Владата ќе го поддржи воведувањето на Bus Rapid Transit во град Скопје

На 168 седница на Владата е прифатена иницијативата за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување, Владата ќе го поддржи воведувањето на Bus Rapid Transit во град Скопје.

Владата на денешната редовна 168 седница го усвои мислењето на Министерството за правда да се прифати иницијативата за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување („Службен весник на Република Македонија“ број 20/1993), поднесено од пратениците Сашко Костов и Диме Велковски.

Законот за помилување беше изменет и дополнет во 2009 година, кога беше укинат членот 11 кој содржеше можност за помилување без спроведување на постапка, се вели во мислењето на Министерството за правда.

Според ова мислење, во март 2016 година, Уставниот суд го укина Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година, но со укинувањето на законот од 2009 година, не се враќа во сила одредбата од членот 11. Тоа значи дека претседателот на Републиката немал, ниту пак сега има правна можност да даде помилување без спроведување на постапка врз основа на тој член и според тоа сите акти за помилување на претседателот на државата засновани на член 11 од Законот за помилување објавен во „Службен весник на Република Македонија“ број 20/1993, се незаконски и како такви ништовни.

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои информација за воведување на БРТ (Bus Rapid Transit) на територијата на Град Скопје, кој претпоставува воспоставување на коридори резервирани исклучиво за капацитетни автобуси на електричен, или хибриден погон (плин и електромотори). Овој систем коридори на популарно нареченото автобуско метро ќе овозможи траса која е физички издвоена од останатите учесници во сообраќајот со што се обезбедува многу побрз и побезбеден транспорт, што ќе го направи јавниот превоз атрактивен и алтернатива на користењето на приватните возила за да се намали аерозагадувањето.

Во врска со оваа точка, Владата го задолжи Министерството за финансии да ја започне постапката со писмо за намери до Европската банка за обнова и развој за поддршка за изработка на физибилити студија, како и за можните опции за финансирање на комплетниот проект.

На оваа своја седница, на предлог на Министерството за труд и социјална политика, Владата го утврди Предлог-Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кој се предлага дополнително усогласување на пензиите, покрај редовното усогласување на уредено со член 37 став (1) и (3) од Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Дополнителното усогласување зависи е поврзано со порастот на минималната плата за повеќе од 15% и порастот на просечната плата за повеќе од 5%. На овој начин вредноста на пензијата се дава можност висината на пензиите да расте со вредноста на платата, што овозможува подобрување на животниот стандард на корисниците на пензија.

Владата денеска ја разгледа и усвои информацијата за План за Гаранција за млади 2020-2022 година, со план за спроведување на територијата на целата земја и ќе биде насочена кон сите млади лица од возрасната група од 15 до 29 години што законски престојуваат во Република Северна Македонија и не се вработени и не се вклучени во образование или обука.

Ова е третата фаза од имплементацијата на оваа мерка која во двете пилот фази по региони даде одлични резултати во процесот за вработување на младите.

Владата ја разгледа и усвои информацијата за продолжување на постоечкиот проект за изградба и опремување на спортски сали во основните училишта, и рехабилитација на основни и средни училишта за реконструкција на 30 постоечки училишни спортски сали во основни и средни училишта и за опремување на 50 постоечки училишни спортски сали во основни училишта во рамки на 5-от отворен повик на Инструментот за инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF) до Европската Комисија, најдоцна до 06.12.2019 година.

На оваа своја седница Владата го усвои предлог - закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај германската банка за поддршка на развојот КфВ за финансирање на Проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република Северна Македонија.

Владата денеска ја одобри постапката за преговори за потпишување на Спогодба меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за отворање на нов заеднички Граничен премин „Лојане-Миратовац“.

Министерството за одбрана предложи, а Владата денеска прифати да се додели хуманитарна помош на Република Албанија, која се состои од 3716 ќебиња, за потребите на настраданите во земјотресот од 26.11.2019 година кој го погоди градот Драч и околината.

Владата денеска ја разгледа и усвои информацијата за потпишување Договор за грант за набавка на музички инструменти и опрема за звук и осветлување на Национална опера Владата на Јапонија ја додели на оваа наша национална установа, се наведува во владиното соопштение.

Во поплави во авганистанската провинција Фарјаб уште 18 лица го загубија животот

Во поплави кои повторно ја зафатија северната авганистанска провинција Фарјаб уште 18 лица го загубија животот, а двајца се повредени, соопшти Министерството за бегалци, цитирано од ДПА.

Уништени или оштетени се стотици куќи, близу 200 хектари земјоделско обработливо земјиште, над 100 дуќани, амбуланта. Угинаа и животни на фарма, се вели во соопштението на Министерството.

Поплавите ја влошија и така тешката хуманитарна криза во Авганистан, зголемувајќи го бројот на жртви од многуте природни катастрофи што ја погодија земјата во последниве години.

Властите во централната провинција Гор вчера соопштија за најмалку 50 смртни случаи како резултат на обилните дождови и поројните поплави кои блокираа голем број клучни патишта во областа. Слична загриженост изразија и властите во провинцијата Бадакшан, каде што надојдените води блокираа главен пат.

Претходно оваа недела, поплава ја зафати северната провинција Баглан и животот го загубија повеќе од 300 луѓе, јави ДПА. /МИА

Мицкоски: Ќе водиме принципиелна политика со соседите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар Христијан Мицкоски денеска најави водење принципиелна политика со соседите. 

Како идна Влада, како што рече, на денешното одбележување на годишнината од Разловечкото востание, коалицијата „Твоја Македонија“ ќе се залага за принципот „своето не го даваме, туѓото не го сакаме“, потенцирајки дека нема да се прават избрзани чекори, кои можат „многу“ да ја чинат државата.

-Вие сте свесни дека дека против природата не можеме, како народ сме од најмалубројните народи во Европа. Организацијата која што има често и привилегијата да ги брани интересите на еден од најмалобројните народи во Европа - македонскиот народ, треба да е мудра. Не треба да правиме избрзани чекори кои што може да не чинат многу. Подобро да се придвижуваме за милиметар, но тој чекор да биде цврст. Мора да сме трпеливи, мора да сме попаметни, тројно попаметни од сите и помудри, затоа што само така можеме да опстанеме во круг на многу предатори кои што верувајте не сакаат да ја видат Македонија успешна, не сакаат да ја видат Македонија просперитетна, среќна, Македонија полна со граѓани кои што се задоволни. Тоа го видовте уште во првите денови кога ние не бевме се уште разбудени од оној историски резултат на 8 мај, а веќе почнаа страстите да се вжештуваат, но не само наоколу туку и дома, рече Мицкоски.

Како идна Влада, додаде, победничката коалиција е подготвена сите тие предизвици да ги совлада, како што рече, трпеливо и со паметна политика која како таква политика ќе се води со соседите.

-Ве повикуваме на градење мостови, ги повикуваме сите на заедничка соработка во рамките на овој наш преубав Балкан. Што се однесува до меѓународната политика нема никогаш да не видите како коленичиме, како се вовлекуваме или како се понижуваме самите себе. Имав можност изминативе години да среќавам светски авторитети од Вашингтон преку Брисел и Берлин и останатите светски важни главни градови. Ништо повеќе за мене не е инспиративно отколку овој преубав македонски народ и ова преубава наша македонска држава, така што ќе имаме и кон нив една политика која што ќе се темели на аргументи, бидејќи никогаш не се плашиме да ги вкрстиме нашите аргументи со аргументите на нашите соговорници, додаде Мицкоски.

Мицкоски отфрли какво било беспотребно иритирање кон соседите, напоменувајќи дека сепак треба да се почитува елементарното човеково право кое е загарантирано.

Калињак: Словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

 Словачкиот премиер Роберт Фицо е надвор од животна опасност по обидот за атентат, изјави денеска министерот за одбрана и вицепремиер Роберт Калинак за словачката новинска агенција ТАСР.

Состојбата на Фицо се подобрува и вчера беше соопштено дека е стабилизирана, според министерката за здравство Зузана Долинкова.

Лекарската комисија утре треба да одлучи дали тој ќе биде префрлен. Фицо моментално се опоравува во универзитетската болница во Банска Бистрица.

Фицо беше тешко повреден на 15 мај, по седницата на Владата во градот Хандлова, кога 71-годишниот писател Јурај Цинтула, од непосредна близина неколку пати пукаше со пиштол во него. Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување вчера му одреди притвор на Цинтула. /МИА

притисни ентер