ВМРО-ДПМНЕ:Дали странските служби се алиби

Tри дена поминаа, а јавноста се уште нема одговор дали странски служби ги следат претседателските кандидати или тие се само во главата на кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски?

Три дена поминаа, а не знаеме дали МВР е целосно неспособно да ги открие странските служби или пак МВР е во соработка со странските служби кои наводно го следат Стево Пендаровски? Три дена поминаа , а не знаеме дали странските служби треба да му бидат алиби на Пендаровски за поразот што го чека или пак СДСМ се обидува да најде причина за следење на опозицијата.

Оливер Спасовски кој што е на чело на МВР нема се уште одговор, дали државата е безбедна или ја шетаат странски служби? Чии се тие странски служби и за кои цели следат и фотографираат? Безбедни ли се кандидатите? Гарантира ли Оливер Спасовски фер и демократски амбиент за изборна трка? Гарантира ли фер и демократски изборен ден? Ако претседателскиот кандидат на власта се чувствува небезбеден како треба да се чувствува кандидат на опозицијата?

Почитувани,

Стево Пендаровски веќе најави свој втор пораз и обвини странски служби како алиби! Но, загрижувачка е какафонијата која што следствено настаните го издава стравот од поразот на власта. На обвинувањата на Пендаровски, се јави и Генералниот секретар на СДСМ Кирацовски кој во стил на портпарол на МВР порача дека МВР работи на случајот! Но, потоа следеше изјава од Оливер Спасовски кој посочи дека Пендаровски воопшто не пријавил следење, со што го негираше и Кирацовски и Пендаровски дека МВР постапува по случајот!

Почитувани,

Ова е уште едно од серијата несериозни однесувања на власта со кои во прашање се доведува чувството за безбедност во државата. Имајќи ги предвид заевизмот, но и криминалот пред очите на МВР, па и политичкиот прогон врз опозицијата, отворено посочуваме и стравуваме дека искусниот полициски службеник Стево Пендаровски отвори можност за повторно злоупотреба на полицијата за следење на опозицијата во рамки на политичкиот прогон при изборна трка по теркот на најнедемократските држави во светот.

Едно е јасно, заевизмот е поразен од граѓаните и власта е свесна за тој факт прибегнува кон лаги и злоупотреби. Но ништо не може да ги спречи граѓаните заедно да го испратиме заевизмот и овие натурени одмакедончени власти во темната страна на историјата.

Правото и правдата победуваат, Гордана Силјановска Давкова е нов претседател за Честита Македонија, победува ВМРО-ДПМНЕ, победува Република Македонија!

Во Појасот Газа за еден ден загинале 83 луѓе

 Според Министерството за здравство во Газа во изминатите 24 часа при израелските напади во Појасот Газа загинале 83 луѓе.

Во војната помеѓу Израел и Хамас вкупно загинале 35.386 луѓе

Од почетокот на војната на 7 октомври минатата година повредени се 79.366 лица.

Најголемиот број од жртвите се деца и жени. /МИА

Кривична против градоначалник за незаконско располагање со буџетски средства за време на избори

Пријавениот извршил нередовни исплати на еднократна парична помош на 38 физички лица во вкупен износ од 195 000 денари.

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против градоначалник на една општина поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противзаконито располагање со буџетски средства за време на избори" по член 165-в од Кривичниот законик.

Како што информира МВР, пријавениот извршил нередовни исплати на еднократна парична помош на 38 физички лица во вкупен износ од 195 000 денари согласно програмата за мерките и активностите на општината во областа на социјална заштита од буџетски средства за 2019 година.

Пријавениот ги извршил исплатите на 15.02.2019, 18.03.2019 и 12.04 2019, односно во период кога се распишани Претседателските избори 2019 година, со што постапил спротивно на член 8-а став 1 алинеја 2 од Изборниот Законик и член 34 став 1 алинеја 2 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси. /МИА

Реал и Модриќ постигнаа договор за продолжување на договорот

Лука Модриќ и Тони Крос најверојатно ќе останат во Реал Мадрид.

Претходно се дозна дека клубот е подготвен да ја продолжи соработката со овие играчи.

Според „Марка“, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, во последните часови имал средби со Модриќ и Крос. Мадриѓаните веќе постигнаа начелен договор со хрватскиот играч за врска за продолжување на договорот. Ја прифати новата улога во тимот - Лука сезонава поретко се појавува во стартниот состав.

Што се однесува до Крос, клубот сè уште не постигнал договор со него. Но и Германецот е блиску до продолжување на договорот за една сезона./МИА

притисни ентер