Владата на Гренланд демантира дека поканила американска висока делегација - Канал 5

Владата на Гренланд демантира дека поканила американска висока делегација

Владата на Гренланд денеска го демантираше американскиот претседател Доналд Трамп дека американска делегација, вклучително и сопругата на потпретседателот Џеј-Ди Венс, Уша, биле поканета да го посети островот.

Владата на Гренланд демантира дека поканила американска висока делегација

Владата на автономната данска територија на Фејсбук негираше дека упатила приватна или официјална покана. Во објавата се наведува дека тоа е преодна влада и се чека формирањето на нова, при што ги повика сите земји да го почитуваат тоа.

Трамп вчера изјави дека е упатена покана за посета на Гренланд, но не наведе од кого. Тој посетата ја опиша гест на пријателство.

Претходно, во американското соопштение се наведуваше дека Уша Венс заедно со едно од нејзините три деца, ќе бидат дел од американската делегација, која на Гренланд ќе престојува од четврток до сабота. Во агендата беше наведено дека ќе „посетат историски локалитети“, „ќе дознаат за наследството на Гренланд“ и ќе присуствуваат на националната трка со кучиња на Гренланд.

Премиерот на Гренланд, Муте Б. Егеде претходно ја осуди најавената посета на американска делегација, нарекувајќи ја „многу агресивен потег“.

Премиерката на Данска, Мете Фредериксен изјави дека посетата на американската делегација не е нешто што Гренланд го сака или му треба. Според неа, Данска и Гренланд се под неприфатлив притисок.

Ова е притисок што ќе го издржиме, истакна Фредериксен за Данската јавна телевизија.

Во јануари во посета на Гренланд беше синот на американскиот претседател, Доналд Трамп Помладиот.

За време на неговиот прв мандат, Трамп размислуваше да го купи најголемиот остров во светот, иако Данска инсистираше на тоа дека Гренланд не е на продажба. Граѓаните на Гренланд, исто така, решително ги отфрлија плановите на Трамп. Откако се врати во Белата куќа, Трамп неколку пати изјави дека САД ќе ја преземат контролата врз Гренланд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Разбиена шема за нелегално посвојување - мајка го продала бебето за 500 евра, кривична за шест лица

35 годишна мајка од Куманово заедно со нејзиниот партнер од Тетово го продале своето новороденче за 500-тини евра, а во текот на бременоста и биле плаќани и гинеколошките прегледи од страна од брачен пар од Скопје кои сакале да посвојат бебе.

Разбиена шема за нелегално посвојување - мајка го продала бебето за 500 евра, кривична за шест лица

Во целиот процес посредувала 63 годишна згрижувачка на деца од Скопје која воспоставила пертходен договор со брачниот пар за продажба на бебето. Во целиот случај бил вклучено уште едно лице од Скопје кое ја избегнало процедурата за посвојување на деца согласно Законот за семејство ја користела нивната бременост и тешка материјална и социјлна состојба.

„Поради тоа што не можеле да се грижат за нивните новородени деца, ги доведувала родителите во заблука и ги убедеувала да реализираат за одреден паричен надомест и други бенефиции незаконско посвојување на нивното новородено бебе“, велат од МВР.

Откако се породила жената, таа со нејзиното бебе заминале во домот на 63 годишната згрижувачка. Од нејзиниот дом било продадено новороденчето на брачниот пар и тие го однеле во својот дом. Во октомври во 2025 година бил склучен договор за заем на 500 евра помеѓу таткото на бебето и новиот родител кој му ја исплатил сумата.

Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе поднесе кривична пријава против сите инволвирани шестмина од Скопје, Куманово и од Тетово, осомничени за кривично дело „трговија со дете“, поврзано со незаконско посвојување новородено бебе за паричен надоместок.

Од судија на претходна постапка на лицата им е определена мерка домашен притвор. Засега се уште нема одговор од страна на надлежните од министерството за социјална политика дали има соменавања за лицата кои се вмешани во скандалот со продажба на децата и дали има и други случаи?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Купиле куќа за едно евро, а потоа се збогатиле од неа!

Купиле куќа за едно евро, а потоа се збогатиле од неа: Куќа од 11 квадратни метри стана светска сензација!

Купиле куќа за едно евро, а потоа се збогатиле од неа!

Куќа од само 11 квадратни метри во германскиот Рипс се смета за еден од кандидатите за најмал смештај за одмор во светот, а ноќевање во неа чини 92 фунти. Сопствениците се надеваат на официјално признавање на таа титула.

Во свет кој сè повеќе ја цени едноставноста, одржливоста и слободата, малите куќи стануваат симбол на поинаков начин на живот. Сепак, зад секој минијатурен дом не стои само практичност и естетски минимализам, туку и цела филозофија - филозофија која ја слави слободата на избор, поврзаноста со природата и креативноста во секој квадратен метар.

Она што ги прави особено интересни во 2025 година е растечкиот интерес на пазарот. Малите куќи се се повеќе барани како куќи за одмор, куќи за одмор, Airbnb домови, па дури и како алтернативна опција за урбан живот.

Нивната изградба е побрза и поевтина, трошоците за одржување се минимални, а потенцијалот за поврат на инвестицијата е изненадувачки висок.

Во мирното село Рипс, кое се наоѓа во германската покраина Мекленбург-Западна Померанија, се наоѓа куќа која привлече внимание низ целиот свет.

Со површина од само 11 квадратни метри, оваа двокатна зграда е кандидат за титулата „најмала куќа за одмор во светот“. Сопствениците, Марита Ханеман-Мос и нејзиниот сопруг Андреас Мос, ја купија напуштената куќа од тули за симболична цена од една фунта.

Иако куќата беше во лоша состојба, двојката инвестираше околу 161.000 фунти во нејзината реновација, вклучувајќи 44.000 фунти во грантови и 117.000 фунти од сопствени средства.

И покрај скромните димензии, куќата нуди сè што ви е потребно за пријатен престој.

На приземјето има компактна бања со подно греење, додека надворешно скалиште води до кујна опремена со чајник, мијалник, микробранова печка, мал шпорет и мини фрижидер. Исто така, има маса со столчиња и софа на расклопување, а стаклениот покрив им овозможува на гостите да спијат под ѕвездите. Марита и Андреас веќе поседуваат уште две куќи за одмор, но овој минијатурен дом претставува нивна најамбициозна авантура.

Нивната страст за дизајн и одржливост во комбинација со претприемачки дух, создаваат уникатно искуство за гостите. Со цена од 92 фунти за ноќевање, двојката се надева дека нивниот дом наскоро ќе биде препознаен како најмалата куќа за одмор во светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Битиќи: Економската лага на Мицкоски се распаѓа на каса во маркет

Економската лага на Христијан Мицкоски се распаѓа на каса во маркет, обвини пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, посочувајќи дека Владата со лаги се обидува од една статистичка бројка да создаде „економска бајка“

Битиќи: Економската лага на Мицкоски се распаѓа на каса во маркет

Економската лага на Христијан Мицкоски се распаѓа на каса во маркет, обвини пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, посочувајќи дека Владата со лаги се обидува од една статистичка бројка да создаде „економска бајка“, додека граѓаните секојдневно се соочуваат со сè поскапи производи и намалена куповна моќ.

„Да ја извадиме економијата од владиниот прес-центар и да ја сместиме таму каде што ѝ е местото , на пазар и во маркет. А таму со 1.000 денари може да се купат 2 килограми цреши по 140 денари, 1,5 килограм праски по 95 денари, 1,5 килограм кајсии по 130 денари, една табла од 30 јајца за 275 денари и само 150 грама пилешки стек. Значи, една илјадарка едвај покрива неколку килограми сезонско овошје, една табла јајца и мало парче месо“, потенцираше Битиќи на денешната прес-конференција.

Битиќи нагласи дека економските резултати не се мерат со политички пораки и самопофалби, туку со реалниот животен стандард на граѓаните.

„Економијата не се мери со самопофалби, туку со тоа што граѓаните реално можат да купат со својата плата, колку килограми овошје, колку месо, колку литри млеко, колку бензин, колку денови им се исполнети со достоинствен живот. Кога граѓаните плаќаат повеќе за истите производи, номиналната потрошувачка расте. Но тоа не значи подобар живот, тоа значи поскап живот“, појасни Битиќи.

Битиќи укажа на фактот дека храната и безалкохолните пијалаци се поскапени за околу 8 отсто на годишно ниво, додека инфлацијата во земјава изнесува 5,7 отсто и е повисока од просекот во Европската Унија и еврозоната.

Осврнувајќи се на владините тврдења за некаков „економски успех“, Битиќи посочи дека иако Државниот завод за статистика регистрирал раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал, истиот извештај покажува дека финалната потрошувачка учествува со дури 86,4 отсто во БДП, што значи дека растот главно се темели на потрошувачка во услови на високи цени.

„Премиерот Мицкоски прво ја прогласи Македонија за „третата најбрзорастечка економија во Европа“, а вчера ја спушти амбицијата на „првите пет земји во Европа според растот на БДП“. Но и во едниот и во другиот случај станува збор за иста политичка намера, од една статистичка бројка да се направи економска бајка, додека граѓаните живеат во кошмарна економска реалност“, рече Битиќи.

Тој нагласи дека БДП расте за 3,1 отсто, а инфлацијата изнесува 5,7 отсто, што значи дека цените растат побрзо од економијата, а граѓаните трошат повеќе пари и добиваат помалку производи за возврат.

„Владата може да слави проценти, но граѓаните секој ден бројат денари. Вистински економски напредок, постои само тогаш кога граѓаните со својата плата можат да купат повеќе, да живеат посигурно и да ја планираат иднината без страв од нови поскапувања и повисоки сметки, потенцираше пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер