Владата на седница ќе ги разгледува коефицинетите за платите на функционерите - Канал 5

Владата на седница ќе ги разгледува коефицинетите за платите на функционерите

Владата на седница се очекува да ја разгледува можноста за намалување на коефициентите за пресметување на платите на функционерите.

Владата на седница ќе ги разгледува коефицинетите за платите на функционерите

Владата на седница се очекува да ја разгледува можноста за намалување на коефициентите за пресметување на платите на функционерите, кои според последната одлука на Уставниот суд предвидено е да се зголемат за неверојатни 78 проценти. Пред владата е Јана Јосифоска.

Дали има некаква одлука?

Денеска појаснување околу одлуката, која предизвика бура реакции, дадоа и од Уставниот суд. Што вели уставен?

-Одлуките на Уставниот суд се конечни, но не забрануваат интервенции од Собранието.

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Река однесе мост- возачот се спаси во последен момент, снимката е морничава (ВИДЕО)

Возач на автомобил во регионот Кемерово во Русија успеал да премине преку понтонски мост само неколку секунди пред да биде однесен од силна струја.

Река однесе мост- возачот се спаси во последен момент, снимката е морничава (ВИДЕО)

Драматични снимки го покажуваат моментот кога структурата се урива веднаш откако возилото преминало на другата страна.

Режим на висока тревога

Видео од инцидентот што се случил на 24 ноември во југозападен Сибир беше објавено од медиумот „Известија“.

Автомобилот успеал безбедно да премине, но силна струја веднаш ја одвоила структурата на понтонскиот мост во близина на селото Мајзас. Сообраќајот на мостот во моментов е прекинат.

Поради штетата, воведен е режим на висока тревога, објави шефот на регионот, Павел Камбалин.

Властите се на постојана дежурство

Тој рече дека општинските служби и одделенијата за цивилна заштита и вонредни ситуации организирале дежурство со чамци за да можат да интервенираат во случај на итна потреба за транспорт на луѓе.

Тој додаде дека во селата Мајзас и Ортон има клиники со служби за итна медицинска и акушерска нега, и дека на жителите не им недостасуваат лекови и храна. Обезбедени се и залихи со храна за училиштето во Ортон, додека надлежните служби се на терен за да проценат колку време ќе биде потребно за обнова на оштетениот мост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Коњановски: Студентската картичка преку М-услуги ќе им овозможи на студентите 20% попуст на услугите во текот на целата година

Владата покажа дека младите се еден од главните приоритети и дека вложувањето во нивното образование, развој и подобар животен стандард е важен дел од владините политики.

Коњановски: Студентската картичка преку М-услуги ќе им овозможи на студентите 20% попуст на услугите во текот на целата година

Од почетокот на мандатот веќе се преземени повеќе конкретни чекори во таа насока. Постојано се работи на отворање нови можности за вработување и самовработување на младите, реконструкција и подобрување на условите во студентските домови, воведување нови категории стипендии, како и намалување на дигиталната нееднаквост. Тоа се мерки што одговараат на различните потреби на младите и имаат за цел да им овозможат подобри услови за образование, работа и личен развој.

Владата продолжува со нови решенија преку кои студентите ќе добијат дополнителни поволности и конкретни финансиски придобивки во секојдневниот живот.

Станува збор за ново законско решение, со кое секој студент ќе добие студентска картичка, преку која студентите ќе можат да остваруваат 20% пониски цени за сите услуги што ќе ги користат преку апликацијата М-услуги.

Ова претставува дополнителна поддршка за нивниот буџет и намалување на трошоците. Студентите ќе можат да ја користат картичката во текот на целата година, а не само за време на академската година.

За подготовката на ова законско решение се вклучени повеќе надлежни институции, кои работат во меѓусебна координација. Во процесот учествуваат Министерството за образование и наука, Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат, Кабинетот на претседателот на Владата и Министерството за финансии.

Исто така, Министерството за социјална политика, демографија и млади работи на развој на посебна апликација и дигитална картичка.

Почитувани,

Нашата цел е поддршката за студентите да одговори на повеќе аспекти од нивниот секојдневен живот. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки и законски решенија насочени кон младите. Преку подобри услови за образование, нови можности за вработување и дополнителни финансиски поволности, целта е младите да имаат повеќе причини и можности да ја градат својата иднина дома, рече Дамјан Коњановски, генерален секретар на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Штерјова: Нов удар на Мицкоски врз граѓаните - поскапо парно за 20%, следува и поскапа струја

Како што рековме, секогаш кога Христијан Мицкоски ќе најави намалување следува покачување.

Штерјова: Нов удар на Мицкоски врз граѓаните - поскапо парно за 20%, следува и поскапа струја

Од следната недела следува нов ценовен удар врз семејните буџети на граѓаните.

За дури 7,56 % поскапува парното. Ова е трето поскапување од почетокот на годината, вкупно за близу 20%.

Со новата цена, едно просечно домаќинство ќе плаќа за парно околу 460 денари

повеќе месечно, во споредба со почетокот на годината.

И ова не е последен ценовен шок. Од 1 јануари следната година поскапува и струјата.

А секое поскапување на струјата повлекува и нови повисоки цени на храна и услуги.

Додека платите на граѓаните не мрдаат. Криминалната власт нема пари за мерки, нема пари за поголеми плати, има само за криминални тендери.

Со арамијата Мицкоски животот на граѓаните е претворен во преживување - во борба за опстанок.

Цените храната веќе се до плафон. Една цела минимална плата 26.000 денари оди само за храна. Како луѓето да обезбедат 71.000 денари, за да покријат само за основните животни потреби. Ниту три минимални плати не стигнуваат.

Каде се сметки, облека, превоз, трошоци за деца, кирија.

Народот живее крпен живот. Граѓаните прават математики како да врзат крај со крај од прво до први.

Наместо конкретни мерки за помош на граѓаните, владата на Мицкоски не прави ништо. Ги оставија граѓаните сами да се справуваат со растечките трошоци и не прифати ниту еден предлог на СДСМ за воведување мерки.

Одбива мерки, одби да ја покачи минималната плата на 600 евра минимална плата.

Со Мицкоски и ВМРО граѓаните се осудени на сиромаштија, неизвесност и секојдневна борба за гол опстанок, додека функционерите на власта уживаат во луксуз.

Ова не е економска политика, ниту трета економија од бајките на Мицкоски, ова е свесна политика на осиромашување на народот за богатење на неколкумина од врвот на власта!, рече Кети Штерјова од СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер