Владата и ССМ потпишаа нов општо колективен договор за јавниот сектор

Од КСС остануваат на ставот дека Општиот колективен договор што беше потпишан вчера нема да ги реши проблемите со примањата во јавниот сектор, бидејќи во здравството и образованието се уште има вработени кои земаат плати и под минималецот. 

Како аргумент плус, зошто овој договор е штетен – според нив е дека во 2024тата година нема да има никаков раст на платите, а се ускратува и законското право за усогласување согласно минималната плата. Од КСС велат дека револтот кај членството е голем и не исклучуваат протести и штрајкови.

„Имаме луѓе кои се болничари, транспортери никој од нив нема да види бенефит од ова 10% зголемување, бидјеќи не се усогласени платите.. До 2025та ќе имаме околу 13% покачување за година ипол, а самите функционери само во 2024та со усогласување ќе добијат уште 17% зголемување..Тоа што споменуваат преку гранкови дека може поединечно да преговараме, тоа ќе биде како на долг стап со морковот..“ изјави за Канал 5 Предраг Серафимовски, Синдикат за здравство / КСС.

Вчера ССМ и Владата ставија потпис за 10% зголемување на платите во септември, и 10 илјади К-15 до крајот на годината. Просечната плата ќе стане основица за пресметка на примањата, од март 2025тата а оттогаш и регресот за годишен одмор ќе изнесува 30% од просечната нето плата. Двете страни договорот го оценија како историски.

Експертите велат дека неизбежно беше да се интервенира во платите и кај буџетарите, бидејќи инфлацијата ги изеде и нивните примања. Но, ова нема да донесе поефикасна јавна администрација, сметаат универзитетските професори Борче Давитковски и Марјан Петрески.

„Поголема ефикасност сигурно ќе нема а и ефикасноста на јавните органи не верувам дека ќе се зголеми. Се додека јав.адм. е во функција на остварување на целите на актуелната власт, а не е сервис на граѓаните, се дотогаш ќе имаме партиска, нефункционална и бирократизирана администрација. Не е до платите, треба да се смени кодот на вработените во јавниот.адм. дека тие примаат плата од буџетот (од граѓаните), а не од Владата. Само со вистински реформи во јавниот сектор може да се очекува некој бенефит за граѓаните.“ Борче Давитковски, универзитетски професор.

„Структурата на платите е еден сегмент од проблемот на ефикасноста на јавната администрација и не треба да се поистоветува со општо зголемување на платите. Таа треба да се реформира во насока што ќе ги награди административците кои се продуктивни и се на клучни позиции, посебно оние сврзани со реформските процеси, и значајно над сегашното ниво, а ќе обесхрабри желба за работа во јавниот сектор затоа што “таму ништо не се работи” или затоа што “работата е лесна”. “ Марјан Петрески, професор економија.

Последното истражување на Институтот Фајненс тинк покажува дека продуктивноста на јавната администрација последнава деценија е значително опадната и пониска од онаа во приватниот сектор. Но, просечната плата во јавниот сектор и образованието заостанала зад онаа во приватниот и здравството.

Убил жена лекувајќи ја со „терапија со шлаканици“, таа верувала дека ќе се излечи од дијабет

Хонгчи Ксијао (60) е обвинет за убиство од небрежност од крајно невнимание, откако 71-годишната Даниеле Кар-Гом починала за време на „терапија со шамари“ во селски хотел во Велика Британија.

Даниел Кар-Гом починала додека учествувала на работилница во Клив Хаус во Сенд, Вилтшир, на 20 октомври 2016 година, пишува „Гардијан“.

Работилницата вклучувала „паида лајин терапија“, при што пациентите биле шамарани или самите си удирале шлаканици. Кар-Гом, од Луис, Источен Сасекс, присуствувала на работилницата верувајќи дека тоа ќе ѝ помогне на нејзините проблеми со дијабетес.

Полицијата во Вилтшир во четвртокот соопшти дека Хонгчи Ксијао, од Клаудбрејк, Калифорнија, е обвинет за убиство од небрежност од крајно невнимание.

„Тој се врати во Британија од Австралија по налог за екстрадиција и беше одведен во притвор во Гејблкрос во Свиндон, каде што е обвинет. Ова се однесува на смртта на Даниел Кар-Гом во Клив Хаус, Сенд во октомври 2016 година“, соопшти полицијата.

Семејството на Даниел Кар-Гом претходно изјавило дека таа прифаќала алтернативна и холистичка медицина и терапии.

Роден во Франција, Кар-Гом се преселила во Велика Британија на 21-годишна возраст. Во 1999 година ѝ бил дијагностициран дијабетес, но се борела со инјектирање инсулин поради стравот од игли.

„Секогаш сакаше да најде алтернативни методи за лекување и справување со дијабетесот и беше многу заинтересирана за алтернативна и холистичка медицина и терапии. Знам дека беше очајна да се обиде да се излечи од оваа болест. Секогаш водеше здрав начин на живот и беше тврдоглава дека ништо нема да ја спречи да го живее животот во потполност. Во последните години, мама имаше одличен однос со партнерот, прекрасен дом и го обиколи светот. Имаше многу живот во неа“, изјави нејзиниот син Метју Кар -Гом, кој живее во Нов Зеланд.

Тој додаде дека смртта на неговата мајка е „голем шок“ за семејството.

Методот Paida lajin вклучува пациенти кои се шлакаат едни со други или самите себе. Името „паида“ доаѓа од мандаринските зборови за шлакање по кожата, додека „лаџин“ значи усвојување положба за истегнување на мускулите, пишува „Телеграф“.

„Паида“ и „лаџин“ се поврзуваат со концептот на традиционалната кинеска медицина „ша“, идејата дека крвта е отруена од токсини и треба да се исфрлат. Се смета дека шамарите ја подобруваат циркулацијата и ја истакнуваат „шата“.

Методот е критикуван бидејќи нема научна основа.

Обвинетиот Ксијао е „природен исцелител и основач на „Институтот Паилала“ во Калифорнија“ и напишал книга „Исцели се природно“, истражувајќи ги придобивките од „паида лајин“. Водел работилници за вежбање ширум светот.

На веб-страницата на Институтот Паилала се продаваат преносливи клупи за лаџин и рачно обликувани „шлапчиња“.

„Нашата мисија е да го трансформираме нашиот свет во поздраво место, овозможувајќи му на секој од нас да ја разбуди нашата вродена моќ за самолекување да се лекува себеси, намалувајќи ги трошоците за лекување и поврзаните потенцијални несакани ефекти“, се наведува на веб-страницата.

Во 2019 година, Мартин Ледвик, главна медицинска сестра во Cancer Research UK, рече: „Paida la]in е исклучително опасна. Ги повикуваме луѓето да не учествуваат во оваа небезбедна практика“.

„Не може да биде позагрижувачки од тоа да се види нешто како ова на рекламата, наместо да се оди на лекар, а неговите тврдења за ракот немаат никаква врска со научните факти“, додаде таа откако слушна дека пациентите со рак се охрабруваат да ја користат оваа терапија.

„Дајагнозата на ракот може да биде неверојатно тешка, па затоа е разбирливо зошто пациентите бараат алтернативни третмани, но на никој болен од рак не треба да му се понуди ова болно и ужасно искуство“, заклучи Ледвик.

Мегапроект од 4 милијарди евра: Шпанија пушти во употреба супер модерна пруга

Новата брза железничка линија што го поврзува Мадрид со северниот регион Астурија беше отворена во средата.

Изградбата на таа позната пруга започнала во 2004 година и требало да биде завршена до 2010 година, но геолошката сложеност на областа го одложила проектот и ги зголеми трошоците на околу 4 милијарди евра, јавува Анадолија.

- Конечно дојде денот. Шпанија е поблиску до овој регион благословен со уникатна убавина, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез по пристигнувањето во Овиедо - главниот град на Астурија. Патувањето од Мадрид до Овиедо траеше 3 часа и 10 минути во споредба со 4 часа и 24 минути на старата железница.

Откако Владата напролет ќе набави нови возови кои ќе можат да се движат со брзина од 275 км/ч, патувањето ќе трае 2 часа и 42 минути. Астурија е мал планински регион на северниот брег на Шпанија, има околу еден милион жители, што е намалување за 13 проценти во споредба со 1985 година. Иако бројот на жители е ист како во 60-тите, сега има за половина повеќе деца.

Со оглед на тоа дека туристичкиот сектор во регионот рапидно расте, според владините проценки, бројот на патници ќе се зголеми од 230.000 на 600.000. Тие исто така веруваат дека овој потфат ќе ги подобри трговските услови бидејќи возовите ќе можат да го удвојат товарот, што ќе ги намали трошоците за компаниите за две третини.

Заедничката студија на владата и Универзитетот во Овиедо проценува дека возот ќе додаде меѓу 23 и 40 милиони евра годишно на економијата во регионот. Новата брза линија го заменува кривулестиот дел од пругата што првпат бил отворен во 1884 година, еден од најкомплексните железнички проекти во своето време.

Најсложените 50 километри од новата железница минуваат низ 12 тунели, вклучувајќи го и оној долг 25 километри - седмиот најдолг тунел во Европа. Со повеќе од 4.000 километри, Шпанија ја има втората најдолга брза железничка мрежа по Кина.

Мајка- монструм од Австрија: Го чувала синот (12) во транспортер за кучиња и го измачувала

Во Австрија во тек е судењето на две жени, кои се обвинети дека измачувале 12-годишно момче речиси до смрт.

Грозоморниот случај бил откриен минатата година во Долна Австрија, а неговата мајка (33) и нејзината наводна партнерка (40) се обвинети за тортура на малолетник.

Малото момче го затворале во транспортер за кучиња со димензии 52х40 сантиметри секој ден и постојано го мачеле. Момчето од сигурна смрт го спасил социјален работник.

Во моментот кога е пронајдено момчето, неговата телесна температура била 26,8 степени, а детето било премногу слабо бидејќи мајка му и нејзината девојка го изгладнувале.

Постарата обвинета ја негира вината, иако во нејзиниот телефон биле пронајдени пораки што ги разменила со мајката на момчето. Имено, тие си праќале фотографии од измаченото дете заедно со морничави пораки и гифови. На многу фотографии изгладнето момче е свиткано на земја.

Малото момче, кое сега има 13 години, пред судот изнело детали за ужасната тортура што ја трпело подолг временски период во последните недели.

Со него психолозите внимателно ги проверувале сите детали од ужасите што се случиле во куќата на неговата мајка.

Момчето било претепано, полеано со вода, додека крпа му била ставена на лицето, врзан и затворен во транспортер за кучиња во многу ладна просторија. Мајка му не му давала ништо да јаде неколку дена.

Тој последен момент бил спасен во ноември 2022 година во. Лекарите рекле дека веројатно немало да преживее уште еден ден со тортура.

Неговата мајка и нејзината девојка се обвинети за обид за убиство и се соочуваат со децении затвор.

За време на неговото сведочење пред судот, детето не можело или не сакало да се присети на бројни детали од неговото мачење, но постојано потврдувало дека го преживеал пеколот и дека двете жени учествувале во неговото мачење.

притисни ентер