Предлог законот за правична застапеност го мина владиниот филтер, сега оди на мислење во Венецијанската комисија, па дури потоа во собраниска процедура.
Со личен документ в рака секој оној кој ќе аплицира ќе мора да покаже и докаже кој е, рече премиерот Христијан Мицкоски, кој по владината седница заедно со вицеремиерте Меџити и Фетаи на прес конфренеција соопштија дека целта на владата со новото законско решение е една а тоа е администрацијата да биде вистински сервис за сите граѓани.
Законот, како што посочија е во согласност и со Уставот и со Охридскиот рамковен договор, а околу методологијата, премиерот вели таа ќе се доизработи по формирање на координативното тело.
Пред да биде донесен, за предлог законот, од влада велат, ќе има и јавна дебата на која ќе бидат слушнати забелешките од сите засегнати.
„Таа ќе биде дополнително изработена откако ќе биде формирано координативното тело кое ќе го коориднира еден од потпретсдателите на Влада и во него ќе членуваат и членови на влада кој што ќе има за цел да го надзира имплементирањето на законот, но заедно со агенцијата ќе ...... “
Според Меџити иако ова прашање со закон требало да биде решено многу порано, вели, ова е историски момент, и за прв пат според него правичната и соодветанта застапеност како уставна категорија од 2001 година добиваат јасно и целосно законско решение.
„Предлог законот гаранитра еднаква пристапност во вработување и унапредување во јавната администрација, правична и соодветна засптапеност во сите институции но и обезебдеување во вработувањето врз основа на заслуги и квалифицкаиии на секој поединец...“
Претходно на панел дисусија по повод 100 дена влада, вецепремиерот Фетаи, кој беше дел од работната група што го изготви законот, рече дека методологијата, ќе се базира на последните резултати од пописот, но како што рече законот не определува дали се работи за резидентно или нерезидентно население. Одговорноста ќе ја имаат Координативно тело и Агенцијата за администрација. Од ДУИ пак и денеска реагираа за предложениеот закон. Според нив наместо балансерот се носи нејасна неефикасна и политички стерилна структура како што е координативното тело.