Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година
2Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година
3Тренчевска: Мицкоски сака изборен грабеж – нема да дозволиме 200.000 гласови да останат без контрола
Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.
2Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.
СветКритична посета на американска делегација на ГренландДанската полиција распореди дополнителен број полицајци и кучиња трагачи на Гренланд пред посетата на американска делегација.Уша Венс, сопруга на потпретседателот Џеј Ди Венс, заедно со едно од нејзините три деца на Гренланд ќе престојува од четврток до сабота. Според соопштението, таа ќе бидат дел од американска делегација која ќе „посетува историски локалитети“ и „ќе дознае за наследството на Гренланд“. премиерот на Гренланд, Муте Егеде претходно ја осуди најавената посета на американската делегација, нарекувајќи ја „многу агресивен потег“, по гласните пораки на Трамп дека сака да го присвои арктичкиот остров.Тагови: Гренланд кучиња трагачи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦУК: Постигнавме значаен чекор кон модернизацијата на Центарот за управување со кризи Постигнавме значаен чекор кон модернизацијата на Центарот за управување со кризи и зајакнувањето на капацитетите за заштита на граѓаните и природата.Постигнавме значаен чекор кон модернизацијата на Центарот за управување со кризи и зајакнувањето на капацитетите за заштита на граѓаните и природата. За првпат, преку пилот-проект реализиран во соработка со домашна компанија, воспоставуваме систем за рана детекција на шумски пожари со интелигентни камери поставени на стратешки локации. Во моментов се оперативни поголем број камери, а во тек е проширување на мрежата на околу 50 камери, со што значително ќе се зголеми покриеноста на критичните шумски подрачја низ државата. Системот овозможува 24/7 мониторинг од Оперативниот центар на ЦУК, навремено откривање на чад и почетните знаци на пожар, како и брзо известување на надлежните институции за побрза и поефикасна интервенција. Со оваа технологија обезбедуваме: Рана детекција на чад и пожар уште во почетната фаза, пред негово проширување. Континуиран 24/7 мониторинг без прекин. Интелигентни камери со ротација од 360 степени, кои постојано го надгледуваат просторот и автоматски се насочуваат и запираат на точната локација веднаш штом детектираат чад или пламен. Автоматско известување преку е-пошта и порака до дежурниот Оперативен центар на ЦУК веднаш по детектирањето на чад или пожар. Во наредниот период ќе биде воспоставен и звучен аларм во дежурниот Оперативен центар на ЦУК, кој ќе овозможи уште побрзо известување и реакција на надлежните служби. Благодарение на поставеноста на камерите на телекомуникациски столбови, се обезбедува голема територијална покриеност и значително намалување на трошоците за поставување на системот преку искористување на постојната инфраструктура. Подобра координација на институциите при интервенции преку визуелен увид во реално време во локацијата, правецот на ширење и интензитетот на пожарот. Намалување на штетите и поголема заштита на човечките животи, шумите, имотот и природните богатства. Интеграција со системот 112, ГИС-платформите и метеоролошките податоци за побрзо и попрецизно донесување оперативни одлуки. Ова е само почеток. Пилот-проектот ќе послужи како основа за воспоставување национален систем за рана детекција на шумски пожари, кој во иднина ќе придонесе за уште поголема безбедност, поефикасно управување со природните ризици и подобра заштита на населението и природните ресурси. Директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Мухамед Али, останува целосно посветен на модернизацијата на институцијата преку инвестиции во технологија, иновации и развој на професионалните капацитети. Неговата визија е јасна – модерен, ефикасен и подготвен систем кој навремено ќе одговори на секој предизвик, секогаш во служба на граѓаните и во заштита на природата. Тагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
ЕкономијаСоветот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 годинаНа редовната седница, Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година.Според Извештајот, во првиот квартал од 2026 година, банкарскиот сектор ја задржа својата стабилност со високо ниво на солвентност и задоволителна ликвидност, и добар капацитет за справување со претпоставените шокови, како што покажуваат резултатите од спроведените стрес-тестови. Кредитирањето и депозитната активност забележаа раст и во првиот квартал од 2026 година, но побавен во споредба со претходниот квартал, најмногу под влијание на сезонските ефекти, коишто се вообичаено позасилени во првиот квартал од годината. Квалитетот на кредитното портфолио се подобри и кај секторот „домаќинства“, и кај корпоративниот сектор, што придонесе за натамошно намалување на вкупната стапка на нефункционални кредити, којашто се сведе на историски најниското ниво од 1,9%. Банкарскиот сектор остварува позитивен финансиски резултат, којшто е на ниво слично на она од истиот период минатата година, обезбедувајќи солидни показатели за профитабилноста. Народната банка и во иднина ќе биде претпазлива, постојано ќе ги следи ризиците и е подготвена да ги примени сите расположливи инструменти и мерки за зачувување на макроекономската и финансиската стабилност. На истата седница, Советот разгледа и усвои повеќе материјали поврзани со тековното работење и надлежностите на Народната банка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТренчевска: Мицкоски сака изборен грабеж – нема да дозволиме 200.000 гласови да останат без контролаПо насилното укинување на техничката Влада и рушењето на политичкиот консензус, Христијан Мицкоски сега сака да протне и Изборен закон кој отвора простор за нов изборен грабеж.Сака шверцерскиот да се воведе електронско гласање на дијаспората без соодветни механизми за контрола, проверка и гаранција за тајноста на гласањето. Додека секој граѓанин кој гласа во татковината минува низ строга процедура – проверка на личен документ, потпис во избирачкиот список и идентификација со отпечаток од прст, Мицкоски сака за околу 200.000 потенцијални гласачи во дијаспората да нема исти правила и да нема никаква контрола. Без да се гарантира дека гласот е даден лично, со можности за злоупотреби од ВМРО, со притисок, со присуство на други лица и злоупотреба на идентитетот на гласачот. Да не може да се гарантира ниту дека е почитувано основното демократско право – тајното и слободно гласање. Ова го предлага ВМРО партијата која има најтешко наследство кога станува збор за изборни злоупотреби. Денес, кога поддршката на власта опаѓа, оправдано се поставува прашањето дали Мицкоски повторно се обидува изгубените гласови во Македонија да ги надомести преку неконтролиран систем на електронско гласање. Дополнително, нема никаква причина ова решение да се носи набрзина. Предвидено е да почне да се применува дури од 2029 година. Имаше доволно време Владата да го повлече предлогот, да отвори вистинска јавна дебата и да обезбеди политички консензус за изборни правила што ќе имаат доверба кај сите. Но, власта го одби и тој разумен предлог. Кога Мицкоски одбива да прифати основен принцип тогаш сосема е јасно дека неговата цел е изборни манипулации и злоупотреби. СДСМ нема да дозволи изборен грабеж. Со 10.000 амандмани ќе ги искористиме сите демократски и парламентарни механизми за да го спречиме овој опасен обид за поткопување на изборниот процес. Нема да дозволиме да се отвори простор за манипулација со десетици илјади гласови без соодветна контрола. Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска - потпретседателка Одговор на новинарско прашање, Јована Тренчевска – потпретседателка на СДСМ СДСМ уште пред неколку месеци најави дека Мицкоски прави платформа за слабеење на партијата Социјалдемократскиот сојуз на Македонија пред неколку месеци јавно кажа дека се формира некаква платформа, која што во услови кога гласовите на ВМРО се губат, Христијан Мицкоски, формира некаква нова платформа, сè со цел да ја ослабне опозицијата. Сè она што треба да се каже, а се однесува на СДСМ од сите членови на СДСМ, треба да се каже внатре, во рамки на партијата. Секој има можност, секој има право да ги каже своите забелешки, меѓутоа во рамки на органите и телата во партијата, и впрочем и затоа и Фронтот за правда и вистина, околу кој се голем број интелектуалци, голем број граѓански организации и граѓани, кои што сè она што е забелешка го кажуваат внатре, во рамки на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook