Близначките Матилда и Марија станаа хит- сите ја видоа нивната реакција на Светското првенство (ВИДЕО)
1Близначките Матилда и Марија станаа хит- сите ја видоа нивната реакција на Светското првенство (ВИДЕО)
Други спортовиВладимир Кличко стави крај на боксерската кариераПоранешниот светски шампион во тешка категорија, Владимир Кличко објави дека става крај на исклучително богатата и успешна боксерска кариера. Со ова Кличко ги отфрли сите можност за евентуален римеч против Британецот, Ентони Џошуа од кој беше нокаутиран на мечот одржан на стадионот „Вембли“ во Лондон. „Освоив се за што сонував и сега сакам да ја започнам мојата втора кариера надвор од спортот. Не можев да замислам дека ќе имам толку долга и неверојатно успешна боксерска кариера. Благодарност до сите кои ми даваа поддршка, особено мојата фамилија, мојот тим и моите фанови кои ги имам во голем број“, изјави Кличко. 41-годишниот Украинец пред на мине во професионалниот бокс го освои златниот медал на Олимписките игри во Атланта 1996 година. Во професионалната кариера Кличко имаше 69 меча на кои забележала 64 победи, од кои дури 53 со нокаут. Првата титула светски првак ја освои во ВБО верзијата, а потоа ги освои и шампионските појаси во верзиите на ВБА, ИБФ и ИБО. Украинецот сепак не успеа да го сруши рекордот на Џо Луис кој 25 пати успешно ја бранеше титулата, додека Кличко стигна до бројката од 23 успешни одбрани на шампионските појаси. Сепак, Владимир Кличко кариерата ја заврши со два пораза во низа, и тоа од контроверзниот Тајсон Фјури во 2015, а потоа и од Ентони Џошуа во април оваа година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВидео: Пожар на островот Вис во ХрватскаГолем пожар на отворено избувна на островот Вис синоќа околу 22:30 часот. Огнот зафати борова шума и ниска вегетација во областа на Комижа, долж патот кон Подхумље, објави веб-страницата „Firefighters 193“. Сите расположиви противпожарни сили од оперативното подрачје Вис веднаш биле испратени на местото на настанот. Во интервенцијата учествуваат пожарникари од противпожарните одделенија на Комижа и Вис. Противпожарната одделенија на Комижа распореди девет возила и 35 пожарникари, а противпожарната одделенија на Вис распореди шест возила и исто така 35 пожарникари, со што вкупно на местото на настанот се наоѓаат 15 возила и 70 пожарникари. Пожарот е сè уште активен, а неговото гаснење го отежнуваат сувата вегетација и ширењето на пожарот на отворен простор. Иако немаше силен ветер во текот на ноќта, пожарот се прошири брзо во првите часови поради екстремно сувата почва. Од утрово на терен се и три авиони канадари, додека четвртиот авион пристигнува и ќе биде вклучен во гаснењето на пожарот. Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТешка сообраќајка во близина кај скопскиот аеродромТешка сообраќајна несреќа на надвозникот кај влезот на скопскиот аеродром..Автомобил се преврте од надвозникот во правец на аеродромот. Според првичните податоци на МВР повредени се повеќе луѓе. На местото на несреќата се врши увид, а засега не се познати причините за несреќата.Тагови: сообраќајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
МетеоМакедонија во топлотен бран: Од вторник променливо облачно со повремени врнежи од дождТоплото време продолжува и денеска, со температури до 39 степени. Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од источен правец. Температурата ќе се движи од 14 до 39 Целзиусови степени. Во Скопје се очекуваат температури од 21 до 38 степени. Од утре попладне, под влијание на циклонска активност, се најавува промена на времето со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се можни невреме, пороен дожд, град и силни електрични празнења. Од четврток ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието, каде повремено ќе достигнува над 50 километри на час.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook