ВЛЕН: Го зајакнуваме столбот со албанската дијаспора и САД - Канал 5

ВЛЕН: Го зајакнуваме столбот со албанската дијаспора и САД

Копретседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на неговата посета на Њујорк артикулира јасен политички пристап: Албанците треба да го зајакнат својот глас таму каде што се градат партнерства и се носат одлуки.

ВЛЕН: Го зајакнуваме столбот со албанската дијаспора и САД

На Галата на Советот за албанско-американски односи, Меџити ја истакна важноста на организирана дијаспора со силна застапеност во американските институции.

Средбата со Весли Кларк има посебна симболика за Албанците од Скопје, бидејќи американскиот генерал е почесен граѓанин на Општина Чаир.

Во таа насока, албанската дијаспора во САД претставува голем потенцијал – во бизнисот, дипломатијата, професиите, академијата и јавниот живот. За ВЛЕН, овој потенцијал треба да се претвори во посилни мостови на соработка со американските институции и во поголема поддршка за Албанците во Северна Македонија, Косово, Албанија и регионот.

Затоа што некои пријателства се градат преку дипломатијата, други се запечатени од историјата, а пријателството на Албанците со САД ги има и двете.

ВЛЕН верува дека ова партнерство со Америка не е само дел од историјата на Албанците, туку и инвестиција во нивната иднина, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се уредува нова парковска површина кај „Џевахир“ во општина Аеродром

Се уредува нова парковска површина од околу 3.000 м2 во непосредна близина на комплексот „Џевахир Скај Сити“ во Општина Аеродром.

Се уредува нова парковска површина кај „Џевахир“ во општина Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во активностите за расчистување на просторот што ќе прерасне во нов парк со детско игралиште, пешачки патеки, урбана опрема и зеленило.

На целиот простот ќе биде поставен и систем за наводнување, како и комплетно нови линии за осветлување.

Благодарност до компанијата „Џевахир“ за поддршката и соработката во реализацијата на овој проект со кој аеродромци добиваат ново место за одмор, рекреација и дружење.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Општина Кисела Вода се одржа втората едукативна трибина за женското здравје

Вчера, во Големата сала на Општина Кисела Вода, се одржа втората едукативна трибина за женското здравје. 

Во Општина Кисела Вода се одржа втората едукативна трибина за женското здравје

Овој настан е дел од низата активности на Општина Кисела Вода заедно со Здружението „ХЕМА-ОНКО“ во рамките на овогодишната кампања „Розев Октомври“. Настанот беше посветен на превенцијата, раното откривање и лекувањето на цервикалниот канцер. Целта на оваа средба беше преку стручни совети и реални искуства да се подигне свеста кај јавноста за важноста на редовните прегледи.

За овие клучни медицински теми, пред присутните говореа еминентни експерти: проф.

д-р Ирена Алексиевска Папештиев, специјалист гинеколог-акушер и директор на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, како и проф. д-р Виолета Клисаровска, онколог при ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.

Посебен белег на трибината остави обраќањето на Анита Бошкова, правничка и поетеса, која пред присутните го сподели своето лично искуство како пациентка, истакнувајќи го огромното значење на навременото откривање на болеста во битката за животот.

-Здравјето на жената е столб на секое здраво семејство и општество. Со континуираното организирање на вакви настани, сакаме гласно да порачаме дека раната дијагностика е од пресудно значење и дека ниту една жена не смее да биде оставена сама кога станува збор за нејзиното здравје. Општина Кисела Вода продолжува да биде силен сојузник на сите иницијативи кои нудат едукација, надеж и вистинска поддршка-изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска

Кампањата, која стартуваше од општина Кисела Вода, ќе биде заокружена со голем „Розев пикник“ на Школка во Градскиот парк на 4 октомври, соопштуваат од Општината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кузеска: Граѓаните гледаат кој медиумски ја спонзорира Платформата ЗНАМ 2.0 - покровителот е арамијата Мицкоски

Вчера објавивме кој му го плаќа лобирањето на Мицкоски во Америка.

Кузеска: Граѓаните гледаат кој медиумски ја спонзорира Платформата ЗНАМ 2.0 - покровителот е арамијата Мицкоски

Приватна фирма за муниција, оружје. FARA 6170. 1,56 милиони долари годишно. Човек уапсен за мито околу оружје. Казна платена од човек од кокаински канал.

Го објавивме и планот за рудниците - антимон, Иливица–Штука, Казан Дол. Распрoдажба на земјата.

За нив провизија. За народот отров.

Нема одговор од организираната криминална група. Има кампања против претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче.

Ги открија сите карти. Орбановите и медиумите на Вучиќ во Македонија.

Таканаречени независни аналитичари како ВМРО-овецот Јове Кекеновски. Соработници на БИА. Геро, Ивона, Латас по социјални мрежи. Ботови на СНС. Трол-фарми преку израелска фирма.

Затоа и министрите од ЗНАМ 1.0 јавно им даваат поддршка. ЗНАМ 1.0 со јавна поддршка за на ЗНАМ 2.0.

Сите заедно против единствениот бастион на слободата - СДСМ. Сите заедно против Филипче, кој секој ден се бори против оваа банда, на терен, со граѓаните, со народот што едвај го врзува крајот со крајот.

Ете, граѓаните сега имаат црно на бело. Тендери за основачите на Платформата „за иднината на Мицкоски“. 1,6 милиони евра. Помалку од Гета. Повеќе од нивната чест.

Нема да помине. Готово е со дефокусот. Со лагите. Со црните кампањи. Со Дубаи и Харис Џиновиќ.

Доаѓа време на вистина и правда. Сите ќе одговараат.

Власта ќе ја вратиме во рацете на граѓаните.

Бандата ќе одговара, рече Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер