Власта и опозицијата се „судрија“ за евроинтеграциите во Собранието - Канал 5

Власта и опозицијата се „судрија“ за евроинтеграциите во Собранието

Кој и зошто ги кочи европските интеграции на државава - претставници на власта и опозицијата со политички пораки на дебатен настан со граѓани наменет за улогата на Собранието во Европскиот пристапен процес. 

Власта и опозицијата се „судрија“ за евроинтеграциите во Собранието

Лидерот на СДСМ и претседател на Националниот совет за евроинтеграции – Венко Филипче им порача на присутните да не очекуваат исчекор на европскиот пат од оваа власт, додека пак, пратеничката од ВМРО ДПМНЕ и членка на собраниската Комисија за европски прашања – Ели Панова го обвини Филипче дека узурпирал дебатен настан за да држи политички говори.

Според пратеничката Ели Панова, иако мнозинството граѓани ги поддржуваат евроинтеграциите, повеќе од 80% од нив се против измена на Уставот, и му порача на лидерот на СДСМ дека уцени и притисоци нема да бидат прифатени.

Поранешниот министер за надворешни работи од редовите на ДУИ – Бујар Османи вели дека патот кон Брисел води преку Охрид и обвини за политичка агресија врз Охридскиот рамковен договор. Османи, кој беше еден од панелистите, реагираше на отсуството на министерот за европски прашања – Беким Сали, кој иако најавен, не се појави на дебатата, а според Османи, ниту го најавил своето отсуство.

Прашан за улогата на Националниот совет за евроинтеграции чијшто претседател е тој, Филипче одговори дека со анти-еу влада Советот е само про-форма без суштинско учество во спроведувањето на реформската агенда бидејќи како што кажа, на седниците некогаш и отуствуваат министрите чиешто присуство е задолжително, конкретно посочувајќи го министерот за правда – Игор Филков. На ова Панова одговори дека Филипче воопшто не е заинтересиран да го води Советот, а претходната Влада го злоупотребувала ЕУ- знаменцето за носење закони, што било и нотирано во извештаите од ЕУ за земјава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. 

Утре сончево и многу топло

Попладне наместа ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во текот на новата седмица дневната температура ќе опадне за неколку степени. Во попладневните часови, особено во понеделник ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани

Забраната за имигрантски визи за граѓани на 75 земји, меѓу кои и Македонија, воведена од администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп, денеска е поништена од федерална судијка како „спротивна на законот“, објави СНН.

Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани

Одлуката ја донесе судијката Џенет Варгас од федералниот окружен суд во Менхетен.

Таа оцени дека државниот секретар Марко Рубио ги надминал своите законски овластувања со забраната, донесена со образложение дека ќе го спречи влезот на луѓе кои би користеле социјална помош и јавни бенефиции. Судијката утврди дека американските службеници во пракса биле упатени да ги одбијат барањата за виза од апликантите, дури и од оние кои можеле да се издржуваат сами, единствено врз основа на нивната земја на потекло.

Во јануари, Стејт департментот го суспендираше издавањето имигрантски визи за земји каде што живее речиси 40% од светското население, а меѓу нив од регионот се најдоа и Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијанскиот пливач Алесио Окипинти победи на Охридскиот маратон

Италијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон.

Италијанскиот пливач Алесио Окипинти победи на Охридскиот маратон

Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5:03.44 часа.

Најдобар македонски претставиик денеска беше Петар Цеков кој низ целта мина како третопласиран.

На целта на кејот „Македонија“ пливачите ги пречека претседателката Гордана Сиљановска- Давкова која е главен покровител на маратонот.

Наградниот фонд на трката изнесува 15 илјади долари, распределни соодветно за првите тројца во двете категории

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер