Владините функционери трошеле помалку за угостителски услуги, телефон и авиобилети

Трошоците на сите министерства во Владата за периодот од јуни до ноември минатата година, изнесуваат 18.048.080 денари, што е над двојно помалку споредено со трошоците на министерствата на претходната влада за истиот период во 2015 година.

Трошоците на сите министерства во Владата за периодот од јуни до ноември минатата година, изнесуваат 18.048.080 денари, што е над двојно помалку споредено со трошоците на министерствата на претходната влада за истиот период во 2015 година, кои изнесуваат 41.405.076 денари, покажува најновиот шестмесечен извештај за трошоците на функционерите од актуелниот владин состав.

– Вкупните угостителски услуги во држвава и странство на министрите, замениците министри и државните секретари во 2018 година изнесуваат 7.066.165 денари и се за 2,7 пати пониски во однос на споредбениот период од 2015 кога биле 19. 132.121 денар. Овие сериозно намалени трошоци се резултат на скратените непродуктивни плаќања, и тоа во период на интензивни посети на странски делегации на државата кога секој ден, а во некои наврати и повеќе пати на ден, високи владини делегации ја посетуваа земјата како гости на владата на РСМ, соопшти денеска владината прес-служба.

Оттаму наведуваат дека се за одбележување намалените вкупни трошоци за мобилен телефон во висина од 772.286 денари во 2018 година во периодот од јуни до ноември, додека во истиот период во 2015 година трошоците за разговори на мобилен достигнале сума од 2. 602.543.денари, што е кратење на трошоците за повеќе од три пати .

Уште повидлива е, стои во соопштението, разликата и во висината на трошоците за авионски карти. Ако во 2015 година, Владата предводена од Никола Груевски потрошила 11.804.083 денари, кога земјата беше во длабока политичка изолација, во 2018 година се потрошени три пати помалку, односно 4.815. 198 денари, во период на најинтензивни преговори за напредок на нашите евро-атлантски интеграции.

Софтверското решение на алатката овозможува пристап и до наративни месечни извештаи за работата на службениците, остварени состаноци, службени патувања во странство, трошоци за репрезентација и друго, и ги прикажува податоците во форма на интерактивни инфографици со цел да ги направи попрегледни за сите во име на јавниот интерес.

Од Владата оценуваат дека алатката за отчетност и транспарентност дава резултати. Постојаниот увид во трошоците за работење на владиниот состав стимулирал наменско и домаќинско работење, паралелно со реформската агенда, зачленувањето во НАТО и интеграцијата кон ЕУ.

Линк до алатката за отчетност.https://vlada.mk/otchetnost-troshoci. /МИА

Американка живее во постојан страв од алигатори- буквално ја следат на секој чекор (ВИДЕО)

Кејти и нејзиниот сопруг живеат во изолација, опкружени со вода од сите страни, а друштво им прават чивава, птици и еден куп алигатори.

Таа е многу активна на социјалните мрежи каде открива детали од нејзиното секојдневие. Луѓето беа во неверување кога покажа како го фрла ѓубрето.

Кога е време да се фрли ѓубрето, Кејти прави посебни подготовки, бидејќи во реката Сатила во Џорџија демнат многу опасности.

Облекува специјални (водоотпорни) панталони, ги става кесите во кајакот и започнува ризична авантура.

Кејти се грижи да се движи низ матната вода, посветувајќи особено внимание на алигаторите кои демнат на сите страни. Кога ќе стигне до копното, се качува во мал теренец и вози до најблискиот контејнер.

„Денес портата беше заклучена, што е уште една пречка“, рече таа.

@southernadventurehunter Taking out the trash is a major event! ##trash #chores #dailylife #river #flooded #chorelist #satilla #kayak #4wheeler #thingstodo #gatorwaders #tuesday #tuesdayvibes #backwoods #getoutside #mosquitoes #southern #southeast #georgia #dirtroads #gators #snakes #stayhome ♬ original sound - Kayak Katie

И покрај изолацијата и секојдневните искушенија, Кејти ја наоѓа убавината во неверојатниот мир, пишува New York Post.

„Ваквите предизвици не се ништо во споредба со мојата психичка и физичка состојба. Бубачки, алигатори, змии... ништо не е важно кога имате ваков спокој и прекрасен живот“, додаде таа.

@southernadventurehunter Its come up so much since this morning! #movingwater #flooded #kayak #boat #highwater #daily #dailycommute #commute #groceryshopping #groceries #backroads #storm #rain #satillariver #riverlife #spring #springshowers #darkwater #fyp #gators #snakes #spiders #foryou #viral ♬ original sound - Kayak Katie

Кејти рекла дека куќата ја купила откако нејзините деца пораснале и почнале да живеат самостојно.

И на Јапонците им пречат туристи- ставија мрежа за да го спречат погледот на планината Фуџи

Властите во јапонскиот град Фуџикавагучико, во подножјето на планината Фуџи, поставуваат црна мрежа како екран на дел од тротоарот за да го блокираат погледот на планината и поради лошото однесување на странските туристи.

До средината на мај ќе биде завршена, мрежата ќе биде висока 2,5 метри и долга 20 метри и речиси целосно ќе ги блокира погледите на планината Фуџи, една од главните туристички атракции во Јапонија, соопштија официјални лица.

Откако беа укинати ограничувањата наметнати за време на пандемијата „Ковид-19“, странските туристи сочинуваат 80 отсто од посетителите во овој регион, делумно поради слабеењето на јенот, пренесува АП.

Локалните жители негодуваат кога посетителите го блокираат тесниот тротоар, фотографираат и зафаќаат премногу простор или навлегуваат во имотите во околните села.

Градот испробал други методи, вклучително и знаци кои ги повикуваат посетителите да не излегуваат на патот и да го користат назначениот пешачки премин на англиски, кинески, тајландски и корејски, како и ангажирање чувари.

Иако зголемувањето на туризмот ѝ помогна на индустријата, освен во Фуџикавагучико, жителите се пожалија на туристите и во Камакура и во Кјото, каде познатиот кварт на гејши неодамна одлучи да затвори некои улици за посетителите.

Европската Комисија отвори постапка против Инстаграм и Фејсбук во врска со изборите

Европската комисија денеска соопшти дека отворила формална постапка во врска со сомнежот дека компанијата Мета, сопственик на социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук, го прекршила Европскиот закон за дигитални услуги (ДСА) .

Европската комисија денеска соопшти дека отворила формална постапка во врска со сомнежот дека компанијата Мета, сопственик на социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук, го прекршила Европскиот закон за дигитални услуги (ДСА) со тоа што не ги контролирала дезинформациите и ги намалила ризиците поврзани со влијанието на овие мрежи врз „граѓанскиот дискурс и изборните процеси“.

„ЕК создаде средства за одбрана на европските граѓани од дезинформации и манипулации од трети земји. Ако се сомневаме дека се прекршуваат правилата, ние дејствуваме“, рече претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, додавајќи дека овие правила се особено важни за време на демократски избори.

„Одбраната на нашите демократии е заедничка борба на земјите-членки на ЕУ“, рече Фон дер Лајен.

ЕК во соопштението наведе дека се сомнева дека Мета не ги почитува своите обврски во врска со погрешните реклами, кампањите за дезинформација и „координирано неавтентично однесување“, како и дека ширењето на таква содржина може да претставува ризик за „граѓанскиот дискурс, изборните процеси, основни права и заштита на потрошувачите“.

Предмет на истрагата ќе биде алгоритмот на Мета, кој на своите корисници им препорачува политичка содржина, како и недостапни алатки со кои Мета, со помош на трето лице, би извршил „ефективен мониторинг на граѓанскиот дискурс и изборите“.

Мета веќе има таква алатка „CrowdTangle“, која им овозможува на истражувачите, новинарите и граѓанското општество да ги следат изборите, но почна постепено да ја исклучува, што е спротивно на насоките на ЕК за големите интернет платформи, односно оние со повеќе од 45 милиони месечни корисници, а во соопштението се забележува дека во предизборието ваквите алатки треба да се зајакнат.

Се додава дека постои сомневање дека механизмот на Мета кој им овозможува на корисниците на Фејсбук и Инстаграм да пријавуваат нелегална содржина не е во согласност со DSA и дека компанијата нема ефикасен систем за проверка на жалбите на корисниците во врска со одлуките на платформите за уредување на содржината..

ЕК наведе дека бара Мета во рок од пет работни дена да одговори што ќе преземе во однос на барањето за целосна соработка и обезбедувањето „сите потребни информации“ потребни за спроведување на проценката, по што ќе следи истрага, која може да опфати барање дополнителни информации, спроведување интервјуа и инспекции.

притисни ентер