Владата ја усвои и даде поддршка за Концепцијата за основно образование - Канал 5

Владата ја усвои и даде поддршка за Концепцијата за основно образование

Владата на денешната седница даде целосна поддршка и ја усвои Концепцијата за основно образование за која во подготовката беа вклучени сите засегнати страни.

Владата ја усвои и даде поддршка за Концепцијата за основно образование

Се слушнаа и се прифатија стручни мислења од експерти, универзитетски професори, претставници од МАНУ, наставници граѓански и меѓународни организации.

Како што соопшти владината прес-служба, во подготовката на документот од самиот почеток активно беше вклучен и репрезентативниот синдикат СОНК, а се одржаа низа консултативни состаноци со засегнати страни и широка јавна расправа во Собранието.

Со дел од усвоените стручни мислења, Концепцијата за основно образование во фокусот ги става учениците и нивното право на квалитетно образование.

Концепцијата е во најдобар интерес на децата и во насока на создавање едуцирани и одговорни граѓани, воспитувани во духот на граѓанските и демократските вредности на општеството што е и основен постулат на Конвенцијата за правата на децата на ООН, стои во соопштението.

Натаму се додава дека посебно место во Концептот на основно образование има континуираниот професионален развој на наставниците насочен кон стекнување и пренесување нови знаења за практичниот аспект на работата според стандардите за квалитет на воспитно-образовниот процес согласно европските трендови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно време со врнежи од дожд и температура до 14 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. 

Утре променливо облачно време со врнежи од дожд и температура до 14 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

6 Крушево, Попова Шапка, 9 Берово, 10 Претор, Струмица, Маврови Анови, Лазарополе, 12 Тетово, Охрид, Прилеп, Штип, Демир Капија, Гевгелија, 13 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Кавадарци, Крива Паланка, Битола, 14 Скопје-Петровец, Виница.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Во најголем дел од земјава денеска преовладуваше сончево време со мала до умерена облачност, а само во југоисточните делови се задржа претежно облачно. Во утринските часови имаше појава на магла по одделни котлини. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.

Попладнево облачноста насекаде ќе се зголемува. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Страшна железничка несреќа во Египет: Најмалку четворица загинати и стотина повредени (ВИДЕО)

Најмалку 120 лица беа повредени денеска кога четири вагони од патнички воз излетаа од шините во близина на селото Герза во египетската покраина Гиза откако се судрија со друг воз, недалеку од Каиро.

Страшна железничка несреќа во Египет: Најмалку четворица загинати и стотина повредени (ВИДЕО)

Најмалку 120 лица беа повредени денеска кога четири вагони од патнички воз излетаа од шините во близина на селото Герза во египетската покраина Гиза откако се судрија со друг воз, недалеку од Каиро, објавија локалните медиуми.

Несреќата се случила во областа Ал Ајат, по што на местото на инцидентот биле испратени 50 амбулантни возила, екипи за цивилна одбрана и безбедносни сили, објави Галф њуз.

Повредените биле однесени во блиските болници во покраината Бени Суеф, додека болниците во Гиза биле ставени во состојба на готовност за лекување на повредените.

Машиновозачот загинал во несреќата, објави Ал Арабија.

Министерството за здравство првично испратило 20 амбулантни возила на местото на несреќата, но нивниот број бил зголемен на 50 откако станало јасно дека бројот на повредени е поголем од првично проценетиот.

Некои медиуми во Египет објавија дека бројот на повредени надминал 150.

Екипи за цивилна одбрана, безбедносни сили и амбулантни возила се упатиле кон местото на несреќата, додека крановите биле распоредени за отстранување на излетаните вагони од шините и расчистување на шините.

Египетското јавно обвинителство започна истрага за причините за железничката несреќа и ѝ наложи на полицијата да спроведе потребни проверки и да ги испраша сведоците и повредените патници.

Околностите на несреќата сè уште се утврдуваат, а железничкиот сообраќај во регионот останува нарушен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 27 загинати во воздушен напад врз село во Јемен

Најмалку 27 лица загинаа, а 36 се повредени во воздушни напади врз куќи во селото Ал-Шарија, недалеку од главниот град на Јемен, Сана. 

Најмалку 27 загинати во воздушен напад врз село во Јемен

Повеќето од загинатите се жени и деца, соопшти портпаролот на министерството за здравство под контрола на Хутите, пренесува „Скај Њуз“.

Портпаролот Анис Ал-Асбахи во изјава за Асошиејтед Прес ја обвини Саудиска Арабија за нападите. Засега нема независна потврда за одговорноста за нападот.

Граѓанската војна во Јемен нагло се интензивираше откако во текот на летото пропадна повеќегодишното примирје. Борбите се засилија меѓу Хутите, кои имаат поддршка од Иран и контролираат делови од северот и западот на земјата, и нивните противници на југот и истокот, кои ги поддржува Саудиска Арабија.

Претставници на Хутите тврдат дека во воздушен напад врз пазар во Јужен Јемен претходниот ден загинале најмалку 30 лица. За одговорноста за тој напад меѓусебно се обвинуваат Хутите и јеменската војска, која има поддршка од Саудиска Арабија.

Обновувањето на борбите предизвикува страв дека земјата повторно ќе се најде во најтешката фаза од граѓанската војна, која трае повеќе од една деценија и предизвика една од најтешките хуманитарни катастрофи во светот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер