Владата ќе поддржи договор за минималната плата меѓу работодавачите и работниците

Во втората половина на март работниците и работодавачите ќе седнат на заедничка маса во рамки на Економско социјалниот совет за да разговараат за минималната плата – најави премиерот Христијан Мицкоски. 

пари

Тој и денеска повтори дека доколку работодавачите и сиднискатите се договорат за повисок минималец од законски предвидениот тие како Влада ќе го поддржат – но доколку нема договор минималецот ќе порасне согласно законското усогласивање

„И јас како граѓанин барам раст на платите, и граѓаните и работниците заслужуваат раст на платите, што се однесува до одлуката за минималната плата очекуваме рабоптодавачите и работниците да постигнат договор и секој оној договор кој што тие ќе го постигнат ние ќе го поддржиме..... Еве јас велам ни 500 евра не се доволни, можеби треба 1000, можеби 2000 евра и тука немам никаква дилема, и јас апсолутно сум работник како и сите други работници и сакам да имаме сите ние поголеми плати....“ Христијан Мицкоскки- претседател на Влада.

Во меѓувреме поранешниот претседател на ССМ Живко Митревски со став дека предлог-моделот на ССМ за покачување на минималецот со едногодишно субвенционирање на дел од придонесите од државата, не бил соодветен, а методологијата била погрешна. На ова актуелниот претседател на ССМ Слободан Трендафилов одговори дека интересите на Митревски биле насочени кон други страни, наместо кон работниците и подобрување на нивните права.

-Зошто да биде 550 евра? Зошто да не биде 650 или 700, меѓутоа со методологија која ќе ја утврдиме заеднички со работодавачите. Можете да утврдите и 1000 евра ама ако работодавачите не можат да ја исплатат таа плата, тогаш ќе ги отпуштите работниците? Затоа кажувам дека треба нов модел и дека ССМ направи катастрофа и господинот Трендафилов,-Живко Митревски – поранешен претседател на ССМ.

- 1800 денари е нешто што слушнавме и дека претседателот на Конфедерацијата на синдикати на Македонија е пресреќен да го добие поради тоа што е законска обврска, очигледно и овој истото го смета како да им ги пишувале соопштенијата во иста кујна па да ги кажуваат истите ставови, меѓутоа тоа што ние се залагаме да го направиме е да ја надргадиме таа методологија со дополнително зголемување на минималнатга плата и на сите плати за 6000 денари, Слободан Трендафилов – претседател на ССМ.

Митревски изјави и дека се уште останува на ставот дека Трендафилов бил нелегитивен претседател на ССМ, обвинувајки дека незаконски отпуштал вработени и создал хаос во синдикатот.

На ова Трендафилов одговори дека смената на Митревски била легитимно потврдена уште во 2017 година, со одлука на делегати на конгресот и членови на Советот на ССМ.

Маж се удави додека го крштевале во езеро (Вознемирувачко видео)

Верска церемонија заврши трагично откако маж се удави во езеро во Гватемала.

Маж се удави додека го крштевале во езеро (Вознемирувачко видео)

Застрашувачката снимка го прикажува Мигел Сут (45) како стои на страната на водата длабока до половината додека членовите на христијанската црква се подготвуваат да крстат друг верник во езерото Атитлан во југозападниот град Сан Лукас Толиман, објави Дејлимаил.

Двајца мажи потоа се гледа како трчаат во водата кога лицето кое се крсти изгубило рамнотежа и паднало наназад во езерото. Сут се наведнал напред за да помогне, но и тој изгубил рамнотежа пред да исчезне под површината на водата во настанатиот хаос.

Неколку други луѓе скокнале во езерото за да го бараат Сут, а се слуша како жена извикува „Помош“. Дополнителните снимки покажаа дека групата се бори да стигне до брегот откако не успеале да го спасат Сут.

"О, се удавил. О, се удавил. Го нема", рекла загрижена жена во позадина.

„Го изнесуваат, нема спасувачи.

„И се удави оној во црно. Имаше уште еден“, рекол маж во близина на жената.

На друго видео се гледа како Мигел Сут е извлечен на брегот, каде што други верници се обиделе да го реанимираат додека не пристигнала брзата помош, која ја потврдила неговата смрт.

„Тоа беше моментална и очајна ситуација“, изјави Хуан Кук, еден од членовите на црквата, за порталот Centra News.

„Направивме сѐ што можевме да го спасиме, но не успеавме, не одговори на укажаната прва помош.“

Паника во град во Германија-сите во потера по 6- годишно дете со аутизам,го викаат и на разглас

Во германскиот град Вајлбург во тек е драматична потрага по момче со аутизам, Павлос (6), кое вчера исчезнало после училиште.

Паника во град во Германија-сите во потера по 6- годишно дете со аутизам,го викаат и на разглас

Околу 130 лица од итната помош трагаат по малото дете кое исчезнало во вторникот попладне. За него се загрижени спасувачите, семејството и целиот град.

Синоќа, откако момчето било пријавено за исчезнато, противпожарното возило емитувало гласовна порака од мајката која директно му се обраќа на момчето.

„Павлос, ова е твојата мајка. Излези и не се криј, те молам. Ни недостигаш“, рекла таа, пренесува RTL.

Од звучниците се пуштала и една од неговите омилени детски песни, пишува Билд.

Градоначалникот на Вајлбург, Јоханес Ханиш, утринава преку видео на Инстаграм вети дека секој камен ќе биде превртен додека не се најде Павлос, кој има аутизам.

Тој им се заблагодари на граѓаните за нивното сочувство и упати апел.

„Побарајте го Павлос во вашите градини, бараки, подруми и ќошиња! Ве молиме имајте ги очите отворени“, рече тој.

Можно е момчето да талкало по улиците или да се криело во канцелариите во градот. Сведоците последен пат го виделе Павлос на железничката станица Вајлбург во вторникот, откако тој го напуштил основното училиште.

Цела ноќ дежурале доброволци од полицијата, противпожарната служба, градот, спасувачките служби и Федералната агенција за техничка помош (ТХВ). Барале од воздух со хеликоптер, со брод во вода и со кучиња трагачи по нивите и ливадите. Денеска биле распоредени и хеликоптери и коњаница.

„Над 100 полицајци трагаат по Павлос“, велат властите.

Службите за итни случаи утрово одржаа брифинг.

„Потрагата ја опфаќа целата област Вајлбург. Ќе ги пребаруваме, меѓу другото, јавните згради во градот и визбите кои биле отворени во моментот кога момчето исчезнало“, изјавил за Билд портпаролот на полицијата Карстен Вернер.

Спасувачите веруваат дека Павлос можеби се криел и веројатно е исплашен.

Градоначалникот Ханиш го опиша момчето со корени од Еритреја како авантуристичко, желно да се искачи и да ужива во водата. Ова е и една од причините поради која интензивно се одвива потрагата покрај реката Лан.

Целиот град (околу 13.000 жители) френетично го бара исчезнатото дете. Многумина се надеваат дека момчето навистина нашло топло скривалиште во зграда, бидејќи ноќта надвор била студена на околу шест степени Целзиусови.

Како што информираат од полицијата, засега не се сомничи дека имало кривично дело.

Уапсена е мајка- монструм: За своето дете користела ремен со електричен шокер за кучиња

Жена е уапсена во округот Кејп Меј, Њу Џерси, поради наводна употреба на кучешки ремен со електричен шокер врз своето дете, соопшти локалното обвинителство.

Уапсена е мајка- монструм: За своето дете користела ремен со електричен шокер за кучиња

"Полицијата на Њу Џерси започна истрага на 17 март, откако дете дошло на училиште со видливи повреди на телото. Истрагата утврдила дека повредите биле предизвикани од кучешки ремен со електричен шокер.", соопшти обвинителството на Кејп Меј, пренесува Sky News.

Мајката на детето, 30-годишната Кимберли Круз-Фелисијано, е уапсена и обвинета за тежок напад, загрозување на благосостојбата на детето, манипулација на сведоци и други поврзани обвиненија.

Круз-Фелисијано е обвинета дека му се заканувала на детето со дополнително насилство доколку некому каже дека користела оглавник за кучиња со електричен шокер.

Уапсената Кимберли Круз-Фелисијано моментално се наоѓа во притворскиот центар Кејп Меј, во очекување на судење.

притисни ентер