Владата на Србија одлучи да ослободи дизел од резервите - Канал 5

Владата на Србија одлучи да ослободи дизел од резервите

Владата на Србија донесе одлука за продолжување на забраната за извоз на нафта и нафтени деривати до 2 април, како и да пушти 40.000 тони дизел од резервите, со цел заштита на граѓанте и економијата поради високите цени на нафтата на светските берзи

Владата на Србија одлучи да ослободи дизел од резервите

„Забраната се однесува на извоз на дизел, бензин и нафта со сите видови транспорт, а ја продолживме како една од мерките за заштита на граѓаните и економијата од континуираниот пораст на цените на нафтата на светскиот пазар. Покрај тоа, одлучивме да обезбедиме пуштање 40.000 тони дизел од резервите како дополнителна мерка за заштита на пазарот“, изјави српската министерка за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ-Хандановиќ.

Таа нагласи дека целта на мерките - како што е намалувањето на акцизата за горива во износ од 20 % - е да се заштити домашниот пазар од недостиг на нафтени деривати и скок на цените, како и поради глобалните нарушувања на светскиот пазар поради конфликтот на Блискиот Исток и зголемувањето на цената на нафтата за 40 % во изминатите недели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десетгодишно дете пукало во маж во црковен двор во Србија- го принудил татко му

Полицијата во Уб го уапси Славко О. (44) откако, според сомневањата, го убедил својот десетгодишен син да пука во неговиот деловен партнер (25). 

Десетгодишно дете пукало во маж во црковен двор во Србија- го принудил татко му

Нападот се случил во дворот на црквата во селото во близина на Обреновац, а сè го видел свештеникот кој, според информациите од терен, бил во шок. Тој раскажал како, гледајќи го автомобилот, прво помислил дека еден од верниците доаѓа да запали свеќа. Ранетиот млад човек се опоравува во болница од прострелни рани во рацете, пишува Telegraf.rs.

Кавга поради продажба на дрва

Се верува дека мотивот за конфронтацијата, која се случила синоќа околу 21 часот, се нерешени финансиски односи од заедничкиот бизнис за сечење и продажба на дрва. За време на расправијата, Славко О. извадил пиштол, му го дал на десетгодишникот и го принудил да пука во 25-годишникот.

Страв кај мештаните

Еден од соседите што се нашол во близина рекол дека му било невообичаено да види автомобил како влегува во црковниот имот доцна во ноќта. Повеќето од мештаните сè уште не ги знаат сите детали, но меѓу луѓето владее чувство на страв. Соседите на ранетиот млад човек велат дека тој е исклучително вреден и примерен.

Осомничени со обемни досиеја

Според достапните информации, Славко О. претходно бил пријавуван за нелегално поседување оружје, кражба на шума, насилно однесување и сообраќајни несреќи. „Ова е лице кое со години пополнува полициски досиеја и е добро познато на сите оперативци на терен. Во неговото досие пронајдовме голем број извештаи, од нелегално оружје и кражба на шума до насилно однесување и сообраќајни конфликти. Сепак, дури и најискусните инспектори за овој случај беа зачудени од фактот дека тој го користел сопственото десетгодишно дете како „машина за пукање“ и ставил наполнет пиштол во рацете“, открива извор запознаен со истрагата.

Детето е згрижено, таткото е во притвор

Со брза интервенција, полицијата го блокираше подрачјето. Десетгодишното дете е безбедно, а пронајденото огнено оружје е испратено на вештачење. Ранетиот 25-годишник е лекуван во болница и е надвор од животна опасност. На осомничениот татко му е одреден притвор до 48 часа, а случајот го презеде Вишото јавно обвинителство. Поради учество на дете во нападот, Центарот за социјална работа беше итно ангажиран за да му пружи правна и психолошка поддршка на момчето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се препозна во епитетот талог и е против сѐ што носи напредок на Македонија

После прес-конференцијата на Венко Филипче сосема е јасно зошто сам се препозна во епитетот талог. 

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се препозна во епитетот талог и е против сѐ што носи напредок на Македонија

Тој и неговата партија се против се што носи надеж и напредок, и против се што обединува, па затоа е и против прославата за 35 години независност на Македонија. Само тој талог умее да подели, просее омраза и да биде против среќата на сопствениот народ.

Да потсетиме Венко беше и против покачени пензии, плати, субвенции за земјоделците, нови автопати, нови инвестиции, нови дата-центри. Тој е против се што е напредно. На власт брусеа шахти со македонско сонце, а во опозиција се против се што е македонско.

Прославата за независност имаше над дваесетина настани, а финалниот настан на концертот на Дејвид Гета имаше над 50 илјади посетители. Одговорот го доби од народот. Многу е несреќно и жално што главниот репер за култура на Венко Филипче останува концерт на Харис Џиновиќ во Дубаи, додека во Скопје само наводно и формално се бори против влез на некаков српски свет. Од талогот се претера, се наведува во апртиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: 1,4 милијарди евра за странски инвестиции, двојно повеќе од претходната влада

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговори на новинарско прашање во однос на тоа кои се резултатите коишто ги постигна Владата во последните две години во делот на привлекувањето на инвестициите.

Мицкоски: 1,4 милијарди евра за странски инвестиции, двојно повеќе од претходната влада

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа кои се резултатите коишто ги постигна Владата во последните две години во делот на привлекувањето на инвестициите и за тоа колку инвестиции влегоа во последниот период, изјави:

„Видете, она кое што можам да го кажам е дека, ако се прави анализа, да речеме во последните две години, односно во овие 24-5 месеца откако оваа Влада е избрана, вкупното ниво на странски инвестиции е некаде околу милијарда и четиристотини милиони евра, отприлика округло. И сега, секогаш ми велат не се споредувај со претходно, но ние мораме да се споредиме и со претходната Влада, бидејќи ние сме Влада којашто ја победила претходната Влада, понудила нов концепт и е избрана од граѓаните и е таму каде што е, затоа мора да се споредуваме колку и да била лоша таа. Ако ги споредиме овие две години со првите две години тогаш кога немаше кризи, тогаш ќе стане збор за споредба помеѓу, отприлика една милијарда и четиристотини оваа Влада и околу седумстотини и педесет милиони коишто ги имаше претходната Влада. Бројките се јасни, разликата е огромна, без разлика дали тоа ќе го конвертираме како бројка виза-ви глава на жител или вкупна бројка, станува збор за озбилна разлика.

Вчера имавме почеток на една огромна инвестиција, половина милијарда долари. Сопственикот на таа инвестиција рече дека ќе ја дуплира таа инвестиција. Практично тоа не е прва и последна, продолжува и понатаму, тоа е Ветерниот парк којшто ќе се протега во општините Радовиш, Штип и Карбинци. Денеска пуштаме нов производен погон во „ВИК“, овде во Прилеп, продолжуваме и понатаму.

Така што Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори, ќе повторам и меѓународната заедница, односно странски инвеститори, но и домашни инвеститори, се разбира.“, соопштуваат од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер