ВМРО-ДПМНЕ: Американски институт се сомнева во Филипче – ги лажира бројките на починати - Канал 5

ВМРО-ДПМНЕ: Американски институт се сомнева во Филипче – ги лажира бројките на починати

​Во Македонија на 100 илјади жители од корона се починати 482 лица. 

ВМРО-ДПМНЕ: Американски институт се сомнева во Филипче – ги лажира бројките на починати

Оваа бројка ја објавува американскиот институт Хелт дата (Health data) и ја рангира Македонија на шесто место по смртност на 100 илјади жители во светот.

И не само тоа, американскиот институт анализира дека бројката на починати е два пати поголема од објавената или од официјалната бројка за која информираат надлежните во земјата.

Значи, Филипче не само што не направи ништо во битката со короната, туку и го крие бројот на починати од корона!

Секојдневно има по повеќе од десеттина починати и покрај тоа што бројките на новозаболени се намалуваат.

И според Ворлдометар (Worldometers) Македонија на светската листа по број на починати на милион жители е четврта.

Сомнежите за работата на Филипче, сомнежот за лажирање на бројка на починати од корона е од американски институт.

Филипче кој мисли само на провизии, но не и за здравјето на граѓаните, сега и лаже за бројката на починати.

Затоа Филипче ќе одговара!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности на СВР Велес, СВР Скопје и СВР Штип за заштита од кражби, безбеден сообраќај и заштита на шумите од пожари

На граѓаните им беше укажано за потребата од поголема внимателност и начините како да се заштитат од различни видови и форми на кражби, со цел да го зголемат нивото на лична и имотна сигурност. 

Превентивни активности на СВР Велес, СВР Скопје и СВР Штип за заштита од кражби, безбеден сообраќај и заштита на шумите од пожари

Денеска (16.06.2026) на Градскиот пазар во Велес и во Демир Капија, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и Полициската канцеларија Демир Капија реализираа превентивно-едукативна активност за заштита од имотни деликти на тема „Обезбеди го својот дом“. На граѓаните им беше укажано за потребата од поголема внимателност и начините како да се заштитат од различни видови и форми на кражби, со цел да го зголемат нивото на лична и имотна сигурност. Активноста посебно беше насочена кон повозрасната популација, која е почеста мета на разни видови на имотни деликти, потенцирајќи им добро да ги заштитат своите домови, да внимаваат на своите лични предмети и да бидат посебно внимателни при комуникација со непознати лица. Полициски службеници од Полициското одделение Чашка, пак, денеска во Чашка реализираа превентивна активност на тема „Не биди нем сведок“ со цел превентивно да се дејствува во спречувањето на појавата на секој вид родово базирано насилство, објаснување на постапките и процедурите при појава на случаи на родово базирано насилство. Во рамки на превентивните активности беше поделен печатен едукативен материјал.

На 16.06.2026 на подрачје на магистрален пат Скопје-Блаце, Одделението за превенција при СВР Скопје спроведе превентивно - едукативна кампања за заштита од шумски пожари., На граѓаните им беше потенцирана потребата од поголема свесност за заштита на шумите од пожари и доколку се забележи пожар на отворено веднаш да се извести на 112. За време на активноста на граѓаните им беше поделен и едукативен материјал.

На 16.06.2026, полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Штип, Делчево и Свети Николе во Штип, Делчево и Свети Николе реализираа превентивни активност под мотото „Не користи мобилен додека возиш“, „Управувај технички исправно возило„ и „Стави појас“. За време на активностите на граѓаните им беа поделени летоци со едукативна содржина и корисни совети за почитување на сообраќајните правила и прописи, а целта е зголемување на безбедноста во сообраќајот. Во Штип беше спроведена и активност за заштита на шумите од пожари и бесправна сеча. Полициските службеници во разговор со граѓаните укажуваа на потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд. Исто така, на граѓаните им беше укажано дека незаконското сечење на дрва е кривично дело и на овој начин можат да предизвикаат последици по шумскиот фонд за кои се потребни децении да се надоместат. Беше поделен и едукативен материјал со информативна содржина, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“. Додека, во Берово беа реализирани превентивни активности под мотото ,,Внимателно и одговорно со земјоделската механизација во сообраќајот“, при што , исто така, беше потенцирана важноста за почитување на сообраќајните правила и прописи, особено користењето на земјоделската механизација во период на туристичката сезона и земјоделските активности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бутан ја призна Хрватска: Остануваат само уште две земји кои не ја признале

Кралството Бутан формално ја призна Хрватска, што ќе ја зајакне соработката меѓу двете земји посветени на стабилност, мир и одржлив развој, објави Министерството за надворешни и европски работи.

Бутан ја призна Хрватска: Остануваат само уште две земји кои не ја признале

Признавањето е резултат на работата на владата, Министерството за надворешни и европски работи, хрватската постојана мисија во ОН и Амбасадата во Њу Делхи „во согласност со принципите на меѓународното право и целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации“, се вели во соопштението на министерството.

„Овој чин дополнително ги зајакнува предусловите за понатамошен развој на пријателски односи и соработка меѓу двете земји, засновани на меѓусебно почитување и суверена еднаквост“.

Само две нации сè уште не ја признале Хрватска

Хрватска веќе одржува односи со оваа хималајска нација со околу 800.000 жители во рамките на Обединетите нации, но ова формално признавање е важен поттик за билатерална соработка, во согласност со интересите на двете земји.

„Како членка на ЕУ и НАТО, Република Хрватска останува посветена на промовирање на одржлив развој, меѓународна соработка, мир и стабилност, вклучително и преку зајакнување на односите со партнерите во Азија.“

Откако е признаена од оваа будистичка нација, Република Хрватска сè уште не е признаена од Нигер во Африка и Тонга во Полинезија.

Хрватска го слави Меѓународниот ден на признавање на 15 јануари, бидејќи на тој датум во 1992 година беше признаена од сите членки на тогашната Европска Унија и други значајни земји во светот.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со шефицата на британската дипломатија, Ивет Купер

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Лондон оствари средба со државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Ивет Купер.

Средба на министерот Муцунски со шефицата на британската дипломатија, Ивет Купер

На средбата беше потврдена заедничката заложба за натамошно унапредување на стратешкото партнерство меѓу двете земји, како и за продлабочување на соработката во повеќе области од заемен интерес, со посебен акцент на економските односи, трговијата и инвестициите.

Министерот Муцунски ја нагласи посветеноста на Владата кон спроведувањето на Договорот Влада со Влада, како и интересот за натамошни заеднички активности насочени кон привлекување британски инвестиции и дополнително зајакнување на економската соработка. Во таа насока, беше разговарано и за следните чекори во развојот на стратешкиот дијалог меѓу двете земји.

На средбата стана збор и за Коридорите 8 и 10 како проекти од инфраструктурно и стратешко значење, при што соговорниците разговараа и за прашања поврзани со регионалната и европската стабилност и безбедност.

Притоа, тие разменија мислења и за важноста на соработката и партнерството во рамките на НАТО, актуелните глобални безбедносни предизвици, војната во Украина и состојбите на Блискиот Исток.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер