Влегол во салон како муштерија, излегол со украдено БМВ и со продавачот на хауба (ВИДЕО) - Канал 5

Влегол во салон како муштерија, излегол со украдено БМВ и со продавачот на хауба (ВИДЕО)

Продавач во салон за автомобили во Канада поминал низ вистински кошмар.

Влегол во салон како муштерија, излегол со украдено БМВ и со продавачот на хауба (ВИДЕО)

Велат дека работата со луѓе е најтешката работа, но ова искуство надминува сè што досега е видено. Барем во светот на купувањето автомобили. Немилиот настан од Канада потврдува дека навистина никој не е безбеден, па дури ниту продавачот во салонот за автомобили.

Настанот се случил во местото Лондон, во провинцијата Онтарио. Како и секој ден, продавачот Мо Алкаиси на заинтересираниот купувач му покажувал автомобил од понудата на салонот. Младиот човек кој се претставил како клиент бил заинтересиран за скапиот БМВ М4. Тој бил толку многу заинтересиран за автомобилот , па дури побарал да го запали моторот за да може да го слушне звукот. 23-годишниот продавач не се сомневал во ништо, па ја исполнил неговата желба и го запалил моторот. И тогаш „клиентот“ сакал да направи приватен телефонски повик.

Продавачот повторно не се сомневал во ништо. „Претпоставуваше дека мора да се консултира со неговите родители затоа што тоа е голем трошок“, објаснил сопственикот на салонот Мустада Алкаиси, инаку брат на наивниот продавач. Само што влегол во автомобилот, тој го покажал својот план. Се откажал од повикот и решил да побегне со БМВ-то. Попат го собра и несреќниот продавач кој остана на предниот капак, испаничен и држејќи се за бришачите. Крадецот излетал на главниот пат, поминал на црвено светло и се обидел на секој начин да го симне продавачот од автомобилот. По еден остар завој, Алкаиси испаднал од автомобилот, а крадецот и БМВ-то исчезнале.

"Сè уште се сеќавам на сè што се случи, знаев дека во тој момент единствениот избор е да одлетам или да се борам. Поточно, да се задржам на автомобилот или да паднам и најверојатно да умрам", изјави Мо за ЦБЦ.

YouTube video

Мо поминал со полесни повреди, модринка на коленото и неколку гребаници. Крадецот и БМВ сè уште не се пронајдени. Најновиот GPS сигнал од автомобилот покажал дека БМВ се наоѓа северно од Торонто, на повеќе од два часа возење од изложбениот салон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Пратеникот Филипче да каже зошто досега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра?

Пратеникот Филипче да каже зошто до сега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра? 

Петрушевски: Пратеникот Филипче да каже зошто досега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра?

Дали распукувањето на калимерата меѓу овие двајца пратеници од редовите на СДС, воедно и поранешни владини функционери, го натера пратеникот Филипче да прозбори за како што вели тој, скандал вреден 37 милиони евра на пратеничката Славјанка Петровска, додека ја извршувала функцијата министерка за одбрана.

Доколку Филипче знаел за ова, а не пријавил, тој по којзнае кој пат прави кривично дело.

Имено, непријавување кривично дело или сторител е казниво согласно Член 364 од КЗ и за тој што свесно ќе пропушти да пријави кривично дело. А со оглед на тоа дека Филипче јавно говореше за сторено кривично дело од Петровска, го повикуваме ЈО, да го повика Филипче на информативен разговор и да ги обелодени сите информации кои ги има, а се поврзани со овој случај.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Френсис Халзен е добитник на Нобеловата награда за физика

Добитник на Нобеловата награда за физика е Френсис Халзен од Универзитетот во Висконсин. 

Френсис Халзен е добитник на Нобеловата награда за физика

Наградата му е доделена „за неговиот клучен придонес кон Опсерваторијата за неутрина ’Ајс-кјуб‘ (IceCube) и откривањето на неутрина со висока енергија од астрофизичко потекло“, соопшти организацијата што ја доделува наградата, пренесува „Гардијан“.

Опсерваторијата за неутрина „Ајс-кјуб“ се наоѓа во станицата „Амундсен-Скот“ на Јужниот пол на Антарктикот и располага со мрежа од сензори поставени под антарктичкиот мраз.

Нобеловата награда за медицина вчера им беше доделена на Карл Дајсерот (54), Петер Хегеман (71) и Георг Нагел (73) за истражување на мозочната активност, кое опфаќа проучување на јонски канали контролирани со светлина и оптогенетика.

Нобеловата награда за хемија ќе биде доделена утре, онаа за литература – ​​задутре, а Нобеловата награда за мир – во петок.

Наградата на Шведската банка за економски науки во спомен на Алфред Нобел ќе биде доделена на 12 октомври. Паричниот износ на овогодишната награда изнесува 12 милиони шведски круни, што е околу 1,2 милиони американски долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Инспекцијата на терен

Општина Карпош продолжува со редовните инспекциски контроли на терен, согласно утврдениот план за работа на инспекциските служби. 

О. Карпош: Инспекцијата на терен

Во текот на изминатата недела, контролите се реализираа во попладневните и вечерните часови, во повеќе групи и на критични точки на територијата на општината.

Покрај изречените опомени до физички лица, комуналните редари изрекоа и седум прекршочни налози за неправилно одлагање на отпадот. Инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел одржување на комуналниот ред и почиста и поуредна општина.

Општина Карпош апелира до граѓаните совесно и соодветно да го одлагаат отпадот и да придонесат за почиста и поуредна животна средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер