ВМРО-ДПМНЕ бара да се повлече годишната програма за култура и да се донесе нова - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ бара да се повлече годишната програма за култура и да се донесе нова

Како одминува времето и како стручната јавност ја анализира Националната годишна програма на Министерството за култура, така доаѓаме до се поскандалозни сознанија. Имено, освен оние чии имиња досега излегоа во јавноста со забелешка дека имаат конфликт на интереси за работата во стручните комисии, на листата на поддржани автори за 2018-та година се јавуваат и имињата на некои од членовите на Советот за култура на Министерството за култура: Весна Гиновска Илкова, Владимир Милчин, Маја Бојаџиева, Решат Амети.

ВМРО-ДПМНЕ бара да се повлече годишната програма за култура и да се донесе нова

Најстариот македонски детски музички фестивал „Златно славејче“ кој постои веќе 48 години и со кој пораснаа илјадници генерации деца, доби само 200.000 денари од програмата за култура, а во исто време се одвојуваат 300.000 денари за реализација на една песна на само едно дете. За ова реагираше и детската амбасада Меѓаши, но срамното образложение на министерот е дека артистот не смеел да се остави без средства без разлика на неговиот минат труд.

Сојузот на албанските артисти АРТ Тетово, кој патем е регистрирано за лов, за само еден од трите проекти чија вкупна сума изнесува 2.400.000 денари, добил рекордни 900.000 денари за проектот „Запознавајќи ги нашите вредности“, додека на Сојузот на композиторите на Македонија за музичката манифестација „Струшка музичка есен“, која има 42 годишна традиција, се доделени само 150.000 денари.

Дали бројни докажани уметници и професионалци останаа неподржани, само поради тоа што немале блиски врски со Претседателот на Комисијата за музичка и музичко сценска дејност, Васо Ристов, кој од друга страна пак, преку комисијата каде што тој е претседател доделил 1.480.000 денари на Факултетот каде што тој е продекан. Дали ова не е пример за класичен конфликт на интереси?! Истата комисијата доделува огромни средства и за повеќе студентски фестивали и натпревари во кои досега Ристов редовно се јавува како организатор и член на жирито. Меѓународниот натпревар за млади музичари „Охридски бисери“ каде продеканот досега бил редовен член на жири комисијата добил вртоглави 1.300.000 денари.
Проектите на своите најблиски соработници - професори и студенти на Факултетот за музичка уметност од комисијата се наградени со близу 12.000.000 денари. На својата колешка Весна Ѓиновска Илкова, која истовремено е и член на Советот за култура во Министерството за култура, комисијата и доделила 210.000 денари.

ВМРО-ДПМНЕ бара итно да се повлече годишниот програма и да се донесе нова, правичена и објективна.
ВМРО-ДПМНЕ бара да се повлечат членовите на комисиите кои одлучуваат за одобрување на средствата поради очигледен судир на интереси и да се постават нови.
ВМРО-ДПМНЕ цени дека ваквиот годишен план за култура само ја уназадува културата и придонесува за девалвирање на културата и на македонските културни вредности.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што гледаат луѓето пред смртта- научниците споредиле искуства на 50 лица

Од сите искуства поврзани со искуства блиску до смртта (NDEs), ниту едно не е толку познато како светлината на крајот од тунелот.

Што гледаат луѓето пред смртта- научниците споредиле искуства на 50 лица

Луѓето кои биле на работ на смртта, па дури и оние кои биле мртви неколку моменти, понекогаш опишуваат движење низ темнина, како тунел, кон портал на светлина, премин во друг свет, објавува ScienceAlert.

Сликата станала толку вкоренета во популарната култура што станала моќен симбол на крајот на животот.

Сепак, не сите преживеани блиску до смртта виделе тунел. Некои опишале огромен, осветлен простор, закривен хоризонт или чувство дека се опкружени со светлина, според студија на 50 преживеани блиску до смртта.

Истражувачот за неврофеноменологија Франс Лернер од Универзитетот во Хаифа во Израел и нејзините колеги сакале визуелно да пристапат кон прашањето, верувајќи дека тоа ќе открие обрасци што зборовите не можат, објави веб-страницата.

