Веќе два месеци семејството на Леонид Индов чека добра вест од државата, дали лекувањето на осумнаесет годишното момче ќе продолжи во Виена? Од Фондот за здравство сеуште нема одлука, додека семејството на тинејџерот го губи трпението. Таткото на Леонид вели дека од болницата во Австрија веќе пристигнала фактура од над 100 илјади евра која треба да се плати до почетокот на мај, а во спротивно како што вели за Канал 5 неговиот син ќе треба да се врати дома.
„Министерството за здравство не плати и фонд за здраство не одговори. Јас знам дека се избори, но светот не застанал. Ако не плати МЗ како што Министерот вети јавно дали треба да го враќам назад Леонид? “- изјави за Канал 5 таткото на Леонид.
Министерот за здравство Демири денеска само кусо изјави дека Владата на една од изминатите седници донела заклучок со кој ги презема трошоците за лекување, а на утрешната Владина седница ќе утврдел дали е финализирано плаќањето за младото момче.
Од Фондот за здравство најавуваат дека следната недела ќе се одржи седница на Второстепената комисија во полн состав, а во меѓувреме одлучиле да бараат дополнителни понуди за дијафрагмален стимулатор.
„Тоа е интервенција со која ќе му се олесни дишењето на осигуреникот л.и. и ќе се намали потребата од механичка вентилација. во моментот се чекаат понуди и од други здравствени установи во странство со кои фондот соработува бидејќи одговорот од центарот во австрија каде што престојува осигуреникот не соодветствува со барањето од фондот- соопштија од фондот
Леонид Индов во моментов е на рехабилитација во Виена, откако минатата година доживеа несреќа во Грција и се здоби со сериозна повреда на рбетот. Тој до Виенската болница беше пренесен со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи.