3Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
МакедонијаВЛЕН: Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, архивата на ДУИ?Случајот со Артан Груби се одолговлекува, додека граѓаните чекаат одговор. Човекот кој со години беше живата архива на ДУИ, човекот што знае каде се потписите, договорите, пазарите и аферите на старата власт, сè уште не се соочува со институционален епилог. Артан Груби, заедно со бегалецот Перпарим Бајрами, се сомничи за злоупотреби во вредност од 8 милиони евра во случајот „Државна лотарија“. Ова не е обичен предмет, туку едно од најтешките досиеја на системот на ДУИ, каде што политиката, бизнисот, лотаријата и власта биле измешани за приватни интереси. Затоа, прашањето што само по себе се наметнува е: кој го одолговлекува овој случај? Кој има интерес Артан Груби да молчи? Кој се плаши од тоа што може да открие архивата на ДУИ? Во овој случај не може да се заобиколи ниту името на Ислам Абази. Јавноста добро памети дека Артан Груби вработил негова блиска роднина, а потоа ја префрлил во АЕК. Денес, кога случајот „Груби“ се движи со полжави чекори, граѓаните имаат право да прашаат дали ова е случајност или дел од мрежа што произведува заштита, молк и недопирливост. ВЛЕН бара одговор и дејствување. Случајот „Груби“ не смее да заврши во фиока. Не смее да се претвори во нов пазар на политичкото подземје, бидејќи секое одолговлекување на правдата ја нарушува довербата на граѓаните и европскиот пат на државата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамПорше ја отфрла групацијата Фолксваген: Се здружува со кинески производител!Порше ќе ги пресметува своите емисии на CO2 во Европа заедно со кинескиот производител на автомобили „Xpeng“ наместо со групацијата Фолксваген во 2026 и 2027 година.Овој потег треба да ѝ олесни на групацијата Фолксваген да ги исполни европските цели за емисии и да го намали ризикот од големи казни, според нов извештај во кој се цитира аналитичарот Матијас Шмит. Со исклучување на Порше од просекот на групата, Фолксваген ќе може да го подобри својот вкупен резултат. Просечните емисии на групацијата Фолксваген во Европа во 2025 година, вклучувајќи го и Порше, беа 100 g/km, додека целта на Европската Унија беше 93,6 g/km, објавува „CarScoops“. Доколку производителите не ги исполнат целите, казната е 95 евра за секој грам CO2 над дозволената граница по возило. Вкупните казни за групацијата Фолксваген за периодот од 2025 до 2027 година би можеле да достигнат дури 1,5 милијарди евра. Порше би можел дополнително да влијае на просекот на групата, бидејќи продажбата на неговите електрични автомобили во Европа ослабе. Побарувачката за „Taycan“ и целосно електричниот „Macan“ особено е намалена, додека компанијата се насочува повеќе кон модели со мотори со внатрешно согорување. Не е познато колку „Porsche“ ќе му плати на „Xpeng“ за обединување на емисиите. Сепак, очигледно се проценува дека таков договор е финансиски поповолен од ризикот „Volkswagen Group“ да ги надмине дозволените вредности и да плати високи казни. „Xpeng“ продаде околу 19.000 електрични автомобили во Европа во првите шест месеци од оваа година, што е раст од 126 проценти во споредба со истиот период минатата година. Алијансата „Porsche-Xpeng“ останува отворена за други производители на автомобили кои сакаат да се приклучат. Производителите можат да формираат или да ги менуваат овие групи до 31 декември. Извор: Б92Тагови: Порше Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАнглеов: Спречена е голема катастроф во битолско ЛозаниОгнена линија долга неколку километри.Голем пожар беснее кај селото Лозани, битолско, а огнот стигнал и до непосредна близина на куќите. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, објави видео од местото и порача дека опасноста сè уште трае. Според Ангелов, благодарение на пожарникарите од Битола и локалното население била спречена голема катастрофа. Директорот на ДЗС посочи дека куќите се наоѓале веднаш зад местото каде што пожарот бил активен. Линијата на пожарот е долга неколку километри, поради што се активираат тимови за брз одговор. На пат кон селото се упатуваат и четири теренски возила Пинцгауер на Дирекцијата за заштита и спасување. Тагови: ДЗС стојанче ангелов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Карпош: Кејот на Вардар - место за спорт и дружбаГрадоначалникот Сотир Лукровски денеска изврши обиколка на спортско-рекреативниот центар на Кејот на Вардар, каде оствари средби со лицата кои управуваат со спортските содржини. Посетени беа адреналинскиот парк, алпинистичката карпа, скејт-паркот и фудбалскиот терен, при што се разговараше за нивната состојба, потребите и можностите за понатамошно уредување. Фокусот е ставен на реновирање, унапредување и модернизација на спортските терени и реквизити, со цел создавање на модерен спортски комплекс на отворено. Место каде младите карпошани ќе се собираат, ќе се дружат, ќе спортуваат и рекреираат, исполнувајќи го слободното време со спорт и позитивна енергија. Кејот на Вардар има потенцијал да стане вистинско спортско срце на Карпош– простор за сите генерации, а особено за младите. Општина КарпошТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook