Влатко Лозаноски за прв пат во живо ја отпеа емотивната балада „MAJKO“

Влатко Лозаноски повторно руши рекорди! Oвојпат со новиот сингл „Мајко' за кој сними и емотивен видео запис, а темата повторно е авторско дело на братско сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветковски со кои работи од почетокот на својата кариера.

Токму и промоцијара на овој рефрен беше и причина да поразговараме со Лозано кој пред нашата камера истакна дека е пресреќен што има уште еден хит во низата.

Имавме екссклузивна можност во живо да ја чуеме и емотивната балада и тоа во придружба на Војче Петрушев кој го придружуваше на хармоника.

Истакна и дека благодарение на неговата мајка е она што е денес.

Во еден дел од песната има стих во кој Влатче порачува не жали мајко, па прашавме за што жали во животот и од кого бара утеха во такви моменти.

Најави и дека веќе има планови за следната 2020 година и работи на нови песни.

Во маестралноста и квалитетите на Лозано досега се имаме уверено многупати. Мајки само е потврда дека тој сосема заслужено го носи епитетот најдобар вокал на домашен терен. А сигурни сме и дека она што допрва ке го чуеме од него ќе биде исто толку добро и емотивно како и се што досега има сработено!

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер