Владата со нов пакет мерки за оштетените од поплавите

По првичната интервентна помош за населението, Владата со нов пакет мерки, овојпат за инфраструктурна поддршка, поддршка на земјоделците, санација на живеалиштата, ќе се справува со последиците од поплавите што ја зафатија источна Македонија, ја пренесе МИА информацијата од прес-конференција на владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Владата на вчерашната седница усвоила Информација која предвидува санација на живеалиштата кои се загрозени или целосно уништени од поплавите, кои ќе бидат категоризирани во четири групи согласно претрпените оштетувања од што ќе зависи висината на поддршката и помошта.

Прва категорија, појасни тој, се објекти кои немаат видливи конструктивни оштетувања, освен влагата и оштетувања на мебел и покуќнина, а во кои по нивното чистење и дезинфицирање непречено би можело да се живее.

Втора категорија се објекти кои немаат видливи оштетувања на конструктивните елементи, но за кои се потребни дополнителни санациски мерки и занатски работи како промена на под, врати, внатрешно санирање на просториите, санитарниот јазол... Трета категорија се објекти кои имаат делумно оштетени конструктивни елементи кои треба да бидат санирани со доѕидување, бетонирање..., а им се потребни и пообемни занатски работи кои би требало да бидат завршени не подолго од 10 до 30 дена.

Четврта категорија се објекти кои имаат делумно или целосно оштетени конструкциски елементи за кои се потребни поголеми санациски мерки и пообемни занаетчиски работи кои треба да бидат завршени за не повеќе од 30 дена. На лицата за чии објекти ќе биде заклучено дека не може да бидат санирани ќе биде обезбедено долготрајно сместување по критериум на лица во социјален ризик.

Тие објекти, како што истакна владиниот портпарол, ќе бидат срушени, и ќе им бидат изградени нови. Објектите би можеле да бидат изградени како монтажни. Новите живеалишта треба да бидат изградени за период не подолг од 12 месеци.

На седницата, Владата донела и одлука да биде исплатена оштета за уништените земјоделски површини.

- За таа цел во наредните денови тимови од МЗШВ ќе направат конкретна пресметка на оштетувањата на секое индивидално земјоделско стопанство, а потоа ќе биде определена сумата за помош и поддршка. Првичните проценки говорат дека вкупната површина погодена од поплавите се проценува на околу 10 илјади хектари. Од нив околу 4 илјади се под житни култури, а 600 хектари под овошен и лозов насад. Останатите 5 илјади хектари се под градинарски култури. Информациите од Земјоделски факултет и стручните служби говорат дека житните култури и овошните и лозовите насади не би требало да претрпат оштетувања од поплавите поради тоа што водата е веќе повлечена, рече Ѓорѓиев.

На владината седница, како што информира, е формиран и специјален тим кој ќе го предводи вицепремиерот Владимир Пешевски, а ќе треба да изготви извештај за вкупните инфраструктурни оштетувања и предлог-мерки за нивна санација. По завршувањето на извештајот, рече тој, ќе бидат определни и обемот на поддршката и помошта за општините во кои има вакви инфраструктурни оштетувања.

На наредната седница се очекува да се донесе одлука за отстапување на сточна храна за земјоделските стопанства од стоковите резерви на Република Македонија.

Владиниот портпарол на денешната прес-конференција информираше дека последици од поплавите претрпеле 831 семејство или околу 3.800 лица. Според него, првиот пакет мерки за интервентно и приоритетно задоволување на потребите на населението се спроведува и во текот на неделава треба да биде завршен.

- Денеска треба да биде завршена исплатата на еднократната парична помош од 15.500 денари по семејство. Средствата се трансферирани по основ на елементарна непогода и кога ќе легнат на трансакциските сметки извршителите треба да се воздржат од извршување на овие средства доколку некои од лицата имаат нерасчистени должнички обврски по друг основ, истакна Ѓоргиев.

Тој додаде дека до крајот на неделата треба да биде завршена доставата на облеката и обувките до загрозените лица. Секое од нив ќе добие по два комплети зимски и летни облека и обувки, односно ќе бидат распределни 16.200 комплети. Испорачени се вкупно 250 кутии на разновидни лекови, а во текот на денешниот ден ќе бидат испорачни уште 400 дополнителни.

Видео: Потег на годината во УФЦ 301 рингот!!

Бразилскиот боксер Мишел Переира, го изведе еден од најспектакуларните потези во „UFC 301“рингот.

Переира за 54 секунди го победи противникот, Ихори Потиерија, со спектакуларен скок и зафат наречен „гилотина“.

Переира по половина минута најпрвин со одмерена сила го собори Украинецот, а потоа со назад салто се фрли кон него и почна да го удира.

Бразилскиот борец победи за само 54 секунди, но пред тоа изведе неколку спектакуларни потези.

Судијата се обиде да ги раздвои и го прекина мечот, а Украинецот само падна на подот без свест.

Ова беше 31. победа во кариерата за Бразилецот.

Далас го продолжи договорот со Кид

НБА лигашот Далас Маверикс потпиша нов повеќегодишен договор со својот досегашен тренер Џејсон Кид, кој е на нивната клупа од летото 2021 година, јавија денеска американските медиуми.

Во две од трите сезони поминати на клупата на Далас, Кид постигна 50 или повеќе победи во една сезона (52 во сезоната 2021/22 и 50 во тековната сезона) и во двата наврати тимот влезе во плеј-офот и го помина првиот круг.

Пред две години стигна до финалето на Западот, а годинава ќе игра во второто коло против Оклахома Сити, додека минатата сезона тимот потфрли со скор од 38-44.

„Возбудени сме што тренерот Кид ќе продолжи да го води нашиот тим и во наредните години благодарение на заслуженото продолжување на договорот, изјави мнозинскиот сопственик на Далас, Патрик Думонт.

Циципас ја заврши романсата со колешката Бадоса

Убавата шпанската тенисерка Пола Бадоса повеќе не е во врска со најдобриот грчки тенисер Стефанос Циципас.

По тој повод таа преку Инстаграм остави и проштална порака:

- По внимателно размислување и многу убави заеднички моменти, јас и Стефанос решивме да се разделиме. Споделивме патување исполнето со љубов и учење и се разделуваме како пријатели со голема взаемна почит, но одиме по наш пат.

- Благодарни сме за поддршката на нашите пријатели, семејства и сите кои беа дел од нашата приказна. Додека преминуваме во ново поглавје во нашите животи, си посакуваме ништо друго освен најдобро во иднина. Љубезно бараме приватност во овој период и ви благодариме за разбирањето и почитта – напиша Бадоса.

Бадоса денес е 101. тенисерка во светот со 26 години, а своевремено беше и втора на ВТА листата.

притисни ентер