ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев е фрустриран од работата на Тошковски, бидејќи законот важи за сите - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев е фрустриран од работата на Тошковски, бидејќи законот важи за сите

Ја разбираме и нервозата и фрустрацијата на партијата Левица, приврзок на Зоран Заев и групата вљубеници во делото на Енвер Хоџа спрема министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. 

ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев е фрустриран од работата на Тошковски, бидејќи законот важи за сите

Позади таа фрустрација се крие стравот и знаењето дека Тошковски расчистува со криминалците, и што законот после долги децении важи за сите подеднакво. Тошковски не сокри нешто, не рече дека законот не важи за неговиот татко, а за сите други важи, туку и роден брат или сестра да е, ако се огреши треба да одговара. Затоа и Левица и Димче Апасиев се преплашени. А еве дополнителна причина за нивен нов страв.

Ја информираме јавноста за т.н. подрум кој Левица го купи во центарот на градот по багателно ниска цена, кој не ќе да е само подрум, туку има и приземје.

На тоа место, кое е над земја три-четири метри е регистриран локал, односно друштво за угостителство и услуги „Павилјон 36“ ДООЕЛ Скопје. Регистриран е на истата адреса каде што се наоѓа подрумот или сутеренот. Дури и си направиле профили по социјалните медиуми, прилично слични на профилот на една политичка партија. Кога малку ќе се истражи и ќе се извади тековната состојба, покрај тоа што уплатиле 5000 евра во кеш за регистрирање на ова друштво за угостителство и услуги, се јавува како сопственик лицето Зоран Ивановски. Тој се јавува како управител, како менаџер и ја регистрирал оваа фирма, која се занимава со дејност ресторани, но и дејности на интернетски портали. Тоа е подружницата од ова друштво. Лицето Зоран Ивановски е дел од претседателството од Левица и е дел од управниот одбор на „Скопски водовод“, а на интернет има и негови фотографии со претседателот на политичката партија Левица.

Дополнително ако ги слушате последните искази од случајот поврзан со Палевски и сведочењата таму, ќе слушнете дека тие се среќавале во штабот на партијата Десна, којшто бил во објектот Опера хаус, а објектот Опера хаус е токму овој објект.

ВМРО-ДПМНЕ

Движењето „Кој е следен“ ќе се приклучи на утрешниот „Марш на ангелите“ во Кочани

Преку герила-акција пред обвинителството движењето „Кој е следен“ најави дека ќе се приклучат на утрешниот протест на родителите на трагично загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Движењето „Кој е следен“ ќе се приклучи на утрешниот „Марш на ангелите“ во Кочани

Од движењето посочија дека ќе има организиран и превоз од две локации од Скопје за сите граѓани кои сакаат да бидат дел од протестот во Кочани. Укажаа на потребата од неселективна правда и одговорност за системската корупција, која според нив довела до трагедијата.

YouTube video

Законот за сајбер безбедост во јуни пред пратениците – се очекува поддршка од сите пратеници

Предлог законот за сајбер безбедност на почетокот на јуни се очекува да влезе во собраниска процедура.

Законот за сајбер безбедост во јуни пред пратениците – се очекува поддршка од сите пратеници

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува до крајот на месецов законот да помине на влада и на почетокот на јуни да влезе во собраниска процедура. Со ова законско решение според него ќе се обезбеди безбедност на целокупното општество.

YouTube video

Арсовски: Брисел смета дека Скопје е на потег, притисокот ќе се зголемува

Пораките упатени од претседателот на Европскиот совет Кошта за време на посетата во земјава според дел од аналитичарите се повеќе од јасни, иако не се многу охрабрувачки.

Арсовски: Брисел смета дека Скопје е на потег, притисокот ќе се зголемува

Петар Арсовски и Марко Трошановски оценуваат по јасното укажување дека мора да се исполни договореното од 2022 година, Брисел ќе, очекува јасен потег од Скопје.

YouTube video

притисни ентер