ВМРО-ДПМНЕ денес со блокада во Скопје и со протест во 20 градови

Народот се буди, протест сега за да не биде предоцна.

Денес ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните ќе протестира затоа што Заев ќе ја менува историјата во учебниците, за договарањето на заедничка историја со источниот сосед и тргувањето со историски личности.

Заедно со граѓаните денес пак да порачаме на квинслингот Заев доста е со распродавање и понижување на државата.

Денес во Скопје ќе се постават блокади пред Владата на Република Македонија, пред Министерството за надворешни работи и пред Министерството за правда од 16:00 до 17:00 часот.

Пред почетокот на блокадата од пред Влада на Република Македонија во 16:00 часот ќе биде положено цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“.

Денес ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните на натпартиски протести за оставка на Заев, слобода на народот, а ќе се одвиваат во дваесет градови низ Македонија и тоа: Куманово, Тетово, Крива Паланка, Македонска Каменица, Пробиштип, Свети Николе, Велес, Делчево, Кочани, Виница, Пехчево, Берово, Босилово, Неготино, Кавадарци, Кичево, Струга, Охрид, Ресен и Битола.

Денес е денот кога треба да се порача дека дојде крај на тргувањето на идентитетот, јазикот, историјата од страна на Заев.

Да не молчиме. Бараме оставка на Заев, слобода на народот!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Во текот на викендот се отстранети 70 кубни метри отпад од диви депонии

 Во текот на изминатиов викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 70 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир и Центар, информираат од јавното претпријатие.

Во општината Чаир повторно се реализирани активности на булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска улица) каде што на аголот со улицата „Максут Садик“ се подигнати 25 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад одложени на јавна површина, во непосредна близина на детското игралиште.

Во оваа скопска општина е интервенирано и на две локации на улицата „Џон Кенеди“, каде што се расчистени 20 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и градежен отпад.

Во текот на викендот, ЈП Комунална хигиена-Скопје подигна и приближно 25 кубни метри мешан комунален и отпад од картонски пакувања одложени на тревна површина долж улицата „Тодор Александров“, на потегот што води кон Средно Водно.

Греење и повеќе храна за животните во битолската Зоолошка Градина

 Јавната општинска установа Зоолошка Градина-Битола со дополнителни мерки ја зголеми грижата за животинскиот свет во градината.

Заради ниските температури на воздухот во ноќните и утринските часови вршиме греење на кафезите, изјави за МИА Жарко Тренкоски, директор на ЈОУ Зоолошка Градина-Битола.

-Зимската сезона ја дочекавме подготвено, обезбедивме храна и резерви од храна за околу 200 диви животни во Зоолошката градина. Количините на храна се за 30 насто зголемени и освен пченка, пченица и луцерка за тревопасните и месо за месојадните животни, доставуваме и прихрана со витамини за да може полесно да ја минат зимата. Но освен со повеќе храна, на животните им помагаме со греење во кафезите бидејќи температурата на водухот е ниска, посебно во текот на ноќта и во раните утрински часови, посочи Тренкоски.

Во битолската Зоолошка Градина кон крајот на минатата година беа регистрирани принови во семејството на мајмуните и стадото на ламите, а во новата година се очекуваат и нови жители на градината.

-Во овој период од годината намалена е посетеноста на Зоолошката градина, но напролет очекуваме поголема фрекфенција на посетители, групи на ученици и туристи. Но и зимските посети се интересни, а посебно привлечно е да се гледаат мечките кои сеуште не се во хибернација, истакна Тренкоски.

Зоолошката градина се наоѓа на Тумбе Кафе во Битола, на површина од два хектари и има нетипичен, но оригинален „ридско-планински“ изглед.

СДСМ: Со Борко Ристовски корупцијата во спортот е до облаците а македонскиот фудбал на колена

Со последните исплати на субвенции кон спортските клубови од страна на Министерството за спорт, фудбалот е клекнат на колена, а корупцијата во спортот е дигната до облаците.

Имено, министерот за Спорт, Борко Ристовски од Владата на СДСМ, наследи буџет од 9 милиони евра, кој што требаше да се распредели како “спортски ваучери“.

Владата на СДСМ, тој буџет континуирано го зголемуваше со години. И во него имаше пари за сите: и за големите спортски клубови и за малите, и за тие од градските средини и за тие од селата.

СДСМ го смени системот на исплата од „спортски ваучер“ во субвенции, но и тоа не го спречи министерот да ја дигне корупцијата во спортот да ја дигне до облаците.

Затоа јавно го прашуваме министерот;

- по кој систем реномирани Фудбалски клубови, од прва и втора лига, добија по НУЛА денари, или нешто ситно, а третолигашки клубови добија милиони и останати суми поголеми од тие на прволигашите и второлигашите?

- По кој систем на сите третолигаши од Источниот и Југоисточниот регион им исплативте по 0 денари, иако таму има клубови со повеќе децениска историја?

- Зошто од останатите региони, сте исплатиле само на неколку третолигаши, а над 98 % од клубовите сте им дале по 0 денари?

- Имате вршено исплати кон фудбалски школи формирани пред неколку години, а клубови што се постари од Вас, не сте им исплатиле ни денар?

Што им ветивте на Фудбалските клубови од прва и втора лига во Ноември?

Им ветивте дека сите ќе добијат дополнителни исплати во Декември, и ги излажавте.

На едни дополнително во декември им имате исплаќано средства уште по еднаш или два пати (со значително поголеми суми), а други ги оставивте само на минималната исплата во Ноември.

Затоа фудбалот го клекнавте на колена, а корупцијата во спортот ја дигнавте во облаците.

Затоа, од Вас бараме јавно да ги објавите (како што тоа го правеше СДСМ) сите исплати кон спортските клубови од сите сметки на министерството, што сте ги направиле додека сте вие на Власт.

Па да види македонската спортска јавност, кои се тие спортски клубови на кои за само 4 месеци им имате исплатено над десетици милиони денари, а кои се тие што не добиле ништо.

Кои се тие спортски клубови што никој не слушнал и разбрал за нив, а на кој има имате исплатено илјадници евра, а кои клубови во кои што членуваат стотици деца ги оставивте на цедило.

За СДСМ, вашиот систем на распределба на парите за спортот е јасен: тој се вика “Партиското тефтерче на Мицко“.

Кој го има во тефтерчето, тој добива пари. Кој спортски клуб е близок до ВМРО ДПМНЕ, тој добива пари.

Затоа, министре, треба да си дадете оставка.

СДСМ располага со податоци за сите ваши исплати, и истите ќе го достави до Основното јавно обвинителство и ГОК.

За достоинството во Спортот, СДСМ секогаш ќе биде на страната на спортистите, и затоа јавно го повикуваме сите спортски клубови, сите информации за корупција во министерството за спорт, да ги достават до СДСМ или до надлежните институции за борба со корупција.

Само така спортот ќе го кренеме на прави нозе. Само така ќе не биде.

СДСМ е на страна а спортот.

Прес конференција на СДСМ, Панче Милевски - Панта, Комисија за спорт

СДСМ

притисни ентер