Власта и опозицијата се скараа-дали Бехтел и Енка во Србија гради со ист договор како кај нас

Тврдењето на вицепремиерот Артан Груби дека договорите на Србија и Македонија со Бехтел и Енка се речиси исти, отвори жестока дебата... 

Свеченото пуштање на дел од автопат во србија од страна на српскиот претседател Вучиќ изграден од конзорциумот Бехтели Енка повторно ги скара власта и опозицијата. По објавата на веста дека Бехтел и Енка успешно реализираат проекти во соседството вицепремиерот Груби преку стаутс на својот фејсбук профил објави дека се работи за истиот конзорциум кој гради според исти договори.

„Со истиот посебен закон, со истиот договор, компанијата „Бехтел и Енка“ гради и во Србија, каде што денеска државните органи пуштија во употреба дел од автопатот. Посебен закон изгласа и Собранието, беше договорен и потпишан договор со истата фирма за изградба на коридорите 8 и 10-Д, а сега Владата плати 117 милиони евра за аванс и мобилизација. Лажните вести и блокадата на опозицијата во Собранието не можат да ја запрат градбата, само ја поскапуваат и ја пролонгираат“.

Ваквата објава од пратеникот Тони Јаревски од опозициската Вмро дпмне веднаш беше оценета како ширење на лажни вести од страна на Груби бидејќи според него Србија компанијата Бехтел и Енка ги избрала на тендер и таму се гради за многу пониска сума од кај нас. Во својата објава тој прави споредба.

1.„Бехтел и Енка“ во Србија се одбрани со тендер, кај нас директно, без тендер со договор напишан во 4 очи.

2.Автопатот со приближно иста должина во Србија вреди 750 милиони евра, во Македонија почетната вредност со истата „Бехтел и Енка“ вреди 1.350 милијарди евра.

4.Километар автопат во Србија од „Бехтел и Енка“ вреди 7 милиони евра, во Македонија 20 милиони евра.

5. Надзор во Србија е професионална фирма, надзор во Македонија е фирма за долна облека со 4 вработени.

Со став за договорот со кој Бехтел и Енка ќе градат автопати во земјава се огласија од невладиниот сектор од каде сметат дека јавноста има право да го види договорот кој се крие три месеци. Според професорката по право Мирјана Најчевска зад оправдувањето на владата дека во договорот има клаузула за тајност се крие голем сомнеж дека во него има некаква измама што секој може очигледно да ја види.

Откако ЈПДП потврди дека 117 милиони евра ќе бидат авансно платени за подготвителните работи на автопатите, дилема останува дали се точни тврдењата на Мицкоски дека до сабота на 6 мај од државната каса ќе треба да се исплатат и пенали во висина од 53 милиони евра, поради доцнењето на законот за 60-часовна работна недела... Власта негира дека пенали ќе има, но потврдува дека без законскит еизмени трошоците ќе бидат поголеми, а што точно предвивува договорот,кој е таен за јавноста, ќе имаат можност наскоро да видат само пратениците кои имаат безбедносни сертификати..

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управниот суд синоќа ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на парламентарните избори 2024. 

Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.

Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резулатите од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, односно на 22 мај.

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите беа оформени предмети и закажани во текот на вчерашниот ден.

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

 Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо постигна асистенција на натпреварот од 32. коло на шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:1).

Триесет и деветгодишниот Португалец го собори рекордот во една сезона на овој турнир. Тој има 33 гола и 11 асистенции.

Претходниот рекордер беше Абдеразак Хамдалу, кој постигна вкупно 43 поени (гол+асистенции) во сезоната 2018/19.

Ал-Наср со 78 поени и се наоѓа на второто место во поредокот. /МИА

Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе

Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите што го погодија централниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.

Претставникот на авганистанската провинција Гор, Мавлави Абдул Хаи Заем изјави дека сè уште нема податоци колку луѓе се повредени во надојдената вода.

Тој информираше дека во поплавите целосно се уништени 2.000 куќи, а двојно повеќе се делумно оштетени.

Под вода се над 2.000 продавници во главниот град на провинцијата Гор, Фероз Кох. /МИА

притисни ентер