Власта и опозицијата се обвинуваат за непотизам во судството

Има ли непотизам во изборот на судии и јавни обвинители или во потесниот круг ќе влезат квалитетни кадри по системот на заслуги?

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека со закониските измени ќе има субјективен избор, мешање на власта во комисијата што ќе го врши испитот, но и злоупотреба на европското знаменце при носење на законот, за што со писмо бил известен и евроамбасадоротСамуел Жбогар.

„Излегоа и имиња на кандидати блиски до јавни личности за кои однапред не можеме да кажеме дали се лоши или добри меѓутоа со оглед на начинот на кои влегоа преку ваков избор, утре и да станат судии или јавни обвинители ќе си носат багаж, а како личности може воопшто и да не се криви за тоа. )

Министерката за правда смета дека опозицијата манипулира.Тврди дека комисијата немала простор за влијание бидејќи и досега се работело на истот начин. Дескоска оценува дека позитивно ќе биде тоа што за разлика од досега проверката на странскиот јазик за идните кандидати на академијата ќе биде дел од испитот.

„Сега ќе се тестираат за јазик сите подеднакво без можност некој да донесе било каков сертификат кој е стекнат на нечесен начин. Имаат квалификационен испит кој што го полагаат сите кој е еднаков за сите, практичен испит и на крај интервју. Ние дури го зголемивме бројот на бодови кои треба да бидат освоени за да може да се оствари упис на академијата.

Од власта велат дека измените на законот за Академијата на судии и јавни обвинители се дел од реформските закони од правосудството.

Објавена е снимка на осомничениот за атентат врз Фицо- открива кога се решил да го нападне

Словачката телевизија Та3 успеала да добие видео од маж кој полицијата го приведе по обидот за убиство на премиерот Роберт Фицо.

Еве што изјавил осомничениот пред рочиштето.

„Не се согласувам со политиката на владата. Дали медиумите се ликвидирани, зошто се напаѓа РТВС?“ вели тој додека рацете му биле врзани зад грб.

Од говорот на видеото се гледа дека осомничениот пред еден месец одлучил да нападне, јави Та3.

Телеграф.рс не можеле да ја потврдат автентичноста на снимката.

Силјановска-Давкова изразила загриженост за атентатот врз Фицо во телефонски разговор со Маркуш

Кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова попладнево остварил телефонски контакт со амбасадорот на Република Словачка Хенрик Маркуш. 

Дознаваме дека кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова попладнево остварил телефонски контакт со амбасадорот на Република Словачка Хенрик Маркуш при што била изразена загриженост за здравствената состојба на премиерот на Словачка Роберт Фицо и неговото семејство.

Од кабинетот на Силјановска Давкова ја потврдуваат информацијата според која во разговорот со словачкиот амбасадор била изразена надеж за брзо закрепнување на Фицо и искрена поддршка за Словачка и граѓаните на оваа пријателска земја.

Бујар Османи во „Само Интервју“

Дами и господа, утре во Само Интервју ќе гостува Бујар Османи, потпретседател на ДУИ и се уште актуелен министер за надворешни работи... 

Ќе биде ли пирова победата на Европскиот фронт, кој освои 30.000 гласа повеќе од Вреди?

Кој ќе ја бара Мала Речица на гугл мапс, а кој Идризово? Дали кексите и млекото ќе му преседнат на Али Ахмети?

Ќе се помири ли ДУИ со одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да прави коалиција со албанската опозиција, или ќе се бараат „чизмите по таваните“?

Има ли или нема потпишан договор помеѓу Вреди и ДУИ за уставните измени? Кои се алтернативите за францускиот предлог, и што доколку и новата влада како и Сиљановска не користи „Северна“...

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува Бујар Османи, по вестите во 18 часот.

притисни ентер