Владата го разреши директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски

Владата го разреши директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

Тој не прифати да го потпише решението за вработување на 35 рамковни вработени во инспекторатот..

Премиерот Зоран Заев утринава се сретнал со колегите на Пауновски но последната одлука ќе ја носат сите министри. Премиерот иако претходно рече дека очекува вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски да почне постапка за разрешување на Пауновски, а вчера повтори дека останува на тој став, денеска не сакаше директно да одговори кој став ќе го заземе на владината седница.

Отворените препукувања помеѓу премиерот и директорот на пазарниот инспекторат почнаа откако Пауновски преку медиумите се изјасни дека поголемиот дел од 35-те прераспределени рамковни административци поради несоодветно образование не се прифатливи за Инспекторатот и тврдеше дека за истото благовремено писмено ја известил владата, но не добил повратен одговор.

Тој изминативе неколку дена воопшто не се појавуваше во јавност а и ретко одговараше на телефонските повици. Единствено што порача по најавите за разрешување е дека ќе ја почитува владината одлука.

Пред Владата е Катерина Капкоска..

Ирачкиот премиер изрази сочувство до иранскиот народ

Ирачкиот премиер Шија ал-Судани изрази солидарност со иранскиот народ по смртта на Ебрахим Раиси.

„Со длабока тага и жалост ја примивме трагичната вест за смртта на претседателот на Исламската Република Иран, Ебрахим Раиси, министерот за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахиан и нивните придружници, како последица на несреќа во северен Иран“, наведе Ал Судани.

„Изразуваме искрено сочувство до врховниот лидер на Исламската Република Али Хамнеи и до нацијата на Иран, нејзината влада и народ. Ја изразуваме нашата солидарност со братскиот ирански народ и со претставниците на Исламската Република за време на оваа болна трагедија“, додаде ирачкиот премиер.

Мадуро изрази сочувство до Иран за „безусловниот пријател“ Раиси

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изрази сочувство до Иран и неговиот врховен лидер Али Хамнеи, велејќи дека Ебрахим Раиси е „безусловен пријател“ на Венецуела.

„Топла прегратка од Боливарската Република Венецуела. Ти, Иран, си пример за достоинство, морал и отпор“, напиша Мадуро во објавата на социјалните мрежи.

Царинска управа: Одземена дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец

Одземени се 30 грама дрога и пиштол од скопјанец, по заедничка акција на инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа и крим полицијата при МВР.

Дрогата е откриена при претрес на лицето извршен откако истото подигнало пратка во Пошта пристигната од Германија. Во координација со дежурен јавен обвинител, инспектори од Секторот за контрола и истраги заедно со припадници од МВР извршија и претрес во домот на лицето каде е пронајден пиштол кој е одземен од страна на царинските инспектори, соопшти Царинската управа.

Против лицето ќе биде поведена кривична пријава до Основното јавно обвинителство.

притисни ентер