ВМРО-ДПМНЕ: Царовска и Спасовски признаа дека најуспешните мерки на Владата ги воведе претходната предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Царовска и Спасовски денес признаа дека најуспешните мерки на Владата на СДСМ се оние кои што ги воведе претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во реакцијата на ВМРО - ДПМНЕ на изјавата на премиерот Спасовски и министерката Царовска. 

На денешната прес конференција тие говореа за оперативниот план за вработување и за намалување на невработеноста во Република Македонија, притоа споменувајќи ги мерките на Агенцијата за вработување за докфалификација, старт ап бизниси и самовработување, мерки кои ги реализираше и ги воведе Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Добро е што конечно во СДСМ се буди свеста дека изминативе три години немаат ниту еден проект, ниту пак мерка со која ќе се подобри животот на граѓаните. Добро е што конечно СДСМ ги поздравува ефективните и во интерес на граѓаните мерки спроведени од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ изминативе три години не направи ништо за да го подобри животниот стандард на македонските граѓаните, една третина од македонските граѓани во месецот не можат да ги подмират основните давачки, повеќе од 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, младинската невработеност е највисоко ниво во Европа, Македонците земаат најниска плата во регионот. Сето ова ќе се смени по 12 април кога доаѓа времето на обновата за Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Костадиновска-Стојчевска: Танцот со својата креативност ја афирмира македонската култура

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска го честита Светскиот ден на танцот, денот кога танцот се слави како моќ на човечкиот дух, на уметничкото творештво и на значењето на танцовата сцена во обликувањето на модерната уметност.

„Министерството за култура го потврдува својот придонес кон сцената и останува партнер во афирмацијата на македонскиот танцов идентитет“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека танцот како креативна универзална уметност ја одразува и ја промовира македонската култура која има значајна историја на танци низ чие постоење се рушеле предрасуди и ограничувања.

Министерката Костадиновска-Стојчевска изрази уверување дека заедничките проекти го унапредуваат културниот дијалог и ја носат слободата на уметноста.

Дафина Стојаноска: Теарце е македонски непокор

Вчера, заедно со носителката на листата во ИЕ 6 од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во посета на Теарце беа и техничките министри Панче Тошковски и Ѓоко Велковски. 

Остварија средби со жителите кои добија ветер во грб и беа задоволни од тоа што имаа можност да разговараат за нивната живеачка и опстанок во овие краишта. Тие биле и се македонскиот непокор. Остануваат во родните краишта, но овојпат очекуваат многу поголема поддршка од централната власт, бидејќи оваа сосема ги заборави.

Дизелот и Еуросупер БС 98 поевтинуваат за 0,5 денари

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде 89,50 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 75,50, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 75,50 денари.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се намалуваат за 0,50 денaри по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде 89,50 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 75,50, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 75,50 денари.

За 2,107 денари поскапува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе лини 46,661 денари.

притисни ентер