Вљубена двојка заврши во затвор поради фотографија на Фејсбук

Двојка од Иран заврши во затвор поради фотографијата од бакнеж што ја објавиле на социјалните медиуми.

Алиреза Џапалаги и неговата партнерка Паркур позираа како се бакнуваат на еден покрив во Техеран. Потоа беа уапсени за „ вулгарен чин “. Техеранската полиција соопшти дека нивните „неконвенционални потези, спротивно на обичајот и шеријатскиот закон“, довеле до апсења.

Овој потег привлече големо внимание на социјалните медиуми. Многумина ги критикуваа иранските закони, а има и такви кои тврдат дека приказната има подлабоки причини.

Имено, некои пишуваат дека Џапалаги објавил слични фотографии пред тоа, поради што немал никакви проблеми. Сепак, во неодамнешниот пост, тој го доведе во прашање исчезнувањето на неговиот татко, полицаец во одделот за борба против дрога и ги критикуваше надлежните и нивната истрага. Некои веруваат дека ова е вистинската причина за апсењето, пишува Би-Би-Си.

Премиерот на Федерацијата БиХ има коронавирус

Премиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ е позитивен на коронавирусот, јавуваат босанските медиуми.

Новалиќ ги почувствувал првите симптоми на неодамнешното одбележување на 25-годишнината од геноцидот во Сребреница со Мировен марш, а денеска имал треска, болки во мускулите и гадење.

Според медиумите, самиот Новалиќ побарал да биде тестиран.

БиХ денес има 90 нови случаи и ова е прв пат по подолго време бројот на ново заразени во таа земја да се спушти под 100. Пред два дена имало дури 316, што е највисоко од почетокот на епидемијата во таа земја.

Тој сега е во изолација, како и луѓето со кои комуницирал. Не се знае точно колку лица се во прашање, пишува Аваз. Ќе бидат тестирани и министрите со кои бил во врска последниве денови затоа што тој се приклучил на Мировниот марш по владината седница на ФБиХ.

Роналдо има проблеми поради видеото објавено од сестра му (ВИДЕО)

Аргентинскиот весник  Оле пишува дека Кристијано Роналдо ќе биде казнет со парична казна поради неговиот син Кристијано Роналдо Џуниор кој нелегално вози џет-ски во Мадеира, Португалија.

Не би било откриено толку лесно ако сестрата на Кристијано, Елма Авеиро, не објавила видео во кое 10-годишното дете вози џет-ски. Јасно е, споменатото видео наскоро исчезна од сите социјални мрежи.

„Дејли мирор“ пишува дека полицијата испитува кој е сопственик на спорниот џет-ски, а доколку се покаже дека Португалецот е сопственик, тој би можел да добие сериозна казна.

Шефот на крајбрежната полиција во Португалија, Гереиро Кардозо изјави дека е покрената истрага и дека е свесен за сè што се случило, со објавување на парична казна на ѕвездата на Јувентус.

Патем, Роналдо, игра во топ форма за Јувентус. 35-годишниот играч има постигнато 32 гола на 40 натпревари, а клубот од Торино се доближува до новата италијанска титула.

СЗО: Пандемијата би можело да се влоши

Пандемијата на коронавирус може да се влоши доколку државите не преземаат строги здравствени мерки на претпазливост, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).

„Да бидам искрен, премногу земји се движат во погрешна насока, а вирусот останува јавен непријател број еден“, рече лидерот на СЗО, Тедрос Аданом Габриезус, од седиштето на Обединетите нации во Женева.

„Ако не се почитуваат основите, оваа пандемија само ќе се влошува“, додаде тој.

Денеска бројот на коронавирусни инфекции во светот надмина 13 милиони, со повеќе од половина милион смртни случаи.

Тедрос исто така посочи дека од 230.000 нови случаи забележани во неделата, 80 проценти доаѓаат од 10 држави и 50 проценти од само две држави - Бразил и САД, кои се најпогодени земји од пандемијата, а претседателот Доналд Трамп е чест критичар на СЗО.

„Во блиска иднина, нема да има враќање во старата нормала. Останува уште многу за што да се грижиме“, предупредува Тедрос.

Шефот за вонредни состојби на СЗО, Мајк Рајан изјави дека нивниот тим пристигнал во Кина за да го испита потеклото на вирусот и во моментов се наоѓаат во карантин, стандардна процедура, по што ќе започнат да работат со кинеските научници.

Тедрос откри дека СЗО сè уште нема добиено официјално американско барање да се повлече од таа организација, како што објави Трамп. Американскиот претседател смета дека на почетокот на кризата СЗО отишла на помош на Кина, каде е забележан првиот случај на инфекцијата.

Трамп, кој за време на викендот за прв пат е виден во јавноста со заштитна маска, честопати е мна удар на критичарите кои сметаат дека тој не ја сфаќа пандемијата доволно сериозно, што републиканецот го отфрла.

притисни ентер