

Или, пак, молчењето и на СДС и на Филипче е потврда за овие дилеми?

Јавно познато е дека човек со таков документ, златна виза, може се стекне со инвестиција која достигнува неколку милиони евра.

Оттука произлегува прашањето, колку милиони Венко Филипче однесе во Дубаи, за да стекне со таа златна виза исто како и неговиот водач, Заев, кој таму гради висококатница.

Имајќи предвид дека Филипче е поранешен министер за здравство и тоа ве периодот на најголемата светска криза во поновата историја, ковид кризата, дали во Дубаи го однесол ќарот од кризата, која тој ја претворил во можност за негова финансиска придобивка, како и од криминалот направен во тоа време?

СДС, наместо да молчи, има обврска на јавноста да и даде прецизни одговори дали и Венко Филипче има и како ја добил златната виза за Дубаи?

Македонската јавност очекува и заслужува јасни и конкретни одговори.

СДС е синоним за неспособност, криминал и предавства.

ВМРО-ДПМНЕ

Зеленски по разговор со Трамп: Украина е подготвена за најбрзи можни чекори кон мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е на европски самит во Албанија, вели дека разговарал со други светски лидери за руско-украинските разговори во Истанбул.

Зеленски по разговор со Трамп: Украина е подготвена за најбрзи можни чекори кон мир

Тој на социјалните мрежи информира дека со францускиот претседател Макрон, германскиот канцелар Мерц и британскиот и полскиот премиер Стармер и Туск, кои се во Тирана, разговарале со американскиот претседател Доналд Трамп.

- Нашата позиција е – ако Русите одбијат целосен и безусловен прекин на огнот и крај на убивањата, мора да следат строги санкции. Притисокот врз Русија мора да се одржува додека Русија не биде подготвена да ја заврши војната, додаде Зеленски.

- Украина е подготвена да ги преземе најбрзите можни чекори за вистински мир и важно е светот да заземе цврсти позиции, истакна украинскиот лидер.

Македонците од Германија ќе стипендираат студенти, формирана фондацијата „Вечна“

Македонците од Германија ќе стипендираат студенти, формирана фондацијата за култура и наука „Вечна“

Македонците од Германија ќе стипендираат студенти, формирана фондацијата „Вечна“

Стипендирање на студенти, историчари, културни работници и истражувачи, вчеравечер во Скопје најави новата Глобална македонска фондација „Вечна“. Основачи на фондацијата се тетовското семејство Крстески кое со децении живее и работи во Германија, а кое со група на истакнати Македонци тука и во светот, универзитетски професори, лекари, доктори на науки, ќе ја помагаат мисијата на фондацијата за промовирање на културата и науката.

Водени од намерата за унапредување и заштита на културното наследство, промовирање на историската вистина и усовршувањето на нови стручни кадри од областа на историјата, фондацијата има формирано три фондови преку кои ќе се финансираат магистранди и докторанди, како и различни културни иницијативи. Во пополнувањето на фондовите може да се приклучи секој заинтересиран, преку соодветна донација.

-Првиот фонд се однесува на поддршка на визијата на нашата фондација. Вашата донација помага да се одржи Фондацијата и нејзините долгорочни иницијативи. Со вашата поддршка, можеме да продолжиме да го промовираме македонското наследство, да финансираме клучни проекти и да го прошириме нашето глобално влијание. Вториот фонд е фонд за млади истражувачи од повеќе области, каде целта е поставена на 15.000 евра. Третиот фонд пак, е истражувачки фонд за историски истражувања. На веб страницата на Фондацијата www.gmfe.org лесно достапни се начините за донирање, истакна претседателот на фондацијата Мирчо Крстески.

На промоцијата се обратија доц. д-р Бранислав Светозаревиќ, историчар, проф. д-р Љубомир Кекеновски, професор од Економскиот факултет на УКИМ, д-р Мимоза Рајл, професорка и советничка на претседателот на Владата, основачот Ацо Крстески, како и извршниот директор м-р Марко Видачек кој беше модератор на настанот.

-Оваа фондација во својот назив го носи и македонското и глобалното, затоа што културата нема граници, а македонското е онаму каде што се неговите говорници, но и неговите спомени и сеќавања. Фондацијата ја основаме под слоганот „Корени и иднина“, со намера да го зачуваме и афирмираме исконското помеѓу нас, традицијата, културата, јазикот, идентитет. За да го заштитиме нашето наследство, мора да инвестираме во иднината, беше порачано на промоцијата.

Фондацијата има формирано и програмски совет во кој влегуваат истакнати Македонци низ светот: проф. д-р Сања Лазарова Молнар (Германија), д-р Владимир Попоски (Шпанија), д-р Предраг Николовски (Италија), како проф. д-р Ленина Жила и проф. Перо Сарџоски како резидентни членови.

Ердоган од Тирана: Довербата на меѓународната сцена бледее, ни треба нов глобален систем

 Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Тирана изјави дека на светот му е потребна нова архитектура на глобално управување со цел да се надмине бледнеењето на довербата на меѓународната сцена, јави Анадолија.

Ердоган од Тирана: Довербата на меѓународната сцена бледее, ни треба нов глобален систем

Ердоган говореше на шестиот Самит на Европската политичка заедница кој се одржува во главниот град на Албанија, Тирана.

- За да го надминеме падот на довербата на меѓународната сцена, треба да изградиме фер и инклузивна архитектура на глобално управување, нагласи турскиот претседател.

Тој ја повика Европската Унија да ја ажурира Царинската унија и да се преиспитаат визните практики како Шенген за зајакнување на економската и социјална мобилност.

Ердоган нагласи дека „визните практики како Шенген, кои ја ограничуваат мобилноста на нивните граѓани и следствено, циркулацијата на стоки, услуги и капитал, мора да бидат преиспитани“.

Тој рече дека Турција верува дека „ажурирањето на нивната Царинска унија со ЕУ ќе придонесе за безбедноста на синџирите на снабдување“. Додаде дека тековните ограничувања не само што го попречуваат движењето на граѓаните, туку негативно влијаат и на трговските врски и пошироката економска интеграција со Европа.

- Како европски континент, мора да почнеме трансформација дома врз основа на принципите на неделива безбедност и пофер распределба на просперитетот, истакна тој.

- Додека разговараме за иднината на безбедноста на Европа во ова критично време, сметаме дека напорите на ЕУ за развој на својата одбранбена индустрија се корисни, нагласи тој.

Ердоган, исто така, ги повика европските земји да ги покажат потребната подготвеност и интерес за помош во воспоставувањето прекин на огнот во Газа.

Во врска со војната во Украина, Ердоган нагласи дека охрабрувањето и на Русија и на Украина без наметнување услови, со оглед на чувствителноста на процесот, е клучно за постигнување праведен и траен мир.

Одговарајќи на новинарско прашање за мировните преговори меѓу Русија и Украина, Ердоган рече: „Заедно со мојот брат (албанскиот премиер Еди Рама), ќе повикаме на мир до целиот свет од Албанија“.

Ердоган беше пречекан од Рама на влезот на плоштадот „Скендербег“, каде што се одржа Самитот.

Во Оперската куќа, каде што се одржуваат сесиите на Самитот, Ердоган досега кусо разговараше со неколку лидери, вклучувајќи ја данската премиерка Мете Фредериксен, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и косовската претседателка Вјоса Османи.

притисни ентер