МакедонијаВладика Петар за Канал 5: На нероден петко капа нема да му кројам, подоцна ќе излезам со деталиВладиката Петар за прват се огласи во јавноста во врска со отворањето на неговата регионална телевизија, но детали повторно не откри. Тој за Канал 5, сликовито објасни дека ќе почека прво да се отвори телевизијата, па ќе излезе со информации за медиумот предвиден да емитува забавно-општ карактер. „Додека не ја отвориме, нема зошто да даваме информации. На нероден Петко не можеме да кроиме капа. Штом ја отвориме, тогаш ќе имаме и ние точни сознанија што и како ќе биде“,изјава, владика Петар. Од друга страна, директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски не го коментира влегувањето во медиумискиот бизнис на владиката Петар, го повика да ја запознае јавноста со тоа што ќе емитува неговата телевизиска програма. „Доколку правото се искористи онака како што е предвидено во нашата правна рамка, е за поздрав. Но, треба да видиме. Немаме се уште детали. Очекувам субјектот да излезе и да ја запознае јавноста. Затоа што во еден момент тој треба да и се обрати на јавноста. Треба да емитува сингал токму за јавноста“,изјава, Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верски заедници и релогиозни групи. Уште на почетокот на овој месец, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медуимски услуги даде дозвола за отворање на телевизија на компанијата „Преобразба“, чиј основач е токму владиката Петар. Компанијата „Преобразба“ е со седиште во Скопје, во општина Гази Баба, чии дејности се производство на филмови, видеофилмови и телевизиска програма. Телевизијата ќе зрачи на регионално ниво, што го опфаќа градот Скопје и општините Чучер Сандево, Арачиново, Илинден, Петровец, Зелениково, Студеничани и Сопиште. Ако до 1-мај телевизијата не започне да зрачи во етер, АВМУ ќе му ја одземе дозволата и ќе го избрише радиодифузерот од регистарот на радиодифузери. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Технологија„Google“ во проблеми поради „Android“: Ја отстранија опцијата што им се допаѓаше на сите„Google“ се соочува со проблеми во Швајцарија, а причината е нарушувањето на пазарната конкуренција.Швајцарската комисија за конкуренција (Weko) објави дека започнала прелиминарна истрага против „Google“ поради сомневање дека неговата практика на одредување на стандарден интернет прелистувач ја нарушува пазарната конкуренција и го крши законот. Истрагата е започната поради одлуката на „Google“ да ја елиминира опцијата во Швајцарија што им овозможуваше на корисниците да го изберат стандардниот прелистувач при првото поставување на нов „Android“ уред, објавува „Swiss Info“. По отстранувањето на оваа опција, пребарувањето на „Google“ автоматски се поставува како стандарден прелистувач на новите паметни телефони, така што корисниците повеќе не можат да избираат како порано. „Google“ ја задржа опцијата за избор на стандарден прелистувач за корисниците во Европската Унија. Комисијата за конкуренција истакнува дека отстранувањето на оваа опција во Швајцарија би можело да ја намали видливоста на конкурентските пребарувачи и да им го отежни влегувањето на пазарот. Целта на прелиминарната истрага е да се утврди дали постојат основи за сомневање дека „Google“ го прекршил швајцарскиот закон за картели со ограничување на пазарната конкуренција. Регулаторот изјави дека резултатите од истрагата би можеле да бидат значајни и за проценка на слични практики во врска со стандардните поставки на други мобилни уреди. Извор: Б92Тагови: Android Google Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Левица има јавен договор со МицкоскиЛевица повторно ја игра улогата на сателитска партија на ВМРО-ОКГ. Наместо да биде дел од опозицијата, таа продолжува да ја штити власта на Христијан Мицкоски со напади врз СДСМ и со спречување на секој обид за опозициско обединување. Левица не е опозиција. Тоа е партија за ништо. -Партија против НАТО во земја членка на НАТО. -Партија против ЕУ во земја кандидат за членство во Европската унија. -Проруска партија во земја чиј стратешки партнер е Соединетите Американски Држави. Во земја каде што 77 отсто од граѓаните се за ЕУ интеграција, а 72 отсто се за НАТО, Левица отворено се позиционира против волјата на мнозинството граѓани. Тоа е нејзината единствена улога, да создава поделби во опозицијата и да му помага на Мицкоски да остане на власт. Се знаат сите кои од Левица одеа на средби со Мицкоски. Се знае и кои пратеници останаа во собраниската сала заедно со ВМРО-ОКГ во моментот кога опозицијата ја напушти седницата по напредите на Мицкоски. Тоа не е опозициско однесување. Тоа е јавна и јасна соработка со власта. Левица нема таен договор со Мицкоски. Договорот е јавен и јасен. Левица е создадена и финансирана за да ја разбие опозицијата, да ја напаѓа СДСМ и да му обезбеди на Мицкоски дополнителен глас во Собранието кога му е потребен. Кога ВМРО-ОКГ нема одговори за реформите и за европскиот пат, Левица излегува со лажни обвинувања за да го одбрани режимот. Левица не е опозиција. Таа е продолжена рака на Мицкоски. Граѓаните веќе ја препознаа оваа улога. Сателитските партии како Левица постојат само додека трае потребата од нив. Кога ќе заврши таа потреба, ќе исчезнат исто како што исчезна и ЗНАМ. Скопје, 15.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЖена убиена на улица во Германија: Сведоците го задржале осомничениот сопругЖена е убиена во центарот на Келхајм, Германија, а нејзиниот сопруг, кој е осомничен за нападот, е уапсен откако сведоците го совладале и го држеле додека не пристигнала полицијата, соопштија денес властите.Според полицијата во Хесен, маж ја нападнал својата сопруга со нож синоќа на улица, нанесувајќи и смртоносни повреди, а жената починала на местото на настанот, објавува „Дер Шпигел“. Сведоците на нападот интервенирале и го задржале осомничениот додека не пристигнале брзата помош и полицијата, кои потоа го уапсиле. Мажот бил повреден за време на апсењето, соопштија полицијата и обвинителите во Франкфурт. Мотивот и околностите на злосторството сè уште не се познати. Истражителите спроведоа истрага на лице место и форензичка работа во текот на ноќта, а полицијата соопшти дека имало многу сведоци бидејќи нападот се случил на прометна локација во близина на пазар, каде што има неколку продавници и објекти. Свештеници биле и на местото на настанот за да им дадат поддршка на присутните, а полицијата нагласила дека сведочењето на таков настан претставува голем психолошки товар за очевидците. Entsetzliche Momente in hessischen Kelkheim! Auf offener Straße hat ein Mann gegen 21 Uhr seine Ehefrau mit einer „Schnittwaffe“ getötet. Passanten mussten alles mitansehen. https://t.co/CJlOAcL9KQ pic.twitter.com/O65LNetmir — NIUS (@niusde_) July 15, 2026 Келкхајм, град со околу 28.000 жители, се наоѓа во округот Мајна-Таунус, во близина на Франкфурт на Мајна. Извор: Б92Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook