Владата формира оперативен тим кој ќе работи бескомпромисно и со координиран пристап во борбата против криминалот и корупцијата

На 149 седница на Владата е решено да се е измени и дополни методологијата за стратешко планирање и подготовка на годишната програма за работата на Владата, да се потпише Меморандум за разбирање во областа на одбранбената соработка со САД.

На денешната 149 -та редовна владина седница Владата отвори дискусија за Охридскиот рамковен договор кој беше потпишан пред 18 години на денешен ден и се констатира дека оваа Влада ги затвори правно формалните аспекти од Охридскиот рамковен договор и како трајна придобивка за граѓаните денеска продолжуваме да градиме едно општество за сите.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за имплементиран нов електронски систем за стратешко планирање и подготовка на годишна Програма за работа на Владата и негово воведување во употреба за што беше задолжен Генералниот секретаријат да подготви Предлог за изменување и дополнување на методологија за стратешко планирање и подготвување на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија.

Од министрите во Владата денеска се разгледа и усвои Информацијата за плановите за учество на Република Северна Македонија во силите на НАТО за обезбедување на источните и југоисточните граници на Алијансата - Зајакнато истурено присуство за што се задолжува Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, да спроведат консултации и отпочнат планирачки процес со Обединетото Кралство, за учество со две лица – штабен персонал во борбената група распоредена во Естонија и предводена од Обединетото Кралство, а со придонесот да се започне до крајот на 2019 година.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од потпишување на „Меморандумот за разбирање во областа на одбранбената соработка помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави’’ и се овластува заменичката на Претседателот на Владата и министерка за одбрана на Република Северна Македонија, Радмила Шекеринска Јанковска во име на Владата на Република Северна Македонија да го потпише Меморандумот.

На предлог на Секретаријатот за европски прашања Владата ја разгледа и усвои информацијата за подготовка на Деветтиот состанок на Специјалната група за реформа на јавната администрација во рамките на Комитетот за асоцијација и стабилизација што ќе се одржува во Скопје на 17 септември 2019 година.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за одржаниот шеснаесетти состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија, од 20 јуни 2019 година, Брисел.

На денешната седница беше усвоена информација за одржување на конференција PICARD (Partnership in Customs Academic Research and Development) за што се задолжија Министерството за финансии и Царинската управа да формираат работна група со претставници од надлежните институции и министерства да ги преземат сите потребни активности за организација на оваа конференција.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за склучување на Спогодба помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за взаемно признавање на одобренија за овластен економски оператор за безбедност и сигурност (ОЕОС), го разгледа и прифати усогласениот текст на Спогодбата и го овласти Ѓоко Танасоски, директор на Царинската управа во име на Владата на Република Северна Македонија, да ја потпише Спогодбата.

Исто така беше разгледана и усвоена и информација во врска со новоусогласениот текст на Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија и Министерството за регионален развој и урбанизам на Република Бугарија, беше разгледан и усвоен новоусогласениот текст и министерот за локална самоуправа, Горан Милевски беше овластен да го потпише и да ја информира Владата за неговата реализација.

На денешната седница беше разгледана и усвоена информацијата за имплементација на член 8 став (3) од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните. Владата им препорача на единиците на локалната самоуправа да ја почитуваат обврската од член 8 став (3) од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и да пристапат кон отстранување на симболот на Сонцето на Вергина од сите јавни места и јавна употреба.

Владата на денешната 149-та седница донесе одлука за формирање на оперативен тим кој преку координиран пристап бескомпромисно ќе работи во борбата против криминалот и корупцијата и кој ќе биде составен од највисоките претставници на институциите од извршната власт. Со оперативниот тим ќе раководи заменик претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Во оперативниот тим ќе членуваат министерката за правда Рената Дескоска, заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, директор на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми, директор на Царинската управа на Република Северна Македонија, Ѓоко Танасоски, директорката на УЈП, Сања Лукаревска, директорот на Управата за финансиско разузнавање, Блажо Трендафилов, досегашниот заменик директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Ариф Асани и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски.

Со оваа одлука Владата покажува силна решеност да не запре борбата против криминалот и корупцијата како стратешка определба,се наведува во владиното соопштение.

Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција

Едно лице е тешко повредено во експлозија во станбена зграда во турскиот град Текирдаг, северозападна Турција.

Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата во станот на последниот кат од петкатницата, а како што неофицијално дознава телевизијата ТРТ најверојатно експлодирала плинска боца.

Од силината на експлозијата оштетени се ѕидовите во станот, а искршени се прозорците.

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци

Скопјанец рано утринава пријавил дека со двајца штипјани биле физички нападнати во угостителски објект во Кавадарци, информираат од СВР - Велес.

- Во 04.40 часот во ОВР Кавадарци, Т.Ц., 22-годишен скопјанец, пријавил дека пред и во угостителски објект во градот, тој и Н.Н., на возраст од 24 години и Ф.А., на 25-годишна возраст, двајцата од Штип, биле физички нападнати од неколку машки лица, појаснуваат од СВР - Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Русија најави вежби на тактичките нуклеарни сили

Русија ќе спроведе вежба на своите тактички нуклеарни сили по наредба на претседателот Владимир Путин, соопшти денеска Министерството за одбрана во Москва.

Во соопштението не се наведува дали проектилите ќе бидат опремени со нуклеарни боеви глави. Русија претходно спроведуваше обука на нуклеарни сили без нуклеарни боеви глави, потсетува ДПА.

- Како дел од вежбата ќе бидат спроведени низа активности за вежбање на подготовка и употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти руското Министерство за одбрана.

Засега е нејасно кога и каде точно ќе почне вежбата во која се вклучени јужниот одбранбен округ и поморските сили.

Руската војска во октомври истрела две интерконтинентални ракети и неколку крстаречки ракети за обука и одвраќање. Вежбата, која ја најави, ја оправда со наводни „провокативни изјави и закани од поединечни западни функционери против Руската Федерација“.

Од почетокот на нејзината војна против Украина пред повеќе од две години, руските претставници постојано се обидуваа да ја тестираат меѓународната поддршка за Киев со поттикнување стравувања од нуклеарна војна.

притисни ентер