МакедонијаВМРО-ДПМНЕ, Алтернатива, ДС и Левица нема да учествуваат во работните групи за уставните измениОсвен без ВМРО-ДПМНЕ, работните групи за уставните измени остануваат и без преставници на Алтернатива, Левица и Демократски сојуз.. Тотално беспредметно е прво да се формираат работни групи за амандманите па потоа Собранието да биде втората фаза за уставни измени, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повикувајќи се на мислењето од уставни експерти. Повтори дека за него е апсолвирано ова прашање и неговата партија нема да се вклучи како што бара власта, која според него, има намера да го политизира целиот процес. Мицкоски смета дека Владата ретерира за неговиот предлог уставот да се смени по хрватски терк, иако претходно го споменувале како добар пример. „Го повторувам ставот и повеќе нема да се занимавам со таа тема дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работата на комисијата која што ја формира министерството за правда а има цел да работи на амандманите кои што се потребни за уставните измени. Им велиме во ред проблемот е на маса реалност е, имаме план да одиме на избори да го претставиме сите планот пред граѓаните, па граѓаните нека одлучат кому ќе му ја дадат поддршката. Повторно бегаат како ѓавол од темјан. Велат хрватскиот е добар модел, ние велиме во ред го прифаќаме, бегаат повторно чекор назад, ова не е детска градинка. Ова не е список на желби на неспособни криминални политичари. Дека не може да се кројат амандмани без претходен политички консензус се согласува и Алтернатива на Африм Гаши.. И од неговата партија одбија да делегираат претставник во работната група која ја координира Министерството за правда, но тоа не значи дека се против промена на уставот. „Ако некој сака да ја види Алтернатива како дел од тие дебати, прво треба да понуди реална можност за политички консензус. Ова што влата го прави е глумење, сите знаеме дека без консензус тие измени нема да поминат. Ако свикаат лидерска средба да се договориме за уставни измени ние ќе учествуваме. Ниту Левица, ниту пак Демократски сојуз не сакаат да се дел од процедурата која ја започнува власта. Од партијата на Павле Трајанов повторија дека промената на македонскиот устав е неприфатлива без реципроцитет. Сѐ додека Бугарија го негира македонскиот народ, како и автентичноста на македонскиот јазик, Република Македонија не треба да почнува постапка за промена на Уставот. – велат од Демократски сојуз. Од друга страна, потврда за учество во работната група досега пристигна само од претседателот Пендаровски. Тој го делегираше универзитетскиот професор Александар Спасов како негов претставник. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДИК: Во Брвеница денеска се спроведува гласањето на болни и немоќни лица Денес се спроведува гласањето на болни и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница., информира Државната изборна комисија. Вкупно 107 болни или немоќни лица можат да гласаат за градоначалник на Брвеница. Своето право на глас може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор. Гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи на територија на Македонија, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово. Гласањeто денес започна во 7 часот утринава. Вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на Брвеница ќе го набљудуваат вкупно 61 акредитиран набљудувач од кои 56 домашни и 5 меѓународни. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветОрмускиот Теснец пред колапс: Нов танкер налета на минаЧетвртиот нафтен танкер во последните 24 часа налета на мина во Ормускиот Теснец, соопшти Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГГ), пренесуваат иранските медиуми.„Четврти танкер во рок од 24 часа експлодираше во Ормускиот теснец откако удри во поморска мина“, се наведува во извештајот објавен синоќа на каналот на „Прес ТВ“ (Press TV) на „Телеграм“. Иранската Револуционерна гарда претходно соопшти дека три нафтени танкери се запалиле и експлодирале додека се обидувале да користат, според тврдењата на Техеран, неовластени пловни патишта низ Ормускиот теснец. Во соопштение од Морнарицата на Револуционерната гарда се наведува дека еден од танкерите превезувал два милиона барели сурова нафта кога налетал на мина. The fourth oil tanker, traveling on a prohibited route in the Strait of Hormuz, has exploded. 🔹IRGC Navy: This afternoon, the fourth supertanker, despite warnings from the IRGC Navy against using the southern route of the Strait of Hormuz, suffered a powerful explosion after colliding with a mine and is currently on fire. 🔹This tanker, carrying over 2 million barrels of crude oil, also ignored radio warnings from the IRGC Navy and attempted to leave the strait via the prohibited southern route. 🔹This is the fourth oil tanker that has been on fire in the Strait of Hormuz since early this morning, due to American provocations. — Sprinter Press (@Sprinter_Press) October 31, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЛавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД„Во пракса, досега не е забележан никаков реален напредок во односите со САД“, рече Лавров синоќа.Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека досега нема никакво подобрување во односите меѓу Русија и САД, и покрај неговото присуство на состанокот на министрите за надворешни работи на Г20 во американскиот град Атланта, јави ДПА. „Во пракса, досега не е забележан никаков реален напредок во односите со САД“, рече Лавров синоќа. „Не треба да се негуваат илузии во врска со договорот за дизел горивото“, додаде тој, осврнувајќи се на договорот меѓу САД и Кремљ за привремено укинување на санкциите, со цел да се овозможи набавка на руско дизел гориво и да се намалат цените на бензинските пумпи. Лавров изрази незадоволство, наведувајќи дека „суштинските прашања не се решаваат, санкциите остануваат на сила, сите санкции воведени од (поранешниот американски претседател Џо) Бајден продолжуваат да се спроведуваат од страна на актуелната администрација, а се воведуваат и дополнителни санкции за нафтените гиганти ’Лукоил‘ и ’Роснефт‘“, пренесува германската агенција . Осврнувајќи се на планираните трилатерални разговори меѓу Украина, САД и Русија, Лавров истакна дека преговарачките позиции се јасни. Според неодамнешните најави од Кремљ, делегациите планирале да се сретнат кон средината на ноември во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, за да ги продолжат разговорите за можно мировно решение, кои беа прекинати со месеци. Истовремено, Лавров остро го критикуваше својот германски колега Јохан Вадепул, обвинувајќи го за одбегнувањето на министрите на вообичаената заедничка фотографиоја од состанокот. Министрите за надворешни работи на Г20 ја откажаа заедничката фотографија на учесниците на разговорите во Атланта. Кратко пред почетокот на состанокот, шефот на германската дипломатија изјави дека „нема да има заедничка фотографија на која нашите европски партнери ќе бидат заедно со г-дин Лавров“. „Јас тоа го нарекувам ’дипломатија на семејни фотографии‘“, рече Лавров. „Ако најважното нешто за нив е како изгледаат на една заедничка фотографија и кој стои до нив, тогаш тоа кажува сè“, пренесе ДПАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter