ВЛЕН: ДУИ секојдневно губи поддршка, граѓаните зборуваат јасно - Канал 5

ВЛЕН: ДУИ секојдневно губи поддршка, граѓаните зборуваат јасно

ДУИ сè уште не може да се помири со новата политичка реалност и со губењето на поддршката кај Албанците. 

ВЛЕН: ДУИ секојдневно губи поддршка, граѓаните зборуваат јасно

Во недостаток на резултати и доверба од граѓаните, оваа партија избра напади, пропаганда и етикетирања кон секој политички противник.

Нападите кон медиумите, анкетите и јавноста јасно го покажуваат растечката нервоза во редовите на ДУИ поради континуираниот пад на поддршката.

Албанците веќе зборуваа јасно. Тие гласаа за промени, одговорност и крај на политиката на страв, договори и манипулации што со години го држеа албанското политичко претставување во заложништво.

ВЛЕН е резултат на волјата на граѓаните и новата политичка енергија што секојдневно добива сè поголема поддршка кај Албанците.

Последните анкети само го потврдуваат она што се гледа на терен: ДУИ секој ден губи поддршка, додека граѓаните сè појасно се определуваат за промените.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во економска офанзива: Ги презентираме можностите на македонската економија, голем интерес на турските компании

Ги презентираме можностите на македонската економија, голем интерес на турските компании за инвестирање во Македонија.

Мицкоски во економска офанзива: Ги презентираме можностите на македонската економија, голем интерес на турските компании

„Добар ден од Истанбул.

Овде сум заедно со владина, но и со бизнис делегација присутен.

Ја продолжуваме традицијата на организирање B2B настани и B2B средби, односно тоа што го отпочнавме во Унгарија и тоа што го продолживме во Австрија, потоа со хрватската бизнис заедница на билатералната средба во Охрид, го продолжуваме сега овде во Истанбул.

Нашата цел е нашата македонска економија и нашите бизниси да се поврзат со бизнисите овдека во Истанбул, Турција.

Постои навистина голем интерес кај турските бизнисмени за инвестиции во Македонија, а она коешто ние ќе го правиме овие два дена овде во Истанбул е да ги презентираме можностите на македонската економија и сите оние можности и поддршка што ние како Влада ја даваме за привлекување на странски директни инвестиции.

Така што еве веќе првиот дел од овој настан заврши, очекувам многу успешни состаноци, очекувам силни пораки да бидат испратени и продолжуваме да информираме од нашата билатерална посета во Истанбул, Турција.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Јамал „непознат“ за Американците

Вирално видео од Ламин Јамал во американски маркет. Нема никој околу него, никој не го препознава.

Видео: Јамал „непознат“ за Американците

18- годишниот шпански фудбалски виртуоз Ламин Јамал, една од најголемите ѕвезди на Светското првенство, е фотографирана како пазарува во американски супермаркет.

Шпанскиот крилен играч изгледа опуштено и се чини дека никој од муштериите не го препознава. Иако Шпанија има големи надежи за него, Јамал се движеше низ продавницата во Форт Оглеторп, Џорџија, сосема мирно и опуштено без вообичаената гужва која го следи кога се појавува во Европа,како да не е светски познат спортист.

Видеото објавено на социјалните мрежи од „Фокс Сокер“ стана вирално. На него се гледа како Јамал излегува од продавница со намирници без никој да го запре или забележи. Треба да се напомене дека младиот фудбалер не носел опрема за шпанската репрезентација и бил околу триесет километри од Чатануга, Тенеси, каде што е сместен неговиот тим.

Непрепознавањето на Јамал се вклопува во пошироката слика дека треската на Светското првенство сè уште не ги зафатила Соединетите Американски Држави, каде што американскиот фудбал, кошарката, бејзболот и хокејот се најпопуларните спортови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Ѓорче Петров спроведува дератизација и дезинсекција за заштита на јавното здравје

Општина Ѓорче Петров продолжува со редовните активности насочени кон заштита на јавното здравје и унапредување на хигиенските услови на својата територија.

Општина Ѓорче Петров спроведува дератизација и дезинсекција за заштита на јавното здравје

Во рамки на планираните мерки, во тек е спроведување на дератизација и дезинсекција на повеќе локации низ општината, со цел превенција од појава и ширење на штетници, намалување на ризиците по здравјето на граѓаните и обезбедување почиста, побезбедна и поквалитетна животна средина.

Градоначалникот Александар Стојкоски посочува дека ваквите активности претставуваат важен дел од континуираните напори на Општина Ѓорче Петров за создавање здрава и уредена животна средина за сите граѓани.

„Грижата за здравјето на граѓаните не е еднократна активност, туку постојана обврска. Затоа продолжуваме со превентивни мерки кои придонесуваат за поголема безбедност, подобра хигиена и поквалитетни услови за живот во секое населено место во нашата општина“, порача Стојкоски.

Општина Ѓорче Петров и во наредниот период ќе продолжи со активности за одржување на јавната хигиена и заштита на јавното здравје, како дел од заложбите за создавање чиста, безбедна и уредена општина.

Ѓорче Петров – чисто, безбедно и одговорно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер