Владата го осудува палењето стрништа и апелира до граѓаните да се воздржат да палат оган на отворено

Владата најостро го осудува палењето стрништа или оган на отворен простор што предизвикуваат пожари, и воедно упатува апел дека институциите редовно ги следат сите локации низ земјава со цел да се превенираат предизвикани пожари.

Во соопштението се наведува дека лица кои ќе се затекнат како палат оган на отворен простор и кои предизвикуваат пожари поради палење стрништа, ќе подлежат на законски санкции. Во соопштението се информира дека досега се поднесени осум кривични пријави за предизвикани пожари а за кривичното дело,, предизвикување на општа опасност“.

Државните инспекторати за земјоделство , за шумарство и за ловство вршат постојани контроли на терен со цел превенција од пожари . Во соопштението се апелира граѓаните да не палат оган на отворен простор на необезбедени места, меѓи и други површини, да не фрлаат шишиња и друга стаклена амбалажа и отпад, да не вршат палење отпад и друг запалив материјал и да не фрлаат остатоци од цигари на отворен простор.

Поради појавата на шумски пожари од 29-ти овој месец се воведе забрана за движење во шума. За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност.

Забраната не важи за движење во парк шумата Водно, Гази Баба, како и за организирани тури на туристи со надлежно лице.Истовремено, се повикуваат граѓаните да пријават сомнителни места кај што има оган или чад на броевите 195 и 192.

Активни пожари на отворен простор до 13.00 часот 31.3.2019

Скопски регион

Пожарот на м.в.Љуботенски Бачила е активен, од ЕЛС Бутел е побарано ангажирање на авионите на ДЗС.

Кумановски регион

Од утринските часови вработени од ШС интервенираат на активни жаришта на опожарената нискостеблеста дабова шума од вчерашниот пожар во атарот на с.Живиње (опш.Куманово) – с.Сушица (опш.Петровец).

Во интервенцијата учествуваат и ТППЕ Куманово.

Струмички регион

Активен пожар има во атарите на селата Свидовица и Куклиш со кој опожарена е мешана шума, нискостеблеста даб и габер на површина од околу 5 хектари. Интервенираат вработени од ШС Беласица – Струмица и ТППЕ Струмица.

Охридски регион

Во општина Македонски Брод активен е пожарот во атарот на с.Рамне каде гори ниска деградирана шума и смрека. Од утрово интервенираат вработени од ШС Сандански – Македонски Брод.

Пожарите во атарите на селата Горно Ботушје и Црешово се ставени под контрола.

Велешки регион

На територијата на општина Чашка има два активни пожари и тоа: Во атарот на с.Црешнево каде интервенираат ШС Бабуна – Велес и ЈКП Тополка – Чашка и во атарот на с.Мокрени каде интервенираат од ШС Бабуна.

Штипски регион

Во општина Кочани, пожарот кај с.Пресека (близу манастирот) сеуште е активен и опожарена е борова шума. Интервенираат од ШС Осогово - Кочани, од Шумска полиција и ТППЕ Кочани.

Во општина Берово, пожарот кај с.Владимирово каде гори папрат и дабова шума е се уште активен. Интервенираат од ШС Малешево, месно население и од шумската полиција.

Тетовски регион

Пожарот кај с.Седларево е локализиран.

Одделение за односи со јавност на ЦУК

Ердоган: Споровите околу изворите на вода предизвикуваат конфликти низ светот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека поради негативните ефекти од климатските промени, изворите на вода и резервоарите стануваат подрачја на конфликти ширум светот.

„Многу конфликти во Азија, Америка, Северна Африка и Блискиот Исток произлегуваат од споровите околу изворите на вода. Поради негативните ефекти од климатските промени, изворите на вода и резервоарите стануваат подрачја на конфликти“, рече Ердоган на собирот посветен на земјоделството организиран од турската државна банка Зират во Истанбул.

За договорот за црноморското жито од 2022 година, со посредство на Турција и ОН меѓу Русија и Украина, Ердоган оцени дека, да не беше договорот во кој посредуваше Турција, „многу подрачја ќе се соочија со глад, особено африканските земји. .

Тој нагласи дека Турција, сред пандемијата „Ковид-19“ и војната во Украина, „го спречи влошувањето на ситуацијата обезбедувајќи минување на 33 милиони тони жито“ низ нејзиниот теснец./МИА

Десетици загинати и ранети во нападот на израелските сили врз Џабалија и Рафа

Израелски војници и тенкови денеска влегоа во северните делови на Појасот Газа кои ги заобиколуваа повеќе од седум месеци, убивајќи и ранувајќи десетици Палестинци, соопштија медицински претставници и жители.

Израелските сили, исто така, зазедоа дел од теренот во Рафа, јужен град во близина на египетската граница, кој е преполн со раселени луѓе.

Израелската војска соопшти дека нејзините сили продолжиле да дејствуваат во областите низ Појасот Газа, вклучително и Џабалија и Рафа, спроведувајќи, како што ИДФ ги нарече, „прецизни операции против терористите и инфраструктурата“.

„ИАФ (Воздухопловните сили) продолжуваат да дејствуваат во Појасот Газа и нападнаа над 70 терористички цели во текот на изминатиот ден, вклучително складишта за оружје, локации во воената инфраструктура, терористи кои претставуваа закана за војниците на ИДФ и воените комплекси“, се наведува во соопштението на израелската армија./МИА

Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче

Во делчевското село Вирче пронајдена е стара неексплодирана граната. Случајот е пријавен од жител на селото кој експлозивната направа ја пронашол во својот двор. 

-Во Пoлициската станица Делчево, А.М.(60) од с.Вирче, делчевско, на 17.05.2024 во 19.50 часот пријавил дека при извршување градежни работи во неговиот двор пронашол една стара неексплодирана граната, се вели во информацијата од делчевската полиција.

Гранатата по извршениот увид била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

притисни ентер