МП: Утре од местото каде што се роди идеалот за слобода: Обединети за праведна, еднаква и успешна Република!
1МП: Утре од местото каде што се роди идеалот за слобода: Обединети за праведна, еднаква и успешна Република!
Итно соопштение од УЕФА – остро удрија по Џани Инфантино: „Доста е со сомнителни зделки и задкулисни игри“
2Итно соопштение од УЕФА – остро удрија по Џани Инфантино: „Доста е со сомнителни зделки и задкулисни игри“
КошаркаВлезниците за Евробаскетот во Загреб од 10 до 33 евра Од 10 до 33 евра ќе чинат влезниците за загрепската група на Европското кошаркарско првенство кое ќе се одржи во септември годинава. Европската кошаркарска федерација (ФИБА) денеска објави дека се утврдени цените за влезниците на претстојниот Евробаскет кој годинава ќе се одржува во четири земји: Хрватска, Летонија, Германија и Франција. Љубителите на кошарката во Македонија, кои ќе сакаат да ја бодрат македонската репрезентација за влез на натпреварите во Загреб, ќе треба да одвојат од 10 до 33 евра за натпревар. Имено, најевтина влезница за еден натпревар ќе чини 75 куни (10 евра), додека најскапите 250 куни (33 евра). Така за сите пет натпревари на македонската репрезентација, најефтиниот блок билети ќе чини 50, а најскапиот 165 евра. За деца до 6 годишна возраст ќе им биде овозможен слободен влез со присуство на родителот. Пакет влезниците за сите натпревари од групната фаза ќе бидат пуштени во продажба од 16 февруари до 14 март. Влезниците за поединечни мечеви ќе се продаваат од 15 март до 15 април, додека карти за втората (елиминациска) фаза ќе бидат пуштени во продажба од 1 јули. Влезниците за натпреварите ќе може да се купат на следниот веб сајт www.eventim.hr. Македонија по петти пат ќе биде дел од европската кошаркарска елита (четврти во низа), а ќе настапува во групата Ц во Загреб и тоа против: Грција, Холандија, Хрватска, Грузија и Словенија, редоследно. Шампионатот ќе започне на 5-ти и ќе трае до 20-ти септември, со забелешка, дека по комплетирањето на натпреварите во групната фаза, осминафиналистите од четирите града (земји) организатори, ќе се преселат во Лил, Франција, каде ќе се игра завршницата. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Популарна српска актерка воодушеви со танц на плажаАктерката Анѓелка Стевиќ Жугиќ повторно ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи, овој пат со шармантно видео од нејзиниот летен одмор, кое брзо собра повеќе од 5.000 реакции.Анѓелка објави видео со натпис „Разгледница од море. Поздрав од брегот“, на кое се гледа како таа оди боса во бикини по карпеста плажа. Поради острите камења, секој чекор изгледа како мал танц, што ги поттикна многумина на шега да коментираат дека таа изгледа како да игра оро. Објавата предизвика бројни позитивни реакции, а следбениците не штедеа пофалби за нејзиниот изглед, природност и смисла за хумор. „Жена со природна убавина и одлично тело! Секоја чест што ја одржуваш таа линија“, напиша еден следбеник. Други се пошегуваа: „Танц на туристи врз прекрасните камчиња, за кои отсекогаш ни велеле дека лечат рамни стапала“, ... Таа уште еднаш покажа дека за привлекување внимание не е потребен спектакл – доволни се малку хумор, опуштеност и летна атмосфера. https://www.instagram.com/reel/DbQeje3tOWA/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loadingКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЏаред Лето во центар на скандал по документарецАктерот и музичар Џаред Лето се најде во центарот на вниманието по емитувањето на документарниот филм на Би-би-си, „Џаред Лето: Темната тајна на Холивуд“.Актерот и музичар Џаред Лето се најде во центарот на вниманието по емитувањето на документарниот филм на Би-би-си, „Џаред Лето: Темната тајна на Холивуд“, во кој десет жени изнесоа обвинувања за несоодветно и недозволено сексуално однесување во периодот меѓу 2002 и 2016 година, додека четири жени го обвинуваат добитникот на „Оскар“ за сексуални престапи. Лето категорично ги негираше сите обвинувања, изјавувајќи дека никогаш во животот не извршил сексуално злоставување врз никого и дека тврдењата се „апсолутно и категорично невистинити“. Една од жените во документарниот филм тврди дека Лето сексуално ја нападнал во мотел во Лас Вегас кога таа имала 17 години, но Полициската управа на Лас Вегас соопшти дека во нејзина надлежност не била поднесена пријава за сексуален напад против актерот. Документарниот филм изнесува и други обвинувања поврзани со инциденти во кои биле вклучени малолетни девојки; авторите на филмот истакнуваат дека повеќето од жените за првпат јавно зборувале за своите искуства. Случајот привлече значително внимание во јавноста и повторно ја поттикна дебатата за одговорноста во филмската индустрија. Според „Дејли мејл“ (Daily Mail), Лето не е обвинет ниту осуден за ниту едно од наводните дела и цврсто ги негира сите изнесени тврдења.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЌерката на Том Круз официјално го промени своето презимеСури Круз (20), ќерката на познатиот американски актер Том Круз и актерката Кејти Холмс, официјално го променила своето презиме во Ноел – средното име на нејзината мајка. Ова го покажуваат јавните евиденции на регистрирани гласачи во Пенсилванија, каде што Сури моментално студира на Универзитетот „Карнеги Мелон“, пренесува „Пејџ сикс“ (Page Six). Таа се регистрирала во округот Алегени како Сури Ноел; медиумот напоменува дека, според законот, жителите мора да ги користат своите законски имиња при регистрацијата за гласање. Исто така, се наведува дека Сури – која наскоро ќе настапи во претстава по дело на Шекспир на универзитетот – не поднела барање за промена на името во округот Алегени. Ова сугерира дека таа можеби тоа го сторила во Њујорк, каде што живеела со мајка си пред да започне со студиите. Сури нема контакт со својот татко уште од разводот на нејзините родители во 2012 година; информациите за промената на нејзиното презиме првпат се појавија во 2024 година, за време на нејзиното матурирање, кога таа не го користела неговото презиме. Том Круз и Кејти Холмс се разведоа во 2012 година, по што Сури се пресели во Њујорк со својата мајка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter