Влегла во маркет по хеланки и станала жртва на напад (ВИДЕО)

Приватната тренерка Софи Ен влегла во продавница облечена во хеланки кои го оцртуваат нејзиниот задник и краткиот горен дел, а поради таа облека била критикувана.

„Онаа кога те мразат затоа што влегуваш во продавница со маица“, напишала таа покрај видеото што го објави на TikTok, кое за кратко време стана вирално. Сепак, бројни коментатори под видеото беа подеднакво критични за нејзиниот избор на облека.

„На крајот на краиштата, тоа не е маица, тоа е спортски градник. Тоа е како човек да се шета низ продавница во гаќи и потоа да напише „те мразат затоа што носиш само гаќи во продавница“, напишал еден коментатор. „Можеби затоа што се однесувате како јавниот простор да е приватен простор. Почитувајте ги луѓето надвор, не се врти се` околу вас“, додаде друг.

@sopheallen

Y tho

♬ origineel geluid - Imani Verbeke 🤍

Имало и такви кои застанале во нејзина одбрана. „Луѓето навистина треба да се опуштат“, напишал коментаторот. „Тие се љубоморни“, се согласил друг.

Србија со рекорден број новозаразени од почетокот на пандемијата

Србија денеска достигна нов рекорд по бројот на заразени со коронавирус - 18.006 случаи од 39.740 тестирани примероци се потврдени во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. 

Од скоро 40.000 тестирани, 45,3 отсто од примероците биле позитивни, што значи дека речиси секој втор тестиран бил заразен со корона.

Србија на почетокот на годината имаше нешто повеќе од 2.000 заразени на дневна основа, но бројот на заразени почна нагло да расте, што експертите го поврзуваат со масовните собири за прославата на Нова година. Брнабиќ утринава гостувајќи на ТВ Прва изјави дека според податоците од осум часот ќе се постигне нов негативен и неславен рекорд по бројот на новозаразени.

„Бројките од осум наутро се катастрофални, но добро е што клиничките слики се многу поблаги“, рече Брнабиќ. Таа потсети дека се во сила голем број антиепидемиски мерки и рече дека ситуацијата би била постабилна доколку се почитуваат мерките.

Во Србија во изминатите 24 часа од инфекцијата починале 26 лица, а со 18.000 нови случаи на инфекција, вкупниот број на потврдени случаи од почетокот на пандемијата надминал 1,4 милиони. Официјално се пријавени вкупно 13.124 смртни случаи. Денеска во болниците има 2.559 пациенти, од кои 109 се на респиратор.

Шаќири: Приоритет на МОН е градење квалитетен национален образовен систем

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска одржа состаноци со раководителите од сите сектори во Министерството за да се запознае со тековното работење и заради заедничко планирање и реализирање на натамошните активности.

Како што информира МОН, Шаќири предочи дека ќе го води Министерството како прв човек на зеднички тим и очекува дека секој вработен ќе даде целосен придонес, раководејќи се од начелата на професионалност, стручност и мотивација.

– Со целото Министерство за образование и наука, во периодот што претстои, ќе продолжиме да го градиме националниот образовен систем како столб на општеството. Тоа е наш приоритет. Само преку квалитетно основно, средно и висoко образование, како и натамошни вложувања во наука, можеме да ја оствариме целта за создавање подобро општество за сите, нагласи министерот Шаќири.

Британски виролог: Влегуваме во нова фаза на пандемијата, вирусот се менува

Иако во светот расте бројот на новозаразени, па многу земји воведуваат построги мерки кои предизвикуваат незадоволство кај луѓето, експертите велат дека крајот на пандемијата конечно е видлив.

Питер Пиот, виролог од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, смета дека омикронот и вакцината се добри за колективниот имунитет.

„Влегуваме во нова фаза на пандемијата бидејќи вирусот се менува. Дека тоа го прави често доказ е оваа последна варијанта, омикрон, која побрзо предизвикува зараза, но нејзинити последици се полесни“, изјави Пиот за ХРТ.

Тој вели и дека благодарение на вакцината паѓа смртноста.

„Навистина мислам дека се движиме во насока на постигнување колективен имунитет. Имаме уште многу да научиме, но најважно е да го намалиме ризикот од инфекција“, вели тој.

притисни ентер