На учесниците им било кажано да нацртаат облик на простор што го паметат дека го доживеале и да опишат каде се доживуваат себеси во него, како се движат низ него и какви бои се сеќаваат. Потоа научниците составиле база на податоци од овие реконструкции и ги споредиле, барајќи сличности во геометријата на просторите. Откриле дека конусните простори, кои го вклучувале познатиот тунел, се повторувале често, како и широките, закривени простори како лакови.

Учесниците исто така често цртале простори кои изгледале како целосно да го опкружуваат набљудувачот, како што е внатрешноста на сфера или овал.

Од 28-те конусни простори што ги реконструирале учесниците, 22 биле црни, бели или сиви, или во светлина без препознатлива нијанса. Од друга страна, 27 од 31 широки, закривени простори биле перцепирани во боја.

Според Лернер и нејзините колеги, истражувањата за невронауката и перцепцијата веќе документирале некои слични визуелни односи.

Еден пример е тунелскиот вид, кој може да се појави кога е нарушено снабдувањето со кислород до мрежницата или мозокот, стеснувајќи го видното поле. Според неа, доминацијата на црната, белата и сивата боја во простори слични на тунел има научно објаснување поврзано со човечкиот вид.

Во услови на слаба осветленост, нашите очи стануваат помалку чувствителни на бои бидејќи клетките чувствителни на светлина одговорни за гледање во темнина преземаат контрола.

Иако истражувачите претходно идентификуваа повторливи карактеристики кај луѓе кои доживеале искуства близу до смртта, како што се тунели и светла, малку внимание е посветено на просторната структура на овие искуства или на тоа како луѓето се перцепираат себеси додека се движат низ нив.

Студијата е објавена во списанието „Frontiers in Psychology“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карикатурист е осуден на четири години затвор- нацртал карикатура на кралот на Мароко

Мароканскиот карикатурист Јасер Мунбир е осуден на четири години затвор за „навреда на кралот“ по објавувањето на карикатура од Мухамед VI, објави денес неговиот адвокат.

Карикатурист е осуден на четири години затвор- нацртал карикатура на кралот на Мароко

Судот во Казабланка, исто така, му наложи на карикатуристот да плати казна од 40.000 дирхами, или 3.600 евра.

Неговиот адвокат, Фарук Мехдауи, објави дека ќе поднесе жалба на пресудата.

Член 179 од мароканскиот кривичен законик забранува „клевета, навреда или нарушување на приватноста на кралот“, а таквите дела се казнуваат со затвор од шест месеци до две години.

Во случајот на 22-годишниот Јасер Мунбир, казната е двојно зголемена бидејќи цртежот е објавен онлајн, објави „Ле Фигаро“.

Мунбир беше уапсен во јуни откако цртал и објавил карикатура од кралот на Мароко на својот Инстаграм профил.

Мароканското здружение за човекови права (AMDH) побара негово ослободување.

Активистите за човекови права во Мароко побараа укинување на законите за кои велат дека ја ограничуваат слободата на изразување, како и помилување на осудените за објави на социјалните мрежи, пишува Фигаро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Телефоните на германските министри и пратеници на удар на шпионски софтвер

Apple предупреди дека iPhone-ите на членовите на Бундестагот и членовите на федералната влада можеби биле цел на шпионски софтвер. 

Телефоните на германските министри и пратеници на удар на шпионски софтвер

Германскиот министер за дигитална администрација, Карстен Вилдбергер, изјави дека Федералната канцеларија за информациска безбедност (BSI) им советувала на засегнатите да претпостават дека нивните уреди се компромитирани за секој случај, бидејќи предупредувањето не укажувало дали нападот бил успешен.

Според BSI, овој вид шпионски софтвер може да им даде на напаѓачите пристап до пораки, вклучително и оние испратени преку шифрирани апликации, како и повици, контакти, календари и податоци за локација. Исто така, може да го вклучи микрофонот и камерата на телефоните.

Вилдбергер изјави за ARD дека „добивме известување од Apple дека одредени уреди можеби биле компромитирани од таканаречен шпионски софтвер“, објави Euronews.

Предупредувањата до засегнатите телефони почнаа да пристигнуваат на 29 октомври, според BSI, и тие наведоа дека Apple го открил нападот користејќи „шпионски софтвер“. Министерот рече дека BSI „реагирала супер брзо“ и ги известила засегнатите, со упатства за заштита. Вилдбергер не кажа колку политичари биле предупредени или кои биле цел. Ниту „Епл“, ниту германските власти не кажаа кој би можел да стои зад нападот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер